Кошарка

Магзи Боукс е прволаче во споредба со Виктор Вембанјама

Магзи Боугс е висок 160 см или 10 см понизок од Меси, а Виктор Вембанјама е 221 см. Се изгуби покрај него, како Џевахир го гледаше.

Најголемата Ол стар будалаштина, преку кола ја заби

Кошаркарот на Орландо, Мек Меклан стана прв во историјата кој победил на натпреварот за забивање три години по ред. Инаку не игра во НБА.

Најава за кошаркарскиот документарец на Нетфликс за Париз 2024

Се вика „Court of Gold“, содржи 6 епизоди, а премиерата е закажана за 18 февруари. Серијата ги следи селекциите на САД, Франција, Србија и Канада, кои на Олимписките игри се бореа да стигнат до златниот медал.

Рекламата за Сникерс со Мурешан

Имавме статија за Георге Мурешан, подзаборавениот романски центар кој просперираше во НБА во 90-те. Пази ова, го откриле на забар и појма немал што се тоа склекови и јаже за скокање. Во 1998-ма година има снимено реклама за Сникерс, едно од појаките чоколади, кое и ден денес го држат рафтовите кај нас.

Вучиќ им тврдел на студентите дека повеќе не постои зонска одбрана

Светислав Пешиќ почнува да зборува за зонска одбрана, а Душко Вујошевиќ го сече и прави мајтап на сметка на Вучиќ, кој памет и не го измислува. Па уште и меме од Шек ставиле. Цепки.

Крајно несмасен потег на Никола Јовиќ

Средбата меѓу Мајами Хит и Оклахома Сити Тиндер донесе сцена која е потипична како за кечери. Не сме виделе ваков фаул до сега во кошарка. Жртвата на Јовиќ е Ајзеа Џо.

Приказната за Мурешан, нежен и кревок џин уништен од Холивуд

Откриен е од стоматолог на 14 години, избран од Вашингтон пробно, ако го биде, го биде. Со висина од 2,32 метри, стана многу угледен центар. Сè до филмот што го сними со Били Кристал каде една повреда му ја заврши кариерата на 31 година.

Јокиќ е еден чекор пред сите

Трипл дабл број 25 сезонава за Никола Јокиќ, кој стана трет во историјата со 25+ трипл дабл учиноци во три сезони. Другите двајца се Расел Вестбрук (4) и Оскар Робертсон (3). Србинот е отиден во НБА да се забавува. Погледнете го што работи за време на слободните фрлања на Мареј на само 0,5 секунди до крај на првиот дел. Гори Твитерот.

Магијата на Дончиќ веќе работи и во Лејкерс

Дончиќ се претстави пред публиката во Лос Анџелес, навивачите носеа маица со неговиот број и презиме, а Лука покажа и дел од својот репертоар. На неговото деби ја победија Јута Џез, а синоќа против истиот ривал ЛА Лејкерс забележа пораз 131:119 па „џезерите“ им се одмаздија за поразот пред две вечери.

Ова НБА е или маалски собир во Козле?

10 секунди дружење со кошаркарите на Атланта Хокс. Уживајте.

Мареј со луда партија од 55 поени, нов трипл-дабл на Никола Јокиќ

Денвер Нагетс игра во најдобра форма од сите НБА екипи во последно време. Некогашниот шампион ја запиша осмата победа по ред, фати јак ритам и делува непобедливо.

А Јокиќ кај ви е?

На вештачката интелигенција, да не и фали малку интелигенција?

Големи очекувања на газдарицата на Лејкерси од Лука

„Има многу историја во Лос Анџелес Лејкерс, но ти ќе имаш свој дел во неа“, му вели Џини Бас на Лука Дончиќ, алудирајќи на тоа дека бројката од 17 НБА прстени со него ќе расте.

Мини Јокиќ снимен во Србија

Никола Јокиќ во НБА замина пред нешто помалку од 10 години и стигна до титула и МВП признанија, без разлика на минатото со бурек и кока кола. Пазете го ова буцко, поголемо од своите врсници и веројатно со истата исхрана. Води топка и тоа самоуверено, трча, додава мангупски, прави офанзивен скок и сам го решава нападот.

Почеток на нова ера, Дончиќ заигра за Лејкерс а се загреа со Ана Бекута

Еден од најдобрите кошаркари на денешницата, Лука Дончиќ заигра за својот нов тим, трофејниот ЛА Лејкерс. Дебитираше против Јута Џез во триумфот на „езерџиите“ 132:113.

40 поени на Никола Јокиќ, Денвер е во страшна форма

Денвер Нагетс убедливо го растури Портланд Трејлблејзерс со 146:117 и ја забележаа седмата победа по ред што е серија каква што имаа само во шампионската сезона.

Мајкл Џордан од Водно Санс, македонска втора лига

Ни тргна денес со кошарка, односно со маестрални забивања на наши деца. Прво имавме можност да се насладиме со Борјан Китановски кој имаше нешто да им покаже на Американците, а сега го имаме Стефан Стојковиќ со скроз луда НБА завршница. Соиграчите се држеа за глава. Се работи за македонскиот второлигаш Водно Санс Партизан. Многу јако забивање.

Лука Дончиќ од мал сакал само кошарка

Таткото на Лука Дончиќ, Саша Дончиќ е редовен гостин кај својот син во САД и често ги гледа натпреварите од прв ред. Тој уште одамна, со оглед на тоа што и самиот бил кошаркар, му ја всадил љубовта према баскетот на Лука.

Нека гледа земја Америка какво дете имаме

Во кошаркарска земја како САД, не ти треба Американец да за видиш атрактивно забивање. Туку треба нашинец да пратиш и тоа уште во средно. Борјан Китановски ladies and gentlemen, на само 17 години.

Патики на Коби Брајант продадени за 660.000 долари

Еден пар патики од легендарниот кошаркарски ас Коби Брајант кој ги носел на натпревар на кој ја повреди Ахиловата тетива во 2013-та, сега се продадени на аукција за повеќе од пола милион долари.

Ечи „Македонско девојче“ на НБА натпревар

19.000 гледачи присутни на мечот меѓу Филаделфија и Детроит имаа можност да ја чујат легендарната песна „Македонско девојче“. Повод беше одбележување вечер на македонското културно наследство организирана од нашата дијаспора, а настап имаше Културно уметичкото друштво „Танец“.

Мајсторија во играта еден на еден е кога ќе ти стане цела сала

Личната карта вели дека има 37 години, а движењата му се како на 27. Тоа е новото засилување на Фенербахче, Ерик Меколум. За НБА носталгичарите од 90-те, ова е потсетник на Хаким Олајџувон.

Лука официјално претставен во Лос Анџелес, навивачите во еуфорија

Кошаркарите на ЛА Лејкерс играат во сјајна форма, имаат четири победи по ред и се во горниот дел од табелата. Нив ги предводи врвниот Леброн Џејмс кој на 40 години игра ко да е скоро драфтуван и желен за кошарка. Синоќа постигна 42 поени во триумфот на Лејкерс над Голден Стејт Вориорс. Лука Дончиќ беше претставен за првпат официјално пред навивачите.

Нова доминација на Никола Јокиќ со нов трипл-дабл и силно забивање

Српскиот ас одново беше најдобар стрелец бо победата на Денвер Нагетс над Орландо Меџик 112:90 што е петти последователен.