Разно

Хамилтон трет пат по ред славеше на Силверстон

Возачот на Мерцедес, актуелниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон е победник на десетата трка во сезоната, на трката за Големата Награда на Велика Британија.

Марк Клатенбург - Поп ѕвездата со свирче

Најхаризматичниот светски судија во моментов има и свои маани, како на пример отворените манири да разговара со тренерите за тоа кој играч е добар а кој не му треба. Стресот од разгалените милионери на теренот го канализира со пакет лименки пиво.

Зошто Ферари го продолжи договорот со Кими Раиконен?

Прилично неочекувано, италијанската екипа во Формула 1 го продолжи договорот со финскиот ветеран до крајот на сезоната 2017. Од Скудерија велат дека немале голем избор.

Коментаторот на Арена Спорт со краток фитиљ

Коментаторот на спортскиот канал Арена Спорт Ненад Миловановиќ, кој ги читаше резултатите од комплетното коло во италијанското првенство, во еден момент се изнервира што не го изговори правилно Кјево Верона. И бидна што бидна во живо.

Како изгледа Рио на месец дена пред Олимписките Игри

28 видови спорт, 306 медали - сето тоа ќе го гледаме на летната Олимпијада која што за првпат се одржува во Јужна Америка. Каква е ситуацијата таму во моментов?

Части кафе на Вимблдон со твоја слика

Најконзервативниот турнир од Гренд Слемовите, минатата година ги забрани селфи стиковите, но годинава потклекна пред новата технологија.

Дечкото со најголем одраз

Девонт Вилсон стана хит на Јутјуб откако реши да направи видео со колекција на сите негови подвизи од 19 години до денес. На Инстаграм го следат преку 260.000 луѓе, а неговите видеа на Фејсбук ги посетиле 3 милиони луѓе. И вреди да се гледа.

Непознатиот Французин кој стигна до четвртфинале на Вимблдон

22-годишниот Французин Лукас Пује е најголемото изненадување во досегашниот тек од Вимблдон, затоа што од сенка победи неколку фаворити. За да стигне до тука се спремал во Дубаи и учел од неговиот идол Федерер.

Шест години затвор за Писториус

Олимпиецот од Јужна Африка доби помала затворска казна од минималната за убиството на неговата девојка пред 3 години.

Прифатливи цени за секого во Sport Vision Outlet Extra

Новиот ланец за спортска опрема нуди папучи од 232 денари, машки и женски маици од 392 денари, шорцеви од 472 денари, долен дел тренерки од 712 денари, детски патики од 792 денари, машки патики од 792 денари и женски патики од 712 денари.

Драматичен финиш, контакт меѓу Хамилтон и Розберг и победа на Британецот

Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон е победник на трката за Големата награда на Австрија во неизвесен финиш во кој го исфрли од трка Нико Розберг во последниот круг.

Ноќниот кошмар на тениските судии - Виктор Троицки

На вчерашниот дуел против Шпанецот Алберто Рамос Вињолас во 2. коло од Вимблдон, Троицки урлаше кон судијата: „Ти си комплетен идиот! Ти си идиот, најлош и најужасен судија на светот! Мрш!“. И не му е првпат да гаѓа судии со топчиња и да ги пцуе и навредува.

Два потези за најмногу аплаузи на Вимблдон

За потег на денот на Вимблдон е избрана мајсторијата на Григор Димитров, но ние си прогласивме два најдобри потези и го вметнавме потегот на Италијанецот Фабио Фоњини кој доби аплаузи за штосниов поен.

Гризман му подари топката на детето на убиениот полицаец

Најдобриот француски играч на Европсково, Антоан Гризман му ја подарил топката од мечот против Ирска на кој даде два гола, на Иго Салванг. син на Жан-Баптист Салванг, полицаецот кој бил убиен пред две недели од џихадистите.

Анонимниот 772. тенисер на АТП за кој навиваше цел Вимблдон

За Маркус Вилис никој не знаел до овогодинешниот Вимблдон. Освен неговите ученици во малиот тениски клуб. Ја баталил играчката кариера, но девојка му го вратила на теренот.

Успеав да го лобувам и да му земам гем на Федерер

Маркус Вилис очекувано беше поразен од Роџер Федерер со 3:0 во второто коло на Вимблдон, но за 775-ти тенисер во светот беше доживување да се игра против 7 кратниот освојувач на Вимблдон на кој успеа да му земе 7 гема кој сигурно ќе ги збори по другари.

Вимблдон веќе го има мечот на првенството

Извесен Маркус Вилис, 775-ти тенисер во светот сакал да се повлече од тенисот бидејќи не му одело, а во 2016-та од тенис заработил 300 долари. Потоа му се вмешува девојката и го тера да остане. Британецот ја послушал, ги минал претквалификациите, квалификациите и првото коло во Вимблдон каде успеа да го елиминира Ричард Беранкис, 54-ти тенисер на светот.

Се отвора најголемиот аутлет со најниски цени во Македонија

Sport Vision Outlet Extra Nike нуди Аdidas, Reebok, Timberland, Converse, Champion, Sergio Tacchini, Ellesse, Lonsdale, Umbro и други производи од познатите светски брендови.

Со каква серија пристигна Новак на Вимблдон

Најпрестижниот турнир во светот го освојува две години по ред, а сега ќе се обиде да стигне до хет-трик или вкупно четврти во кариерата. Формата му е следна:

Шоу на исландскиот коментатор

Ако по чудото против Австрија кога дадоа гол буквално во последната секунда за сигурен пласман понатаму, исландскиот коментатор полуде, тогаш претпоставуваме што му се случувало на дуелот против Англија. Историски меч за неговата земја.

Интересни и помалку познати факти за фудбалот

Милиони фудбалски фанови буквално го планираат животот според распоредот на натпреварите на ЕП 2016. Додека фудбалерите ве импресионираат со своите голови, дриблинзи и акции, ние ви ги презентираме интересните и помалку познати факти за најомилениот спорт во светот.

Два билети за финале на ЕП за само 1001 денар

Рамстор мол и Turkish airlines ве водат на финале на европско првенство во фудбал.

Не се закачајте со Иво

Убаво е кога ќе се чуе терминот „освои злетен медал“ за некој македонски спортист, па макар и во еден не многу популарен спорт како што е каратето. Нашиот Иво Цветковски последниот значаен успех го забележа на Светскиот Куп Лашко 2016 во Словенија пред околу три месеци. Најтазе потег од него на интернет.

Coca-Cola и Пивара Скопје подаруваат активни зони за граѓаните

Активните зони се состојат од 5 професионални фитнес справи и голови за мал фудбал поставени на соодветни локации на отворено во општина Гази Баба. Ќе бидат достапни за користење 24 часа без никаков надомест.