Приказна за една безвременска легенда со број 10

Кариерата на Дел Пјеро како ликовно дело. Ја имате во три акти, три фази, секоја од клучно значење за неговата кариера. Во некои делови можеби премногу навлегува во некои уметнички споредби, но ќе ви ја пренесеме, бидејќи Алекс беше уметник со топката.

ПРВ АКТ

Удине, 1993-та.

Франко Каузо доби телефонски повик од Падова. Неговиот скаут е загрижен, вели дека Милан е блиску до договор со еден негов клиент и бара насоки што да прави. Конечната одлука се чека на Бониперти, кој изгледа дека не брза. Баџо и Милер се луксуз, особено со некој како Трапатони на клупа. Каузо кој е цел живот близок до претседателот на Јувентус не може да објасни, но чувствува дека ова е една од оние одлуки за кои потоа може да жалат засекогаш и потоа инсистира.

„Претседателе дозволете ми го ви го претставам ова момче“.

Замина да го земе лично и не е јасно кој повеќе е напнат во тие моменти. Бониперти седи и не мрда од фотеља. Момчето се доближува срамежливо и ги бара вистинските зборови за да каже нешто во тие секунди кои траат предолго. Сивата јакна која ја носи му е голема, а косата го прави подебел. Претседателот не го остава ниту да почне да зборува и со строг поглед и смирувачка насмевка вели:

„Ок, следната година ќе играш кај нас, но ќе одиш да ја скратиш косата“.

Во своето срце Антонело Кукуреду, тренер на Примавера, знае дека така е најправилно. 19-те години на Алесандро се релативен број, малку се. Затоа оставете Трапатони да го зима по малку. Доволна е асистенција со петица и пенал против Фиорентина во финалето на престижниот турнир во Вијареџо.

Во соработка со Пјетро Перуџино, некои познати фрески од Сикстинската капела одекнуваат во приказните на Сан Бернардино од капелата Буфалини, првото големо дело на Пинтурикио. Користените форми сведочат за лекцијата научена од страна на мајсторот на кој талентираниот сликар додава енергија и богатство на варијации на главната тема, како што е слободниот удар. Техниката е иста, се менуваат само некои толкувања во просторот и бојата.

1994

Јувентус повика нов амбициозен кормилар: Марчело Липи кој доби задача да го врати клубот од мртвите кој беше разочаран долго време. Состојки има: голема посветеност, сигурни луѓе, иновативни идеи. Пред се, голем глад за трофеи. За резултати не се чекаше. Првиот допир на Пинтурикио против Фиорентина е најава за блескавата ѕвезда. Пристигна и Скудетото и тоа по 9 години пост. Но од тогаш младиот “сликар“ треба да ја демонстрира вредноста на Маестро. Секогаш и без двоумење. Со таа бројка на грбот која носи товар и со неговото име кое за прв пат беше запишано во историјата на Јувентус.

Палацо дела Ровере е големо дело на кое Пинтурикио целосно се посветува во 90-те. Репертоар кој нуди мноштво на прекрасни минијатури. Лацио, Стеауа Букурешт, Борусија Дортмунд...Целта е секогаш иста и непогрешлива и се базира на уметност во левиот горен агол со лоб удар и тоа во секое време. Со синиот дрес со жолтеникави златни нијанси експлодирува се до Токио. Да се престане со неговите уметнички дела е невозможно.

ВТОР АКТ

Доаѓа време кое самото запира и го губи своето значење. Се стврднува. Летото е скржаво со успеси и се читаат само критики: Погрешивме што се потправме на него. Не е толку важно што е Маестро. Не функционира ниту екипата. Зидан е расеан, Пипо многу промашува и радосната младиот уметник останува осамен.

Страницата е празна, има отсуство, нозете тежат, грешките се редат и потоа се случуваат Перуџа и Ротерам. Проклетата топка не сака да влезе во гол.

ТРЕТ АКТ

2001 – 2003

Небото во февруари е сè уште темно, зима е и нема знаци дека доаѓа пролетта. Светлото е некако далеку во тунелот но полека почнува да се појавува. Алекс се враќа во форма, но Пипо и Зизу си заминуваат после големите успеси. На нивно место, нови колеги и нови оружја за генералот, спремен да го повтори подвигот.

Пинтурикио е конечно капитен, но трофејот на Олд Трафорд не отиде во негови раце, туку кај Шева.

Кога Дороти Паркер го прашал Ернест Хемингвеј: Што сакаш да кажеш точно со тоа продолжи храбро? Тој му одговорил: Да ја задржиш елеганцијата во тешкотиите. Нешто што на Алесандро никогаш не му недостигаше, па дури и во најтешките моменти. Клупа? Нема проблем? Критики? Ги демантираше на терен. Серија Б после освојување Мундијал? Ок. Никогаш не се бунеше и зборуваше со свој фудбалски јазик, со голови од слободен удар, со нова титула.

И на крај, аплаузи на Бернабеу. Момент кој ќе се памети, а да е само тој. Постоеја пречки и болки, победи и порази, неверојатни голови и критики. Но Алекс секогаш беше смирен и сталожен со вродена елеганција и мисла: Вие не сте тука за мене, туку јас сум тука за вас.

22 ноември 2016 - 15:05