„Сега е доста“, рече Кер на новинарски прашања за финалната серија со Маверикс. „Не се случи ништо со нашиот тим во последните шест часа, ќе играме како и секогаш, но баскетот сега не е важен.
Откако завршивме со шутерски тренинг, 14 деца и еден наставник се убиени на 400 милји (640 километри) од тука (во меѓувреме бројката пораснала на 19 убиени ученици и двајца наставници соопштила полицијата. Кога ќе направиме нешто? со насолзени очи викаше Кер удирајќи по масата на прес-конференција. „Уморен сум, многу сум уморен да дојдам тука и да изразувам сочувства до погодените семејства кои се надвор. Уморен сум од минути молк. Доста веќе!
“When are we going to do something?”@warriors coach Steve Kerr gives a passionate plea for gun control after the fatal shooting at an elementary school in Uvalde, Texas https://t.co/FGucrx4tqn pic.twitter.com/HnOs3NqDdf
— Bloomberg Quicktake (@Quicktake) May 25, 2022
Далас Маверикс намалија на 3-1 во финалната серија од Западната конференција.
Кер се осврна и на сенаторите кои не сакаат да изгласаат закони со кои би се спречиле вакви масакри. Татко му на Стив Кер бил убиен во терористички напад во Бејрут во 1984-та.
Законот H.3.8 со години е заглавен во Сенатот а треба да донесе ригорозни казни и забрани за продажба на оружје.
„Не гласаат за да си ја сочуваат својата моќ. Но ве прашувам сите вас сенатори кои одбивате да направите нешто за насилството и пукањето во школите и супермаркетите, ве прашувам: како може да ја ставате вашата желба за моќ пред животот на нашите деца, на нашите родители и нашите најблиски? Така изгледа. Ова се случува секоја недела“.