Разно

40 години од ударот Паненка

Во финалето на Европското првенство на денешен ден 1976 во Белград играле Чехословачка и Западна Германија. После продолженијата резултатот бил 2:2 и се изведувале пенали. Првите седум пенали биле реализирани, а Ули Хенес шутирал над голот. Редот му дошол на Антонин Паненка кој под огромен притисок го извел најубавиот шут во фудбалот и им ја донел титулата на Чехословаците.

Нов спортски аутлет концепт во Македонија

SportVisionOutletStore е првиот и единствен аутлет концепт од ваков вид во Македонија, кој овозможува поголема достапност на спортска опрема од популарниот светски бренд Nike по многу поволни цени.

Розберг незадржлив, Хамилтон без подиум

Германскиот пилот Нико Розберг е победник на осмата сезонска трка која се возеше во Азербејџан. Шампионот Хамилтон без подиум.

Како Славен Билиќ го прослави голот на Паје

Најзаслужниот за развојот на Паје во еден од најдобрите европски фудбалери е тренерот на Вест Хем, Славен Билиќ кај кого Французинот блескаше сезонава. Хрватскиот стратег искрено се израдува на неговиот гол против Албанија. „Му пратив порака: Најдобар си.“ изјави Билиќ во студиото.

Гледајте Франција – Албанија со Панчев и Коцев

Фудбалската легенда Дарко Панчев и актерот Сашко Коцев заедно ќе го следат претстојниот натпревар помеѓу репрезентациите на Франција и Албанија. 

Голманот на Исланд е режисер, снима хорор филм и спот за Евровизија

Откако дознавме за голманот на Велс кој е меѓу најдобрите уметници на оваа земја, сега се запознаваме со чуварот на мрежата на Исланд чија првична професија не е фудбалската, туку режија на играни филмови.

Не се кладете како Андријана Јаневска

Во плејадата прогнозери за средбите од Европско деновиве се огласија и нашите поп пејачи. Андријана Јаневска на пример типува на Холандија, селекција за која навивала уште пред 26 години, па дури и денес кога холандските фудбалери Европското го гледаат пред телевизија.

Ѓоковиќ зема микрофон на роденден и се распеа

Најдобриот светски тенисер синоќа на роденденот на неговата сопруга Јелена покажа дека знае да удри бекхенд и форхенд со микрофон.

Хамилтон повторно ја освои Канада

Актуелниот шампион на Формула 1 тактички ја доби битката пред Себастијан Фетел од Ферари и стигна до триумф на седмата трка оваа сезона која се возеше за Големата награда на Канада.

Сè што треба да знаеме за стадионите на Европското

Европското 2016 ќе се игра на 10 места ширум земјата. Франција потрошила околу 1,6 милијарда на изградба на пет нови и реновирање на веќе постоечките стадиони. Единствено Стад де Франс остана негибнат, а на него ќе се отвора и затвора првенството.

D Sportska oprema поддржувач на летниот камп Кирил Лазаров 7

Официјален партнер на вториот летен ракометен камп “Кирил Лазаров 7” ќе биде D Sportska oprema.

Адидас ја згреши самогласката на Колумбија

Луѓе сме - грешиме, можеби е најисправна досетка за огромниот пропуст кој го направи гигантот за спортска опрема Адидас во врска со Јужноамериканската репрезентација која има две победи на два меча на Копа Америка за сега.

Планината до Роналдо: Пази што правиш против Исланд

Исланѓанецот кој се прослави со улогата на Грегор Клигејн „Планината" во Игра на тронови, изјави дека ќе го претепа Кристијано Роналдо доколку даде гол против неговиот Исланд на Европското на 14. јуни.

Олимписки првак чува сперма на страна за после Рио

Грег Ратерфорд кој освои златен медал во скок во далечина на игрите во Лондон 2012, најде чаре за не дај боже, како да си го заштити семејството после Олимпијадата во Рио, откако алармот за проблемот со вирусот Зика свири се повеќе.

Погба и Кантè не го држат Рамазанскиот пост

Француските репрезентативци од исламска вероисповест одбиле да се придржуваат до Рамазанскиот пост во пресрет и за време на Европското првенство, иако селекторот Дешамп во менито дозволил и „халал" храна за Муслиманите во време на постот.

Браво бе бабе нè изнасмеа

Бараш од сабајле некоја зезалица за да ставиш на сајт, по можност да е смешна и ти улетува некој рандом клип со жонглирање од кој ти се разубавува денот.

Како тоа сите тенисери се подобри од Ѓоковиќ, освен кога играат тенис

Еве статистички податок после кој нема повеќе дискусија: Ѓоковиќ е прв човек откако тенисот е вистински атомски спорт во кој е истовремено e шампион на сите четири Грен слем турнири. Точка и доволно.

Малку познати факти за Новак Ѓоковиќ

По него е наречен еден авион, ужива да го слуша Чајковски, спиел во скривници, а денес е најдобриот тенисер на светот кој го освои и Ролан Гарос, единствениот Грен Слем кој му фалеше.

Најнапнатиот и најопасен навивач на Ноле

Новак Ѓоковиќ ги игра последните моменти на финалето од Ролан Гарос во обид да го освои единствениот Грен слем кој му фали во кариерата. Во Билеча, Република Српска, Босна и Херцеговина е опасно да бидеш во близина на овие двајца соседи во тие моменти кои скроз откачија на крајот.

Жозе од сенка и чистачката што знае сè

Како дел од нивната кампања Head vs Heart, Топ Елевен и Жозе Мурињо решија да им прават скриена камера на најдобрите играчи на менаџер кои дискутираа за Европското првенство. Со помош на хигиеничарката, ги збунија.

Историска титула на Новак Ѓоковиќ

Најдобриот светски тенисер го освои единствениот Гренд Слем кој му недостасуваше, откако попладнево во Париз на Ролан Гарос го победи Енди Мареј со 3:1 во сетови.

Мој, мој, преку мој на тениски меч

Холандскиот тенисер Робин Хасе загуби поен на АТП Челенџерот во Простејов (Чешка), само затоа што револтиран од неоснованото урликање на противникот Гонзало Лама од Чиле реши и тој да врати со иста мера. Со сигурност најбизрано загубен поен на тениски меч.

Топ 10 нокаути на великанот

Од вкупно 37 во кариерата, ова се 10-те најдобри нокаут удари на Мухамед Али кој уште малку и ќе направат 10 милиони прегледи на Јутјуб.

Животот на Мухамед Али преку 50 фотографии

Легендарниот боксер кој се смета за најдобар на сите времиња почина синоќа во Феникс откако беше примен во болница во многу тешка состојба. Али боледуваше од паркинс и имаше проблеми со дишењето.