Фудбал

Манчестер Јунајтед се лизна во Ротердам, Зенит со лудачки пресврт во Израел

Макаби Тел Авив имаше 3:0 по 70 минути игра против Зенит, но Русите одиграа 15 историски минути во кои стигнаа до 3:4. Тимот на Мурињо загуби минимално од Феенорд, Рома со бод се враќа од Чешка, а Сасуоло стигна до деби победа во Европа и тоа убедлива.

Најбрзиот гол во Лига Европа

Првиот денешен дуел во првото коло од Лига Европа меѓу Карабах и Слован Либерец (2:2) го донесе најбрзиот погодок во историјата на ова натпреварување. Го постигна Јан Сикора од чешкиот тим по 10 секунди игра, а македонскиот фудбалер Муарем Муарем влезе во 66 минута.

Излетот на Георге Хаџи од Реал во Барса преку Серија Б

Кога најдобриот романски фудбалер во историјата поради разни околности беше на излезна врата од Реал Мадрид во 1992 година, реши да се пресели во Бреша и да стане клучен играч во романската револуција на Мирчеа Луческу.

Пристрасен коментатор почна да пее во живо

Атлетико Мадрид им собра 3 бода на ПСВ на гости во Лига на шампиони, а поддршка имаше и од холандскиот коментатор кој славеше кога Јан Облак одбрани пенал. Потоа фудбалерите на ПСВ не му дадоа изјава.

Стара ама добра финта

Одиме со една стара школска финта на еден фудбалски натпревар во ниските аматерски лиги во Англија.

Симболот на Милан каде сега нема вакви играчишта

Лобот против Барселона во финалето од ЛШ никогаш нема да се избрише од главата на навивачите на Милан, исто како што нема да го заборават навивачите на Црвена Ѕвезда кога се качи на кровот на Европа. Не за џабе го викаат гениј, кој инаку денеска слави јубилеј, 50 години.

Колку е 7+ за Селтик?

При секое доаѓање на Селтик на Камп Ноу, прогнозерите десно во билтенот ги бараат коефицентите за „седмица“, „петка“, „шестка“ свесни за тоа што го чека гостинот. Во првото коло од ЛШ во вторникот, Барселона со 7:0 го испрати шкотскиот шампион дома. За жал по „Детелините“, одамна поминаа времињата кога во Европа играа поинаку.

Чембрлејн и неговите пречки

Топ 7 голови на крилниот играч на Арсенал кои не се случија.

Македонија го допре најдлабокото дно во фудбал

Ако 2015-та беше најлошата календарска година со 139-то, а годинава остваривме нов рекод на 141-во место, ете ја ФИФА “не израдува“ со најновото рангирање.

Како изгледаше Тоти од година во година 25 сезони

На 27-ми септември, Франческо Тоти ќе полни 40 години. На 39 години стана првиот фудбалер кој давал голови во 23 сезони од Серија А по ред. Во најдобрата италијанска лига досега одигра 249 натпревари.

Лестер гази и во Европа, Дортмунд даде шест во Варшава

Втората вечер од Лигата на шампионите на девет меча донесе дури 28 голови. Немаше погодоци само на тврдиот меч во Торино, а Дортмунд славеше против Легија во Полска со 0:6. Порто се посрамоти против Копенхаген со играч повеќе.

А што ако Динамо Загреб ги задржеше најголемите таленти?

Темата за која сме пишувале, а тоа е што сè вредно си замина од Максимир во режија на Мамиќ кој стана милионер од трансфери, е интересна и за италијанските медиуми кои направија топ тим од 11 поранешни играчи на Динамо.

Андрес Иниеста преку одличниот опис на Меси

„Најтешкото нешто во фудбалот е да се направи да изгледа дека се е лесно, без напор. Тоа е Андрес“.

Малото магаре кое ги тераше тренерите да менуваат голмани

Како секој Аргентинец, така и Ариел не ја криел страста за фудбалот, танцот, алкохолот и убавите жени. Носталгијата за тангото го врати од Истанбул во Буенос Аирес поради што го суспензираа на две години и падна во депресија. Кариерата ја заврши како што ја почна, пред 40.000 навивачи.

Александар Чеферин е нов претседател на УЕФА

На вонредниот конгрес во Атина, Словенецот го порази единствениот противкандидат Михаил Ван Праг од Холандија и стана прв човек на Европската куќа на фудбалот.

10-те незаборавни дена на Кимих

Новиот миленик на Баерн Минхен, 21 годишниот Џошуа Кимих нема да го заборави септември 2016-та бидејќи во него му се случија сите убавини кои го посакува еден фудбалер кога е на почеток на кариерата. Деби гол за Германија и деби голови за Баерн во Бундеслига и ЛШ. Инаку дефанзивец е, од типот на Лам кој брише во напад.

Страшната акција на Диего и најлудиот коментатор ’94-та

На една од најубавите средби од Мундијалот 1994 година во САД, Аргентина со 4-0 ја збриша Грција. Три парчиња им спакува Габриел Батистута а голот на Марадона во 60-та минута го збудале и коментаторот и самиот Диего кој подоцна го суспендираа поради тоа што паднал на ефедрин.

Што му се случи на Кавани?

Уругвајскиот напаѓач со погодокот во 42 секунда против Арсенал го постигна еден од најбрзите голови во Лигата на шампиониte, ама човек за кој Парижаните платија 64 милиони евра да промашки четири 100% шанси е премногу.

Барселона броеше до седум, Баерн до пет, а дербито во Париз заврши без победник

Лионел Меси стана првиот играч со шест хет-трикови во ЛШ, Кавани му даде гол на Арсенал за 42 секунди, но Топџиите вратија на 12 минути до крајот. Наполи и Атлетико со полн плен на гости, а Бешикташ извади бод во 94 минута со мајсторија од слободен удар.

Меси и Нејмар како на плејстејшн

Барселона има 2:0 против Селтик по првиот дел од првото коло во Лигата на шампионите со двата гола на Меси. Гостите не знае кај тераат во одбрана при вториот гол, а Меси за малку ќе влезеше со топка во гол. 

Кај ПСЖ и Арсенал сè е исто

За дербито на вечерта во Лигата на шампионите треба да знаете дека последен пат се сретнале во полуфиналето на Купот на куповите на победниците во сезоната 1993/1994, кога Арсенал бил подобар со вкупни 2:1. А што имаат различно овие две екипи во поглед на статистиката во лигите каде што настапуваат? Ништо.

Кога Пол Гаскоњ отишол да бара една топка

За легендарниот Пол Гаскоњ има толку многу анегдоти, што комотно може да се состави книга од неговите циркуси. Еве една од тренинг во Тотенхем кога Гаскоњ играше за нив.

Што и направи Пато на Барса за 24 секунди игра

На денешен ден стартуваа и многу други минати изданија на Лигата на шампионите. УЕФА не врати во нивната архива од пред точно 5 години кога на денешен ден Милан во првото коло гостуваше на Камп Ноу. Конечни Барселона - Милан 2:2 со акцент на брзиот Пато.

Ова го има само во Англија

Евертон синоќа славеше со убедливи 3:0 на гостувањето против Сандерленд и освен лекција на терен, одржа уште една, поголема.