Атрактивно забивање и од мак-баскетот, МЗТ пред титула
Кошаркарите на МЗТ Скопје го демолираа Пелистер 86:62 во третиот меч од финалната серија во македонската Суперлига и поведоа со 2-1. Избраниците на Ацо Петровиќ сега се на чекор од одбрана на шампионскиот пехар и во петок ќе играат за 9. титула во клупската историја.