Фудбал

Денот пред заминувањето на Роналдо од Интер

„Во Пјаченца ни свирнаа пенал. Ја земав топката и му ја дадов на Роналдо бидејќи тој беше пеналџијата. Шутирај ти ми рече, за да станеш најдобар стрелец. Со тој гест ми покажа дека е со мене. Мојата радост беше и негова“, вели Бобо Виери.

Важни бројки од ерата на Берлускони во Милан

Италијанските медиуми ги извадија најважните податоци од 30-годишното владеење на Берлускони со Милан, кој неколку сезони не наликува на екипата која царуваше со Европа.

Каде е топката?

Она кога викаме где је лопта, ова е тоа видео кое се бара. Да не му кажеше, веројатно ќе ја бараше преку ограда.

Реал и Волфсбург со една нога во четвртфинале

По домашните победи на ПСЖ и Бенфика, втората осминафинална ноќ во Лигата на шампионите донесе победи за гостинските екипи кои веројатно ќе бидат клучни за пласман во топ 8 фазата. Гол број 89 за Роналдо во Лигата на шампионите. 

Незаборавниот гест на Оливер Кан

Баерн Минхен во 2001. година против Валенсија на Сан Сиро после продолженијата и подобро изведените пенали го освои пехарот во ЛШ по четврти пат во својата историја. Тоа финале ќе се памети засекогаш по еден од најемотивните настани во фудбалот.

Патриотизам се докажува на терен, не со маица

По мечот Фенербахче - Локомотива Москва, фудбалерот на гостите Дмитри Тарасов се прошета со маица на која беше ликот на Владимир Путин. УЕФА му спрема казна од 10 меча, а во Русија не спласнува полемиката.

ПСЖ не прима по два гола, да си знаете

На 41 меч оваа сезона на сите натпреваруварува фудбалерите на ПСЖ постигнале 91, а примиле само 16 гола. Има само еден јунак кој успеал да им даде два гола, а тоа се случило пред 5 месеци. Инаку ПСЖ во француското првенство има 22 победи, 4 нерешени и ниту еден пораз, а на второпласираниот Монако му бега 24 бода.

Искушеникот Еменике и турскиот затвор

Нигерискиот напаѓач неколку сезони играше во Фенербахче, сега е на позајмица во Вест Хем, а за англискиот Сан отвори душа и раскажа како му било во затвор, во автобусот врз кој се пукаше и расизмот со кој се соочил во Русија.

Денот кога Ливерпул без пардон го тресна Реал Мадрид

Уште епизода од нокаут фазата во Лигата на шампионите која е од поновата историја. Ливерпул повторно е во главна улога, а од другата страна е Реал Мадрид кој го доживеа еден од најтешките порази во елитното натпреварување.

Мал клуб од Париз - фабрика за локални таленти

Шестмина во У-21, петмина во У-20 и У-19, 6 во У-18, 10 фудбалери во У-17: повеќе од половина репрезентативци на Франција доаѓаат од Париз, каде Ред Стар работи најдобро со локалните таленти и сонува промоција во Лига 1.

Како тинејџер му украде топка на Хулк

Малиот се вика Ренато Санчез, има само 18 години, а медиумите пишуваат дека Манчестер Јунајтед за него е спремен да плати 60 милиони евра. Хулк е силен, корпулентен и 10 години постар од него, но треба да му пружи рака за ова.

Дриблинг со помош на рака

Тоа што го има по селскине лиги и кое за жал не го следат камери, добро е што барем го снимаат со мобилни па така може да се научи некоја нова финта во играта еден на еден.

30 години Берлускони, 28 трофеи, 363 милиони навивачи

„Инвестирав една милијарда и 200 илјади евра и освоивме повеќе од сите. Најубавиот ден за мене беше победата против Стеауа 4:0 кога целиот народ кој навива за Милан ја освои Лигата на шампионите. За 5 години очекувам да стигнеме до 10 финалиња во ЛШ“.

Кој е виновен што Астон Вила е предмет на потсмев?

Вила е последна во Премиер, со 8 бода зад местото кое значи опстанок и веројатно се гледа крајот на нивниот долг живот во најдобрата лига. Копа90 открива што се случува со овој клуб и како навивачите се носат со тешката состојба?

Фелш, сув лист или силен ветер?

Битката за „Пушкаш наградата“ оваа година треба да заврши порано, а да ја добие Фаиз Субри од Малезија кој ни должи објаснување како му успеа ова?

Џокерот Кавани го реши Челси, Бенфика славеше во 91 минута

Само четири минути откако влезе во игра Кавани го реши осминафиналниот меч од ЛШ против Челси. Мечот го отвори Ибрахимовиќ кој со 46 гола во ЛШ стигна на осмото место на листата на стрелци кое го делат уште и Инѕаги, Бензема и Еузебио.

Тренерите кои сменија работа по освојувањето на ЛШ

Мануел Пелегрини може да освои ЛШ оваа сезона со Манчестер Сити и потоа да остане без работа или да замине во друг клуб. Не е ни прв, а веројатно ни последен. Историјата евидентирала 12 вакви примери.

Прифати го предизвикот на Меси

Лионел Меси предизвика 10 млади фудбалери да повторат како него, а тоа е од корна да ја погодат пречката. Идејата е на Адидас, а со оглед на тоа кој прв почна може да стане хит и веќе почнаа да го копираат и други.

Еден фудбалер фатен во офсајд, шестмина казнети

Серж Орие.од ПСЖ не е единствениот кој се изглупира овие денови и кој веројатно ќе добие отказ. Лекција по глупирање одржаа во Чиле.

Динамо Загреб направил 140 милиони евра од трансфери

Може да не го сакаат, да го обвинуваат, да го осудуваат и судат, но работата на Динамо Загреб под водство на Мамиќ според сите параметри беше успешна. Клубот има неверојатна заработка од продажба на фудбалери и учество во Европа.

Не е само Клоп интересен на прес

Желбата, хемијата, мотивацијата и одличниот фудбал е спој на тимот на Лестер кој не ја дава лидерската позиција ма табелата. За целосен мозаик тука е и нивниот голем мотиватор Клаудио Раниери кој знае како и со нив и со новинарите. Нема чаталење, природен си е човекот, а сонот не сака да го изговори.

Кога Фаулер шмркаше линија гол-аут

Градското дерби меѓу Ливерпул и Евертон одиграно во 1999. година ќе остане запаметено по неверојатната прослава на голот на Фаулер. Легендарниот шпиц тие денови беше обвинуван од навивачите на Евертон дека шмркал кокаин, го провоцираа за време на мечот, а кралот на КОП-от им возврати така што го прослави голот со симулација на шмркање кај гол-аут линијата. ФА го казни 4 меча.

Лошата карма на Ибра во Лигата на шампионите

Дури и кога беше во одлична форма како во моментов (стана рекордер по бројот на голови за ПСЖ), Златан Ибрахимовиќ загуби многу важни натпревари во Лигата на шампионите најчесто поради своја вина.