Разно

Вебер му покажа среден прст на Фетел

Себастијан Фетел ја игнорираше наредбата и го претекна својот тимски колега со што стигна до првиот триумф во новата сезона, а ова е реакцијата на Марк Вебер по претекнувањето на 10 круга до крајот на трката во Малезија.

Фетел против Ред Бул до првиот триумф

Актуелниот шампион во Формула 1, Германецот Себастијан Фетел триумфираше на трката во Малезија, а зад него се пласираше неговиот тимски колега Марк Вебер. На третото место финишираше Британецот Луис Хамилтон од Мерцедес.

Каратисти на денот

Тоа се тие двајца каратисти кои “расцветаа“ две невини фаци. Првиот е професионалец кој изведе удар кој мислевме дека постои само на филм, а вториот тоа го прави многу несмасно на квалификацискиот фудбалски натпревар помеѓу Нов Зеланд и Нова Каледонија.

Марино во пензија заради сајбер малтретирање

Канадската тенисерка Ребека Марино која стигна до 38-та позиција на ВТА листата, замина во пензија на само 22 години затоа што не можела да ги поднесе критиките на интернет.

Антилопа повреди велосипедист

Австралиецот Роберт Менен беше приморан да се повлече од велосипедската трка во Јужна Африка откако во него удри антилопа. За среќа тој помина со полесни повреди, а најмногу настрада неговиот велосипед.

Очајната спринтерка ќе се проба и со боб санка

Американката Лоло Џонс толку очајно посакува да освои медал од Олимписки игри, што откако минатата година не успеа на спринтерските трки во Лондон, се преориентираше на боб санка и ќе се обиде да дојде до медал на зимските ОИ во Сочи.

Сквош мајсторија

Експертите тврдат дека сквошот е најздрав спорт, но не само што е здрав, тоа е и интересен спорт. Англичанецот Џејмс Вилстроп е махерот кој со неговиот потег е најзаслужен за првото споменување на сквошот на нашиот сајт.

Хокеј пак made in China

Ете што се случува кога Швајцарци ќе играат хокеј со пак купен од кинеска продавница. Голот на Фрибург против Бил не беше признат затоа што целиот пак не ја мина гол линијата.

Раиконен најбрз на отворањето на сезоната

Новата сезона во Формула 1 шампионатот започна со триумф на Кими Раиконен кој ја однесе победата на патеката Алберт Парк во Австралија пред Алонсо и Фетел.

Бизарна повреда од мастика за џвакање

Го имаме главниот конкурент за признанието „најбизарна повреда на годината". Бејзбол играчот Мајкл Тејлор си го пресекол малото прсте фрлајќи мастика.

Харлем Шек

Легендарниот центар на Лејкерски, Шекил О`нил кој не престанува да ја забавува публиката, популарниот Харлем Шејк го прекрсти и не удостои со ново лудо шоу. Уживајте.

Сонце за две тркала

Замислете, Холандија како велосипедска велесила да ги има сончевите денови на Македонија... За сè друго би постоел Мастеркард. А кога Македонија би ги имала точаците на Холандија.. Ќе нема кој да ги вози, а Мастеркард ќе си остане Мастеркард.

Олимписките херојки

По повод 8-ми март, меѓународниот ден на жената, Олимписки комитет објави видео компилација со најинспиративните моменти и спортистки во олимписката историја.

Најбогатите луѓе во спортот

Спортистите заработуваат милиони секоја година, но големите пари се кај нивните газди. Ова се најбогатите луѓе во спортот според годишното издание на милијардерската листа на магазинот Форбс.

Хокеарите го поправија впечатокот

Откако пред само три дена ја видовме тепачката на двајцата хокеари кои повеќе наликуваа на танчери, Дзурунски и Мекларен покажаа како се настапува машки на мразот. Нокаут ударот следеше по само 26 секунди од стартот на мечот.

Ти на мене Харлем шејк

По стотиците Харлем шејк глупирања кои ги видовме од велешани, битолчани и скопјани па се до кошаркарите на Мајами Хит, се појави маскотата на Минесота која реши да и стави крај на лудоријата која се рашири низ светот.

Најлошата хокеј тепачка

Ако ова воопшто може и да се нарече тепачка, тогаш тоа е најлошата што се има случено на еден хокеј натпревар.

Бугарскиот селектор започна штрајк со глад

Разочаран од одлуката на Меѓународниот олимписки комитет да го избрише борењето од Олимписките игри, еден од најтрофејните светски борачи и моментално селектор на бугарската репрезентација го започна својот протест преку штрајкување со глад.

Водителка падната од Марс

Двократниот олимписки шампион Мо Фарах кој минатата година во Лондон освои златни медали во трките на 5 илјади и 10 илјади метри, имаше краток разговор со водителка која очигледно нема појма на кого му прави интервју.

Сезонски карти во тестамент

На листата на чекање за сезонски влезници за натпреварите на НФЛ тимот Грин Беј има 105.00 имиња, па ако сега ви текне да аплицирате, ќе чекате над 900 години.

Зошто банкротираат спортистите?

Спортистите во САД за една сезона заработуваат повеќе од просечен Американец за цел живот, но сепак голем дел од нив ги губат парите. 60% од НБА ѕвездите банкротираат за 5 години, а кај НФЛ играчите оваа бројка изнесува 78%. На што тие ги губат парите?

Прва фотографија на Болт со син му

Го добивме ексклузивното право да ја објавиме првата фотографија на Усеин Болт со неговиот син. Сигурни сме дека кога ќе порасне ќе биде брз колку најбрзиот човек на денешницата.

Федерер зема пауза

Швајцарскиот тенисер Роже Федерер најави дека по турнирот во Индијан Велс ќе паузира со натпревари и ќе му се посвети на семејството.