Извесен Маркус Вилис, 775-ти тенисер во светот сакал да се повлече од тенисот бидејќи не му одело, а во 2016-та од тенис заработил 300 долари. Потоа му се вмешува девојката и го тера да остане. Британецот ја послушал, ги минал претквалификациите, квалификациите и првото коло во Вимблдон каде успеа да го елиминира Ричард Беранкис, 54-ти тенисер на светот.