Фудбал

Рома против Порто за влез во групите од ЛШ

На денешната ждерпка во Нион беа извлечени двојките за плеј-оф натпреварите во Лига на шампиони.

Утката поради која Бразил - Ј. Африка заврши без голови

19 годишниот Габриел Хезус од Палмеирас пред два дена стави потпис во Манчестер Сити за трансфер вреден 27 милиони фунти. Во Премиер лигата се приклучува во јануари следната година, но вакви промашувања нема да му поминат како на Олимпијада.

За оние кои мислат дека фудбалот е само игра

Не, фудбалот не е само игра, не е никако 22-ца будали трчаат по една топа, и не е само бизнис, туку е и нешто друго.

Август е фудбалски месец, ќе ви направи ќеиф

Добро, јасно е дека август пред се ќе мине во знакот на Олимпијадата, ама за тие кои уживаат во спортски викенд со гледање фудбал, вртење билтен и следење резултати, треба да знаат што ги чека уште малку.

Ибраими ја дувна на Селтик парк од 40 метри

Новиот клуб на Агим Ибраими, Астана од Казахстан не успеа да избори пласман во плејофот од ЛШ и е елиминиран со вкупни 3:2 од Селтик. Синоќа домаќинитe славеа 2:1, но за момент занемеа кога македонскиот репрезентативец го израмни резултатот, нешто слично во стилот на Станковиќ против Шалке.

Најскапото засилување на Лестер блесна против Барса

Ахмед Муса е новиот адут на Раниери. Нигерискиот напаѓач кој има 23 години дојде од ЦСКА Москва за рекорден трансфер на Лестер од 16 милиони фунти и постигна два гола против Барселона. На првиот ја претрча цела половинa и ги понижи Серхи Роберто и Маскерано.

Најнеуспешното запознавање со Меси

Видеото е сниманено на стадионот во Даблин каде Селтик и Барселона играат пријателска, а навивачот не успеа да го гушне Меси ниту со ризичниот потег по кој лесно можеше да шине нога.

Разликата меѓу Игуаин и Марадона

За навивачите на Наполи, Диего Марадона е Бог. За Гонзало Игуаин не е Бог. Еве зошто.

Во прашање е култура на навивање

Шпанското фудбалско првенство стартува за три недели, ама вистинските навивачи не купуваат карти во 5 до 12. Си знаат они како оди тоа. Редицата е за годишни карти за Севиља.

Дани Алвеш и неговото чувство за помош

Бекот на Јувентус играше 8 години во Барселона што значи дека без проблем може да изведе ваква донација која треба да ја практикуваат сите фудбалери кои спијат на пари.

Кога фудбалерите си ги штитат навивачите

Ако малиот сака само фотка и не прави бељи нема потреба да го апсиш. Така и смета и Бернард Бериша од Косово кој игра за Анжи и кој го извади од кал навивачот кој ќе си имаше работа со сомнителен член на обезбедувањето.

Регионална фудбалска лига како единствен излез од тунелот

Носителот на идејата за регионална лига вели дека тaа би било комерцијално примамливa, медиумски атрактивнa и натпреварувачки возбудливa, а победникот би се пласирал директно во Лига на шампиони.

Шкендија го игнорира скандалот со Адем Јашари

Единствениот претставник во Лига Европа кој е на чекор до историски пласман во плеј-офот на Лига Европа, викендов се огласи преку соопштение за мечот против Млада Болесав. За преименување на арената Филип Втори во Адем Јашари од страна на албанскиот коментатор, ниту збор.

Зошто немаше место за Џовинко на ЕП?

Италијанскиот напаѓач Себастијан Џовинко во моментов е еден од најдобрите играчи во МЛС лигата. Најсвежите негови две дела се голчиште од далечина и подогок со одлично избработена акција на дуелот Торонт - Колумбус 3:0.

После ова ќе му биде глупо да излезе на улица

Во ситуација кога имаш златна шанса да искористиш грешка на противникот, стануваш најголем лузер на мечот.

Дете ти со топка да не се роди

Има таленти и таленти, ама вака на 8 години ретко кој може, особено рабона потегот па жбрц во канта.

Пет најважни промени во фудбалските правила

Меѓународниот одбор на фудбалските федерации донесе неколку нови правила за сезоната 2016/2017. Некои од нив важеа и за ЕП 2016. Судиите од сега ќе може да делат картони и кога играчите одат на загревање.

Најнеобичната трансфер кампања на Барселона

Скандалите со претседателот, трансферот на Нејмар со затајување данок, како и привлекувањето на малолетни играчи, ги натераа функционерите на Барса да зборуваат шепотејќи и да разглабаат за трансфер мети преку јазик со знаци

Офсајд лик: Напаѓачот кој не го бива за напаѓач

Ако треба да бараме фудбалер во втора, трета и четврта лига во Англија кој се има изнашетано во цела земја и ја знае атмосферата и методите на работа на едно 14 клубови во иста земја, тогаш ова е тој. Се вика Кларк и е познат како најголем авантурист на островот.

Адем Јашари може да биде само стадионот Трепча

„Почитувани гледачи, се јавуваме од арената Филип Втори во Косовска Митровица“. Замислете што би се случило наш коментатор вака да почне пренос на фудбалски натпревар од стадионот Адем Јашари.

Насри и Агуеро се пробаа на серва на Кинескиот ѕид

Наместо по плажите во Дубаи, фудбалерите на Манчестер Сити решија да тренираат во Кина. Во склоп на подготовките, Насри и Серхио Агуеро одиграа неколку партии сервис на мрежа и во таа прилика изгубија 5 топки. Французинот далеку подобар со својот партнер.