Екипата на Далас Маверикс кон крајот на втората четвртина на натпреварот против Портланд во еден момент на паркетот имаше 6 кошаркари, но тоа не им помогна и тие на крајот загубија со 106:104 со поените на Олдриџ со звукот на сирената.
Поранешната кошаркарска легенда влета во студиото на американската телевизија Еј Би Си, објаснувајќи им на гледачите какво време ги очекува во престојната недела.
Американецот Трој Џаинвотер од руската екипа Спартак Приморје го проигра тренерот покрај аут-линијата, а тој ладнокрвно ја проследи топката до свој играч кој постигна тројка.
Екипата на Фенербахче конечно стигна до триумф во топ 16 фазата во Евролигата, совладувајќи го тимот на Кимки со 3 коша разлика. Успешна ноќ имаше и тимот на Перо Антиќ кој во драматична завршница славеше против Макаби Тел Авив со 78:77.
Пол Старџис кој го доби прекарот „Високиот Пол" луѓето ги гледа од повисоко. Со 232 см тој е највисокиот кошаркар во светот и втор највисок човек во Англија. Неговиот сон е да го облече дресот на кошаркарската репрезентација на Велика Британија.
Организаторите на Олимписките игри во Лондон целосно ја расклопија и ја огласија за продажба арената која се користеше за кошаркарските натпревари за време на Олимпијадата и Параолимпијадата.
Расел Вестбрук ја истрола маскотата на Денвер и непотребно го блокираше обидот за тројка од пола терен, но иронично, Оклахома на крајот загуби со 3 разлика (121:118).
Македонскиот кошаркарски шампион, екипата на МЗТ Скопје го порази поранешниот трикратен кошаркарски шампион на Европа, шесткратен шампион на поранешна Југославија и првак на Хрватска, КК Сплит.
Во четвртото коло од Топ 16 фазата на најелитното европско клупско кошаркарско натпреварување и двајцата наши претставници претрпеа порази со нивните екипи.
НБА лигата ги објави имињата на кошаркарите кои добија најмногу гласови за Ол стар натпреварот. Првата петорка на западот ја предводи Коби Брајант, а на истокот е Леброн Џејмс.
Ветеранот Грент Хил кој во текот на целата своја кариера не крена глава од повреди, се изнамачи да стигне до посакуваната бројка од 1000 настапи во најсилната кошаркарска лига во светот. 20 активни кошаркари во НБА лигата го достигнале овој успех.
Не помина ниту еден ден откако Алеш Пипан го раскина договорот со кошаркарската федерација на Полска, а раководството на МКФ веќе постига договор со Словенецот и тој ќе ја предводи нашата репрезентација на Европското првенство во септември.
Со 28 години, Леброн Џејмс влезе во историјата на НБА лигата како најмлад кошаркар кој успеа да ја мине границата од 20.000 поени, а на синоќешниот натпревар тој одбележа уште еден јубилеј минувајќи ја границата од 5.000 асистенции.
Млад навивач на Јута Џез кој од првите редови го бодреше својот тим кој се сретна со актуелниот шампион Мајами Хит претера со своето однесување. По интервенцијата на Двен Вејд, момчето беше исфрлено од сала како непослушните деца на театарска претстава.
МЗТ Скопје не успеа да изненади уште еден фаворит во АБА лигата. Во 17-то коло од регионалната лига, МЗТ по рамноправна игра загуби на гостувањето кај Раднички со 89:83.
Актуелниот европски кошаркарски шампион, екипата на Олимпијакос чиј член е Перо Антиќ, загуби на гостувањето кај Барселона со 76:68 во третото коло од Топ 16 фазата на Евролигата.
Во третото коло од најелитниот клупски европски кошаркарски собир екипата на Фенербахче го нанижа третиот пораз во низа во топ 16 фазата од Макаби Тел Авив со резултат 91:73.
Атрактивните забивања беа во центарот на вниманието во синоќешната ноќ во најатрактивната кошаркарска лига. Во НБА топ 10 листата на два пати свое место избори и Коби Брајант, а приматот му припадна на Џеф Грин од Бостон Селтикс кој немилосрдно ја заби топката преку Џермејн О'Нил.