Разно

28 повредени гледачи на трката во Дејтона

Едно тркало и многу помали делови од автомобилот на Кајл Ларсон летнаа во публиката и повредија 28 гледачи по застрашувачката несреќа на самиот финиш од НАСКАР трката во Дејтона. 14 повредени се префлени во болница, а еден е во животна опасност.

Бадминтон мајсторија

Еден од најинтересните поени во историјата на овој не баш популарен спорт се случи на турнирот во Стразбур помеѓу Жулиен Мајо и Ромаин Еуделин.

Борењето ќе ги обедини САД и Иран

Откако Меѓународниот Олимписки Комитет реши да го избрише борењето од листата на олимписки спортови, неколку големи сили во овој спорт наскоро ќе започнат обединета кампања против одлуката, а своја поддршка даде и Владимир Путин.

Пилотите на Ф1 очекуваат повеќе запирања во боксот

Брзото трошење на новите гуми на „Пирели" кои ќе се користат во новата сезона во Ф1 ќе придонесе за повеќе запирања во боксот, а тоа треба да значи и поголема возбуда на трките, сметаат дел од водечките пилоти.

Боксер суспендиран по фантомски нокаут

Николас Кејпс заработи суспензија откако одглуми дека е нокаутиран по само 13 секунди борба со поранешен рагби играч од НФЛ.

Безбол ѕвезда загуби 12 милиони заради бизарна повреда

Франциско Лириано потпиша договор вреден 1 милион долари со безбол тимот од Питсбург, но проблемот е што пред само неколку месеци истиот тим му имаше понудено договор од 13 милиони кој не го потпиша затоа што се повредил играјќи си со децата.

Пинг понг мајсторија

Французинот Квентин Робино изведе збунувачки удар на натпреварот против белорускиот противник кој немо го проследи топчето и на крајот му аплаудираше за мајсторијата.

Среќа во несреќа на драг-рејс трка

Антрон Браун кој е еден од најдобрите возачи на автомобили во категоријата „Драг Рејс" преживеа чудо. Во моментот кога достигна брзина од неверојатни 480 км на час, не само што куртули од најлошото, туку лекарските прегледи покажале дека тој не е ниту повреден.

Голф масторија

Целта на овие момчиња од универзитетот „Кембел“ во САД е сите 9 топчиња да ги внесат во иста дупка. Еве како го смислија тоа дело.

Крикетот е многу интересен спорт

За нас непознатиот спорт, крикет е интересен спорт полн со неизвесности. За време на натпревар има до толку многу возбудливи моменти што еден играч дури има време и да си изеде сендвич.

Проклетството на Најк

Што е заедничко за Оскар Писториус, Ленс Армстронг и Тајгер Вудс? Сите тие беа заштитни лица на Најк и имаа по некоја беља со која на компанијата и направија повеќе негативен публицитет отколку реклама.

Оскар Писториус ја убил својата девојка?!

Најпознатиот светски спортист со телесен хедикеп кој настапи и на Олимписките игри во Лондон, Оскар Писториус ја застрелал својата девојка мислејќи дека се работи за провалник.

Хамилтон збунет од многуте копчиња на воланот

Светскиот првак во Формула 1 шампионатот од 2008-та година, Луис Хамилтон им се пожали на техничарите на Мерцедес дека новиот волан има премногу копчиња и по негово барање исфрлија 4 непотребни.

Најстарото дерби на светот забранува убиства

Секоја година во Дербишир се одржува најмасовниот и најбруталниот натпревар кои Англичаните сакаат да си го викаат фудбалски меч. Од овој спорт потекнува и поимот „дерби“  и има само неколку правила, а едно од нив е дека се забранети убиствата.

Борењето се брише од Олимпијадите

Единствениот спорт на кој Македонија како независна држава има освоено медал на Олимпијада, повеќе нема да биде на програмата од Олимписките игри во 2020-та година.

Падобранец во погрешно време

Никој не го известил падобранецот дека натпреварот за третото место не е завршен, па тој слета со топката за финалето на рагби првенството во Лас Вегас додека се уште се играа продолженијата на дуелот помеѓу Самоа и Фиџи.

Папата и спортот

По денешната тазе информација за оставката на Папата Бенедикт 16, која за миг го заобиколи светот, ви претставуваме мини галерија со славни светски спортски имиња кои беа во негова посета. Меѓу нив се Пеле, Федеред, Бекенбауер, Барези, екипите на Интер и Атлетико Мадрид...

Најпознатиот стриптизер конечно ќе се облече

Марк Робертс важи за најпознат "разголувач" на спортските терени кој по многу години занимавање со оваа "дејност" одлучи да се повлече. Во неговото 20 годишно глупирање, тој до сега на јвноста и го покажа телото 519 пати.

Контроверзната играчка на Путин

Благодарение на инвестициите на моќните руски олигарси, Зимските Олимписки игри во Сочи 2014 ќе бидат најскапите во историјата. Но најголема контроверзност околу овој голем настан, е што во таа зона живеат етнички малцинства кои се во војна со Русија.

Хокеарско репортерска несреќа

Џон Џејнон е пример за репортер кој покажа дека и повреден може слободно да си ја врши својата професија. И покрај незгодниот удар, тој ниту во еден момент не помисли да ја напушти коментаторската позиција.

Полските ултраси се луди и по мото трки

Сме пишувале за навивачки групи кои одат на спортови како одбојка, ватерполо, па дури и за инциденти на кошаркарски натпревар за инвалиди, но не сме ни помислиле дека ултра групи толку масовно навиваат со кореографии и пиротехника на спидвеј трки со мотори.

Имитација на Ѓуровски

Нашиот Марио Ѓуровски и неговиот начин на изведување слободен удар станаа хит во светот, па сега почнаа да го копираат и на футсал терените во Кувајт.

Босански ски скокови

Оваа година малото место Викичи во Босна и Херцеговина по јубилеен 10-ти пат беше домаќин на ски скокачите од околината. Освен голема желба, учесниците имаа само уште и скии, па некои од нив храбро скокаа по фармерки и џемпери.