Ѕвездениот тим на Бруклин Нетс доживеа пораз од Шарлот Хорнетс. И покрај 38 поени, 5 скока и 3 асистенции на Кевин Дурент, Хорнетс славеа 111-95. Во екипата и натаму не е контроверзната суперѕвезда Кајри Ирвинг кој остана на ставот да не се вакцинира и со тоа не му е дозволен влез на затворено во салата на Бруклин според законите во Њујорк.
Лидерот на поранешниот шампион Голден Стејт постигна 45 поени (8/13 за три поени, 25 поени во прва четвртина) со 10 скока, па после Лејкерс, воините го урнаа и другиот фаворит од Лос Анџелес, ЛА Клиперс 115-113. Кари по 62. пат во кариерата постигнува најмалку 8 тројки во НБА меч.
Кошаркарките на Чикаго Скај, првпат во историјата станаа шампионки во женската НБА лигата, откако во финалната серија беа подобри од Феникс Меркури 3:1. Клубот постои само 16 години и сè тоа фино, освен нивната глетка од автобус.
Најдобриот кошаркар во НБА за минатата сезона, Никола Јокиќ ја отвори сезоната со маестрална партија. Во триумфот на Денвер Нагетс против Санс, Србинот постигна 27 поени, 13 скока и имаше 2 асистенции и 2 украдени топки. Нагетс славеа 110:98.
Милош Мацура е српски кошаркар кој игра за Работнички. Има 31 година, а висок е 211 см или само 5 сантиметри понизок од Шек. Ај првиот, ама што е со вториот обид на таа висина?
Ноќта меѓу вторник и среда, на 20 октомври со дербито Бакс - Нетс почнува сезоната 2021/2022 во НБА. Лигата се враќа посилна отколку во претходните неколку години. Неколку екипи направија ѕвездени состави и се очекува спектакуларна сезона.
Со нишанот и триковите на Лука Дончиќ, не знаеш на што си и во игра, и на загревање и на прекин. Само пет дена после кошот со рамо, ете го со нова будалаштина, овој пат на контролен меч против Шарлот.
Драган Николиќ е тренер на кошаркарскиот клуб Борац од Бања Лука, кој бележи две победи по ред во АБА 2 лигата со двоцифрена разлика. Човеков или е песимист по природа или добар тактичар.
Може да тренира само на отворено. Нема да тренира со екипата, ниту да игра на гостински натпревари како што планирал. Најверојатно ќе остане без астрономска сума во само неколку месеци.
21-годишниот Лука Шиманиќ од Загреб, во 2019-та дојде во НБА лигата како 19 пик на драфтот. Иако член на Сан Антонио, Спарси го праќаа најчесто во нивната филијала. Играше уште и за Барселона и Олимпија Љубљана, а сега добива отказ од НБА франшизата на точно 1 недела до стартот.
НБА тимовите со контролни натпревари се загреваат за новата сезона која стартува за 10 дена. Шоуто го најави Дончиќ уште на загревање, а Јокиќ против Минесота сервираше пас како на фудбал. Како круша ја фрли и му ја даде на тацна на Арон Гордон.
Далас Маверикс го совлада ЛА Клиперс 122-114 во меч од пред-сезеоната. Лука Дончиќ одигра 18 минути, имаше 14 поени, 8 скока и 9 асистенции. Ама она што го направи на загревањето досега е ретко видено на кошаркарските паркети.
Јанис има 22 години и 2 репрезентативни гола на 21 настап. Дебитантскиот го даде против Македонија токму во овие квалификации, кога ја реши на крај за 3:2. Синоќа ги покоси Германците, лесно и мајсторски.
Џејмс Букнајт има 21 година. Летово како 11-ти пик беше одбран од Шарлот Хорнетс со кого потпиша договор на 3. август. На мечот со Мемфис Гризлис како подготовка за новата НБА сезона Букнајт уфрли 17 поени со 4 скока за 26 минути на паркетот. Во еден момент заби неверојатно и покажа дел од муницијата за новата сезона.
По децениски дебати, управата на најдобрата светска лига спрема голем преседан во пресрет на новата сезона. Најдобрите кошаркари на светот веќе нема да бидат тестирани на марихуана.
За него само во суперлативи збореа Рафа Надал, Расел Вестбрук, Наваро, Рики Рубио и уште многу други спортски великани. Неговата кариера е преполна со трофеи, признанија, титули, пехари, медали.
Зоран и Игор Митровски ќе бидат запишани во историјата на европската кошарка, како први браќа судии кои ја делеле правдата на официјален натпревар на ФИБА.
Најдобрата кошаркарска лига на светот, НБА и Здружението на професионални НБА играчи ставиле потпис на договорот според кој секој кошаркар кој ќе пропушти меч поради тоа што не е вакциниран, ќе сноси финансиски последици од својот клуб во зависност од висината на договорот кој го има.
Новата НБА сезона треба да започне на шеснаесетиот ден од октомври, а деновиве најмногу се зборува за тоа дали играчите ќе се вакцинираат против ковид 19 и какви последици би сноселе оние кои не сакаат примат вакцина.
Легендарната кошаркарска генерација на Југославија му оддаде почит и го испрати Дуда Ивковиќ во вечниот дом. Потоа дел од нив се задржаа во Белград на мало опуштање со хитови од Оливер Драгојевиќ, Халид Бешлиќ, Бајага...
Кон крајот на ’80-те години бистрите умови Бора Станковиќ (претседател на ФИБА) и Дејвид Штерн (легендарен комесар на НБА) размислувале како да организираат влез на професионални кошаркари во меѓународните натпреварувања како Олимписки Игри.
По вчерашната комеморација во Белград, семејството, пријателите и еден куп луѓе од кошаркарскиот свет се простија од легендарниот Душан Ивковиќ. На погребот беше и Перо Антиќ.
Додека повеќето негови соиграчи слушале хип-хоп и се мајтапеле, високиот Шпанец бил посветен на медицинска литература, класична музика, свирење клавир и сериозно изучување педијатриска хирургија во Лос Анџелес.