Кошарка

Јокиќ непредвидлив и во улога на плејмејкер

И да победува и да губи, за Јокиќ трипл-дабл учинокот е веќе нормала. Синоќа стигна број 11 оваа сезона, но сепак недоволно за победа на Денвер, кој загуби дома од Далас со 131:121. Србинот имаше 29 поени, 20 скока и 13 асистенции. Што сака си прави во напад, овој пад како плеј во неколку ситуации.

Дали е ова најлошата НБА партија некогаш видена?

Американците, особено оние кои работат во НБА лигата се опседнати со сулуди статистички параметри, па често читаме како Лука Дончиќ е прв после 1966-та кој дал 30+ поени а да играл со шарени врвци на двете патики и слични тривии. Но овојпат еве еден интересен статистички податок. 

Држ се Дарко, те чека сезона број 25

Поранешниот македонски репрезентативец, Дарко Соколов, играч со долговечна кариера во мак баскетот и странство, имаше успешна операција на коленото. Му посакуваме брзо и лесно опоравување и се разбира кам бек.

Нов намерен фаул над Дончиќ, му се внесе лице в лице

Неверојатниот Лука одигра уште една врвна партија, па по 35 коша и 11 асистенции против Далас Маверикс, само неколку часа подоцна постигна 34 коша со 11 асистенции против Њу Орлеанс Пеликанс за 14. победа на Лејкерс сезонава. Пред крајот на средбата гостинскиот кошаркар Џеремаја Фарас сосема непотребно направи многу груб фаул над Дончиќ и тоа после судиска свирка за фаул.

Дончиќ дошол со ѕвер вреден 5 милиони долари, па направил шоу

Кошаркарите на ЛА Лејкерс ја продолжија одличната победничка серија, стигнаа до 15-ти триумф од почеток на новата сезона. Синоќа со 133:121 го совладаа Њу Орлеанс Пеликанс. Лука Дончиќ претходно пред натпреварот со Далас Маверикс претходната вечер го покажал своето луксузно Бугати вредно пет милиони долари. На натпреварот со Пеликанс постигнал 35 поени, 5 скока и 11 асистенции.

Драмата БиХ - Србија ја добија Србите

Во 2. коло од квалификациите за Светско првенство, во салата „Мирза Делибашиќ“ во Сараево пред преполни трибини Србија ја совлада Босна и Херцеговина 72:74 после голема драма. И двете селекции играа без своите главни играчи од НБА и Евролига поради веќе одамна познатиот проблем на ФИБА да најде место за квалификации во преполниот календар.

За Антиќ уште се зборува во Америка

И покрај тоа што поминаа 10 години откако играше за Атланта Хокс, Перо Антиќ не е заборавен лик во НБА. Џеф Тиг го издвојува како еден од најкул соиграчи и раскажува како во ситуација кога бил сам да реши натпревар, тој не му ја подал, туку се решил за тешка тројка преку играч и тоа со една нога.

Епскиот пресврт на МЗТ со помош на мрежата од кошот

Кошаркарскиот свет зборува и се чуди на финишот на Литванците кои со три тројки за 10 секунди ја добија Велика Британија. И додека ФИБА на Твитер потсети на такви слични луди сценарија со Реџи Милер (1995) и Трејси Мегреди (2004), нас ни текна на Перо Блажевски.

Ретко видено видео со Јокиќ со човек кој му рекол ќе биде најдобар на свет

Неверојатно пророштво на некој човек на времето кога Никола бил мало дете.

Нереален триумф на Литванија во Лондон со 9 поени за 10 секунди

Квалификациите на Светското првенство 2027, донесоа меч меѓу Велика Британија и Литванија, на кој се случи еден од најлудите пресврти во Европа и општо во кошарката. Домаќините на 10 секунди до крај имаа водство од 87:80, но сепак го загубија мечот. Работите во свои раце ги презеде Игнас Саргиунас, кој тотално одлепи со три тројки по ред. Неверојатно.

Кам бек на Обрадовиќ во Белград, Гробари се во транс

Партизан ја одби оставката на Жељко Обрадовиќ, а се разбира и навивачите. Илјадници го пречекаа во Белград, каде се врати за да седне на разговор со управата на клубот.

Жељко Обрадовиќ даде оставка, веќе не е тренер на Партизан

Најтрофејниот европски тренер Жељко Обрадовиќ веќе и дефинитивно нема да го предводи КК Партизан кој навлезе во катастрофална резултатска криза. Обрадовиќ им се обрати на навивачите во отворено писмо објавено на страницата на клубот.

Лука намерно го турнаа, па соиграчи скокнаа за него

На 3 минути и 33 секунди пред крајот на градското дерби ЛА Лејкерс - ЛА Клиперс кое го добија Лејкерси 135-118, кошаркарот на Клиперс Крис Дан намерно го турна Лука Дончиќ на паркетот а овој при падот се удри во Леброн Џејмс. Стана лидерот на Лејкерс да се пресмета со Дан кој со цел памет уште го удри и соиграчот на Дончиќ Џејсон Хејс.

Нова лудорија на Лука Дончиќ, постигна страшни 43 поени

Словенечкиот репрезентативец игра сезона од соништата. Во петтата последователна победа на ЛА Лејкерс, овојпат убедлива 135-118 против градскиот ривал ЛА Клиперс, Дончиќ направи шоу.

Надреалната асистенција на Јокиќ со поголемо и заслужено внимание

„La Giornata Tipo“ е најпозната италијанска Фејсбук страна наменета за кошарка. Имаат издвоено речиси едноминутен клип од синоќешниот магичен пас на чудото од Сомбор. 

Трипл-дабл број 10 на Јокиќ, тројка од пола терен и нереална асистенција

Веќе не е ни вест кога Никола Јокиќ ќе оствари трипл дабл. Него што му е со тројката од центар ала Стев Кари и пасот во стилот на Џејсон Кид?

Како Перо со песна „го избркал“ Жељко од кафана

Перо Антиќ е најновиот гостин во подкастот Пресинг. Зборува на многу теми поткрепени со пикантерии. Раскажува како изгледа еден тренинг со покојниот Дуда Иваковиќ и што се случило кога се нашол во иста кафана со Жељко Обрадовиќ. 

Како Јокиќ играше одбрана за да изнуди фаул?

Денвер Нагетс има 12 победи и 4 порази досега по старт на сезоната, а неочекувано изгубија во неделата од Сакраменто Кингс 128:123. Никола Јокиќ залудно постигна 44 поени и имаше 13 скока со 7 асистенции кога на крај Нагетс изгуби. Расел Вестбрук доскорешниот кошаркар на Денвер постигна 21 поен со 11 асистенции и со Денис Шрудер беше најефикасен кај Сакраменто Кинс. Јокиќ во еден момент играше пресинг одбрана над Дру Еубенкс.

Шоу од 15 секунди со Дончиќ за кое зборува цела НБА

Лејкерси ја совладаа Јута Џез со 108-106, а Лука направи акција со која ќе ги победи сите конкуренти, во оние стандардни топ листи со атракции. Прво му ја украде на ветеранот Кевин Лав, тргна во контра, па му ја протна кроз нозе ко на фудбал и на крај следуваше јагодката на шлагот. Му намести цепелин на Џексон Хејс. Па нема појако.

Кошаркар на Индијана со олд скул стајлинг од Серија А

Паскал Сијакам, кој играше за Торонто, а од лани е член на Индијана Пејсерс, пред мечот со Шарлот, изненади со дрес на Лацио од шампионската сезона 1999/2000 и тоа третата варијанта, која ја користеа на гостувања.

Јокиќ му покажа на Шенгун како се игра еден на еден

Денвер го совладаа Хјустон 112-109 и ја запиша 12-та победа сезонава. На Јокиќ му фалеше само една асистенција за да го запише 10-от трипл дабл. Но и покрај тоа, беше играч на мечот со 34 поени, 10 скока и 9 асистенции. Најголема помош доби од Мареј, кој постигна 26 поени. Алперен Шенгун имаше 14 поени, 5 скока и 6 асистенции. Ќе издвоиме две кратки видеа, играта на Јокиќ еден на еден со Шенгун и едно лудо додавање во негов стил.

Дневна доза Јокиќ

Никола Јокиќ е избран за играч на неделата во Западната конференција за натпреварите одиграни од 10-ти до 16-ти ноември. Лидерот на Денвер Нагетс е втор пат по ред избран за играч на неделата на Западот што му се случи уште во 2021-ва година. Ова е 19-ти пат да го добие признанието играч на неделата во својата кариера со што е рекордер во клупската историја. Тој во просек имаше по 39.0 поени по натпревар со 13 скока по натпревар, 8 асистенции и 1,7 украдени топки со страшен процент 73,7 од поле, 64,3 за три поени.

Лудиот Макси даде дури 54 поени

Филаделфија Севентисиксерс стигна до 9-та победа на сезоната (со 6 порази) откако синоќа на Милвоки Бакс му го нанесе осмиот пораз 123:114. Лидерот на '76-ките, Тајрис Макси имаше личен рекорд на кариерата и еден од најуспешните НБА настапи во историјата со дури 54 постигнати поени. Имаше уште и 5 скока и 9 асистенции.