Во „Мекларен" Алонсо не е во опасност, а за второто место ќе се борат Батон и Вандорн. Мали недоумици има и околу составот на „Вилијамс", но тешко дека Батон ќе го замени Ботас, инаку тоа би можела да биде главна сензација на трансфер преодниот рок во Ф1.
„Ферари" не сакаше да ги тормози веќе своите навивачи и го продолжи договорот со 36-годишниот Кими Раиконен. За разлика од лани, сега договорот падна побрзо а еве и зошто Раиконен седма година ќе вози за „Коњчето“.
Кими е идеален партнер
Во тимот на Скудерија се е изградено околу Себ Фетел и многу амбициозни пилоти сигурно не би се сложиле со таква положба, но не и Раиконен: Финецот мирно го пропушта колегата на барање на менаџментот, нема меѓусебна борба и постои поддршка и пријателски однос со Германецот.
Несомнено дека голем плус е и тоа што газдата Маурицио Аривабене не сакал да го дестабилизира тимот и сакал „да пловат во мирни води", и покрај притисокот во Скудерија кој го врши извршниот директор и главата на компанијата Серџо Маркионе. Во такви околности, тимот сега ќе работи покомотно.
Од тие причини раководството решило да се држи до спокојниот карактер на Кими Раиконен кој во последно време вози изненадувачки добро (четири пати беше на подиумот со две втори и две трети места).
Но што е најважно годинава Раиконен вози добро токму кога на Фетел не му оди. На пример на последната трка во Австрија Финецот се качи на подиумот и му помогна на Ферари да го сочува образот по испаѓањето на Фетел.
Недостиг од достојна замена
Трансфер пазарот годинава брзо стана сиромашен, а во Ферари едноставно немаа голем избор. Кој можеше да го замени Раиконен?
Пилоти од типот на Рикардо и Ферстапен се ангажирани. Ботас вози добра сезона, но не демонстрира врвна пилотажа, а во оваа фаза од неговата кариера подобро вози неговиот клупски колега Германецот Хилкенберг. А и двајца Германци во ист тим не би бил прав маркетиншки потег. Што се однесува до Мексиканецот Перес, веројатно дека Скудерија не го смета за топ пилот (не е исклучено и тоа да е последица од неуспешниот престој на Серхио во Мекларен).
Покрај гореспоменатите, внимание заслужуваат и Саинс и Грожан. Но првиот е премногу млад и не освои баш ништо за да се докаже, а вториот после брилијантното деби во „Хаасе", постебено паѓа во обичниот просек кој се расправа со Гутиерес преку радиото.
Пред 2017 не требаат драстични промени
Во следната сезона, во Формула 1 ќе има значајни технички промени, така што на тимовите ќе им требаат момци со искуство - кои знаат како да се справат со правилата. Ова е важен аргумент во прилог на Кими - тој е и повеќе од искусен, возел секакви машини, работел со истите инженери.
Ферари чека топ пилот
Можеби тоа е и главната причина - Скудерија секоја година лесно го обновува договорот со Кими и чека додека не наиде некој неоткриен талент кој ќе сака долгорочен договор. Со оглед на тоа што Ферари сака да има само ѕвезди, претседателот на компанијата Серџо Маркионе веројатно ќе сака да го замени стариот светски шампион со пилот со ист статус или барем високо рангиран млад пилот.
Во Ф1 такви моментално нема многу: Хамилтон, Розберг, Рикардо и Ферстапен. Меѓутоа сите овие пилоти се под силни договори со своите сегашни клубови и малку е веројатно некој од нив да биде пуштен па дури и после 2017. година (освен секако ако Тото Волф не изгуби контрола над Мерцедес). Тоа значи дека доколку во блиска иднина не се појави некој нов Макс Ферстапен, Кими ќе продолжи да вози затоа што не изгубил интерес за Гранд Прито, а во Маранело ништо чудно повторно да го обноват договорот со финскиот пилот.