Вимблдон 2016

Анонимниот 772. тенисер на АТП за кој навиваше цел Вимблдон

За Маркус Вилис никој не знаел до овогодинешниот Вимблдон. Освен неговите ученици во малиот тениски клуб. Ја баталил играчката кариера, но девојка му го вратила на теренот.

Маркус Вилис заработувал по 30 фунти (36 евра) за тениски часови во тенискиот клуб Ворвик. Публиката после мечот со Федерер формираше ред за негов автограм и долго време му аплаудираа на Централниот терен.
 
Неколку месеци наназад Маркус Вилис не помислувал дека ќе учествува на најпрестижниот тениски турнир во светот, Вимблдон. Тој сакал да замине во САД и да почне професионална тренерска кариера, но набрзо ја сретнал девојката Џенифер Бејт која го наговорила да ѝ даде шанса на спортската кариера.
 
Маркус ја послушал и тоа е можеби најважната одлука во неговиот живот.

Влезе во квалификацискиот турнир како 772. тенисер на АТП рејтингот. Кој можел да очекува нешто од дечкото од тениското дно? Од друга страна така можеби му било поудобно, играл без притисок.

Маркус некако успеа да го помине трнливиот пат на пред-квалификациите и квалификациите каде одигра седум меча и влезе во главниот ждреб победувајќи ги Рикардас Беранкис (54-то рангиран) во првото коло. Неверојатен успех.

Енди Мареј, кој тренирал со Вилис во детството не го криеше воодушевањето од игрите на стариот познаник:

Од друга страна така можеби му било поудобно, играл без притисок. Маркус некако успеа да го помине трнливиот пат на пред-квалификациите и квалификациите каде одигра седум меча и влезе во главниот ждреб победувајќи ги Рикардас Беранкис (54-то рангиран) во првото коло. Неверојатен успех.

Девојка му го бодреше од трибините

Енди Мареј, кој тренирал со Вилис во детството не го криеше воодушевањето од игрите на стариот познаник: По триумфот во три сета над Беранкис, Маркус дојде до главниот момент во животот. Дуел со големиот. Можеби најголемиот на сите времиња.

Роџер Федерер, трет на ранг листата има одиграно 1340 меча во кариерата и остварено 1076 победи. Маркус Вилис имал само еден официјален меч и една победа до тој момент. Вкупната заработка на Федерер во кариерата изнесува 98.148.225 долари а на Маркус Вилис 95.125 долари.

Едноставно за Маркус немаше шанси, но тој ќе може да им се пофали на децата и внуците дека играл против својот идол, ја добил разгалената Вимблдонска публика на своја страна и носел шорцеви и маица Најк во чест на Роџер Федерер. Необично, на теренот изгледаа идентични, иако е многу тешко Федерер да се помеша со некој друг. Се испостави дека токму анонимниот Британец има конституција како Швајцарецот.

Единствена шанса му била судиите да го помешаат со Федерер

И покрај тоа што Федерер го доби мечот со 6:0, 6:3, 6:4, Маркус Вилис може да се пофали дека го лобувал славниот тенисер кој 7 пати го освојуваше Вимблдон и му земал 7 гема. После дуелот со Федерер, Вилис значително напредуваше на ранг листата и од 772 сега е 706-ти играч на светот.

Горан Иванишевиќ изјави дека Вилис е победник на Вимблдон

Еве што изјави Вилис веднаш по мечот со Федерер: