Разно

Дуел на титани во Париз, Надал игра со Ѓоковиќ на својот роденден

Во четвртфиналето од Ролан Гарос, по 44. пат ќе се сретнат првопласираниот и шестопласираниот тенисер на АТП листата. Во вака рана фаза од еден турнир, Надал и Ноле меѓу себе играа пред осум години во Рим.

Тајната на Рафа Надал на Ролан Гарос

За цели 10 години Рафа Надал загуби само еднаш на Ролан Гарос и има учинок од 69 победи и 1 пораз. Не е случајно што Шпанецот доминира на Гренд слемот во Париз.

Нас со нозе не нè бива за фудбал, не па за ова

На англиски се вика Cycle ball, на германски Рadball, а на Руски Велобол. Популарен е во Австрија, Белгија, Чешка, Данска, Франција, Германија, Јапонија, Русија и Швајцарија. Се игра два на два без голмани, а многу е тешко да се одбрани удар од прекин. Предното тркало ја има функцијата на нозете во фудбал.

Надал не сака веќе Бернардес да му суди

Пред стартот на Ролан Гарос се појавија информации дека најпознатиот светски судија Карлос Бернардес нема да ја дели правдата на мечевите на Рафаел Надал, кој потврди дека лично барал такво нешто.

Одбојкарскиот живот во Сибир на Филип Деспотовски

На 5.500 км од Скопје во едногодишна руска авантура беше Филип Деспотовски, еден од најистакнатите македонски одбојкари. Ни раскажа како се дише на -40, како колите се палат сами, а за одбојката во Русија вели дека е популарна како НБА во Америка.

Розберг го стигна Аиртон Сена во Монте Карло

Со чудната одлука на германскиот тим, актуелниот шампион во Формула 1 падна од прво на трето место и му направи услуга на неговиот клупски колега кој ја освои трката.

Хул – Манчестер Јунајтед и Челси – Сандерленд од 16:00

Викендов се игра последното коло во Англија, Шпанија, Германија и Франција и претпоследно во Серија А. Спортската понуда денеска нуди и Формула 1, како и третиот меч на Перо Антиќ во финалето на Западот.

Јувентус - Наполи од 18:00 и Барселона - Депортиво од 18:30

Привршуваат првенствата во најдобрите европски фудбалски лиги, а денес на програмата е дербито во Серија А, како и потврдување на титулата на Барселона во Примера и на ПСЖ во Лига 1. Во Монако се вози Големата награда во Ф1.

Ако не ми го признаеш поенот, толку од другарството

Во најмала рака чудно е да се опише тоа што се случуваше на тенискиот дуел меѓу Жоао Соуза и Јирген Мелцер на АТП турнирот во Женева.

Бијонсе се разбира во чилеанскиот фудбал

За време на посетата на Хаити, Бијонсе на аеродромот Порт Принс се сретна со група Чилеанци кои ја прашаа дали знае нешто за Чиле? Пејачката ги изненади и ги воодушеви со одговорот.

Лукоил преку пенали до шампионската титула

Екипата на Лукоил е новиот шампион во Бизнис лигата на Македонија откако на пенали беше подобар од Монтенегро. Дуелот за трето место го доби УНИКА.

Хамилтон ќе заработува 44 милиони долари годишно

Актуелниот шампион во Формула 1, тимот на Мерцедес соопшти дека потпишал нов три-годишен договор со нивниот пилот Луис Хамилтон.

Ман. Јунајтед - Арсенал од 17:00 и Атлетико М. - Барса од 19:00

Неделната спортска програма е збогатена со фудбалското дерби во Англија, во Шпанија, како и тенискиот класик меѓу Роже Федерер и Новак Ѓоковиќ во Рим. Вечерва се игра и финалето од Евролига меѓу Реал Мадрид и Олимпијакос.

Вардар – Металург во 18:30 и Интер – Јувентус во 18:00

Градското ракометно дерби денеска ќе го гледаме во финалето на македонскиот куп, а тие што сакаат фудбал, ќе има италијанско, француско, англиско.

Монтенегро преку пенали до финале

Екипите на Монтенегро и Лукоил се годинашните финалисти во Бизнис лигата на Македонија.

Лудовик Жули на 38 години

Французинот кој играше за Лион, Монако, Барселона, Рома, ПСЖ и Лориен се повлече од фудбалот во 2013 година. Но тоа не значеше целосно пензионирање. Тој е дел од четвртолигашот Мон Дор Азерг каде ја почна кариерата и чиј стадион го носи неговото име. Мотивацијата за голови, ќе ви ја каже самиот.

Нико Розберг победник на Каталуња

Шампионатот во Ф1 продолжи со денешната трка за ГН на Шпанија, на патеката Каталуња каде Германецот Нико Розберг од Мерцедес прв ја помина целта.

Динамо Волгоград – ЖРК Вардар во 14:30

Неделниот спортски ден ги содржи двата ракометни натпревари од завршницата на Ф4 во Будимпешта, трка во Ф1 и фудбалски натпревари од најсилните лиги.

ЖРК Вардар – Будуќност во 16:45

Во денешната спортска понуда е полуфиналниот дуел на ЖРК Вардар во Лигата на шампионите, како и стандардните фудбалски натпревари од Европа.

Олимписки првак со копје извади заб

Брајан Клеј кој се натпреварува во Десеттобој (десет дисциплини) е Светски првак од 2005 година и освојувач на злато на Олимските игри во Пекинг 2008. Знаењето го употреби и врз ќерка му, наместо да ја прати на забар.

Мејведер: Мани Пакијао е ранет губитник и кукавица

Американецот распали по Филипинецот затоа што наоѓал оправданија за поразот и изјави дека го загубил големиот респект што го имал за противникот со кој боксуваше минатиот викенд.

Пет подобри борби од битката на векот

Бокс мечот на векот меѓу Мејведер и Пакјао минатиот викенд по сите параметри требаше да го оправда таквиот епитет, но многу навивачи незадоволни ја напуштија салата во Лас Вегас, а многу гледачи се каеја што останале будни во глуво доба.

УНИКА го искористи искуството за влез во Final 4

Екипите на Монтенегро и УНИКА се полуфиналисти во Бизнис лигата на Македонија, каде претходно пласман обезбедија Лукоил и Алкалоид.