Фудбал

Велс страшен, Русија пакува куфери, Англија оди понатаму

Рој Хоџсон ги измеша картите, Руни остана на клупата и Словачка и Англија ремизираа 0:0. Велшаните со 3:0 ја згромија Русија и како први од групата одат во следната фаза.

Ако Хрватите го памтат гестот на Комитите, во Скопје ќе биде мирно

Освен по ривалството во бивша Југославија, дуелот меѓу Динамо Загреб и Вардар не наведува да го гледаме и низ призма на инцидентите на ЕП 2016 каде учесници беа неколку хрватски хулигани меѓу кои се верува дека има и поддржувачи на Динамо, а противници на Мамиќ.

Работнички доби тежок противник, Шкендија против Полјаци

Романтичарите налетаа на најнезгодниот можен противник во оваа фаза, Тетовци против полска Краковија која има бројни навивачи, а Кратовци ќе одат на екскурзија во Лихтенштајн.

Необична награда за првата победа на Албанците

Селекцијата на Албанија на своето прво Европско првенство во историјата ја оствари првата победа, а тоа ќе им донесе една неочекувана награда од премиерот која не е парична.

Вардар против Динамо Загреб во квалификациите за ЛШ

Македонскиот шампион ќе ја започне европската авантура од 2. коло против еден од најтешките противници, хрватскиот првак Динамо Загреб. Скопјани четврти пат во последните пет години ќе се обидат да стигнат до целта.

Како Левандовски ги надиграл Германците во Втората Светска Војна

Концентрациониот логор ''Gross Rosen'', кои Германците го изградиле за време на II Светска Војна е место каде страдал голем дел од полскиот народ. Затворениците од полско потекло таму првпат ги победиле Германците 1:0 со голот на чуварот на логорот, Здислав Левандовски.

Што сè треба да се случи за Албанија да оди понатаму?

По историскиот прв пласман на едно Европско првенство, албанските репрезентативци ја остварија и првата победа, против Романија 1:0. Шансите да одат во следната рунда како најдобра трета селекција се теоретски, но сепак постојат. Еве што треба да им се оствари иако е малку остварливо.

Франција и Швајцарија одат понатаму, прв гол за Албанија на ЕП

Во последното коло од групата А, Албанија го оствари првиот историски триумф на едно големо натпреварување. Франција и Швајцарија мирољубиво 0:0 за пласман во следната фаза.

Роналдо трагичар, Португалија се изнашутира и не победи

Португалија - Австрија 23:3 во вкупен број на шутеви, но конечниот резултат на средбата е 0:0, втор на ова Европско. Кристијано Роналдо промаши пенал во 79 минута и со тоа неговата селекција останува со два бода по два меча.

Исланд си постигна автогол во 88-ма и испушти осминафинале

Со голот на Сигурдсон во 40 минута од пенал, селекцијата на Исланд имаше минимално водство кое ќе им обезбедеше историски пласман во нокаут фазата, но Биркир Севарсон во обид да расчисти една топка ја пикна во гол. Вака Унгарците се блиску до осминафинале.

Кога ќе научиме ние вака да додаваме

Што сè му претходеше на третиот гол на Шпанија против Турција. Најсвеж пример на тики така играта. Оди па земи им ја.

Белгија ја збриша Ирска

Со двата гола на Лукаку и погодокот на Витсел, селекцијата на Белгија стигна до првиот триумф на ЕП 2016 со кој се доближи до осминафиналето. Во третото коло ќе имаат директен дуел со Шведска за втората позиција во групата

Фатих Терим збесна

Турската репрезентација одигра два меча и прими четири гола а не даде ниту еден. Бледата игра го изнервира легендарниот турски селектор кој вриеше од нервоза.

Шпанија зема залет, Нолито и Мората решетаат

Вториот меч од групата Д заврши со убедлив триумф на Црвената фурија над Турција со 3:0. Шпанците им се придружија на Италијанците и Французите во осминафиналето.

Пенал за Чешка во 93-та за реми против Хрватска

Дури во 20-от натпревар на Европското првенство во Франција паднаа повеќе од 3 гола. Хрватска со головите на Перишиќ и Ракитиќ имаше победа за осминафинале, но Чесите се изборија за драматичен финиш и во последните 15 минута израмнија на 2:2.

Како се загрева Рашфорд

Талентот на Манчестер Јунајтед вчера му го сруши рекордот на Руни. Неговиот постар клупски колега дебитираше за Англија на ЕП 2004 со 18 години и 234 дена, а Маркус Рашфорд влезе против Велс во второ полувреме со 18 години и 229 дена. 

Италија е осминафиналист

Италијанскиот напаѓач Едер од Интер кој има бразилско потекло, ги однесе Азурите во нокаут фазата на Европското првенство со гол во 88 минута. Златан Ибрахимовиќ се изрезили пред гол, а потоа судијата свирна офсајд.

Германија и Полска за првата нула без голови на Европското

Германија и Полска одиграа 0:0 во второто коло од групата Ц и освоија по бод кои веројатно ќе значи осминафинале и за двете репрезентации.

Историски прв триумф за Северна Ирска

По тешки услови поради град на новиот стадион во Лион, Северна Ирска ја забележа својата прва победа на едно Европско првенство откако со 2:0 ја совлада бледата Украина.

Недосуден пенал за Гордиот Албион

Англичаните се изнамачија и на вториот меч на ова Европско и за малку може да останат со уште реми и без пласман во нокаут фазата, но доколку судијата покажеше од белата точка при оваа ситуација први ќе поведеа.

Англија ја доби островската битка во судиското продолжение

Фудбалерите на Англија и Велс ни приредија нова возбудлива епизода од ЕП 2016 која беше решена во 92 минута. Втор гол на Бејл на ЕП, втора мајсторија од слободен удар на што одговорија резервистите на Хоџсон, Џејми Варди и Даниел Стариџ.

Другата страна од медалот на Јоаким Лев

Светската јавност со право се згрози од однесувањето на Јоаким Лев, актуелниот светски шампион со Германија и селектор на оваа репрезентација со која уште вечерва може да се пласира во осминафиналето на ЕП 2016.

Французинот кој не ја пееше француската химна

Во шампионската генерација на Франција која го освои СП 1998 и ЕП 2000 имаше еден малку подзаборавен лик од среден ред, кој играше во Сервет, а се прослави во Реал Мадрид. Вака не беше некој лепотан, ама успеа да ја фати жената со најдолгите нозе на планетава.