Фудбал

9 факти од времето кога Тоти дебитираше за Рома

Франческо на 27-ми овој месец полни 40, а викендов беше во фокусот бидејќи мечот со Сампдорија го реши во 90-та минута. Кога на 28 март 93-та дебитирал за Рома, Погба бил новороденче.

Да не кажете само на Балканот го има ова

Навивачите на ПСВ Ајндховен решија да не ги остават фудбалерите на Атлетико Мадрид мирно да спијат во пресрет на вечерашниот дуел од Лигата на шампионите, па така 10-ина минути рокаа огномет пред хотелот каде беа сместени Шпанците.

Пирло го соедини виното со фудбалот преку копачките

Играчот за врска на Њујорк Сити отсега ќе игра во копачки кои ја симболизираат неговата љубов кон производството на вино. Nike за италијанската ѕвеѕда специјално иѕработил модел копачки кои имаат боја на вино мерло. Внатре на влошката пишува „Произведено во 94-та“. Пирло ја почнал својата професионална кариера во 1994. година.

Дебито на Пинтурикио за Јувентус

На денешен ден, 12 септември 1993. година на мечот Фоџа - Јувентус (1:1), дебитираше 20-годишниот Алесандро Дел Пјеро кој влезе во игра на место Фабрицио Раванели. Се загреваше, а Трапатони го викна со фамозната свирка.

Приказната за првиот принц на Рим

Мора да биде домашен производ, да израсне на тие улици, да трча со топка во предградието, на улицата околу Тибер. Инаку не може да биде тоа што е и оваа приказна не би имала призвук на бајка.

Нереален волеј во Украина за хет-трик

Олимпик Доњецк со 3:0 го совлада попознатиот Днипро во украинското првенство. Ај што трите гола ги даде сам, туку еден од погодоците на Андриј Богданов сигурно ќе влезе во конкуренција за наградата „Ференц Пушкаш„ за најубав гол.

Кога ќе ти прекипе од задржување време

Нервозата на необичеч начин кај овој голман изби во втората уругвајска лига во ситуација кога гостите Плаза Колонија имаат 0:1 на гости против Рамбла Јуниорс. На крајот успеваат да израмнат.

Како настана „зошто секогаш јас“

Дербито во Манчестер кое го доби Сити на Олд Трафорд не враќа на славната порака на Балотели на она историско дерби кога го демолираа тимот на Фергусон.

Градот на фудбалот и конечната пресметка

Главен фудбалски град на Аргентина не е Буенос Аирес, туку Розарио. Во ова место, на грбот на ривалитетот меѓу „Канаљас“ и „Лепрозос“ израснале најголемите таленти во земјата.

Фото на денот

Подобро да загубиш заб, отколку градско дерби. Тоа би било изјавата на Александар Коларов ако го прашаат нешто на таа тема. Јунајтед - Сити 1:2, Гвардиола го освои Олд Трафорд.

Волеј бомба во изведба на Игуаин

Јувентус по 27 минути игра има 3:0 против Сасуоло. Игуаин, Игуаин и Пјаниќ. Внимавајте на вториот гол на мечот, дело на дечкото од Наполи за кој платија 90 милиони евра.

Изненадувањето во Шпанија кое е лидер на табела по 36 години

По првите две кола им дадоа 4 гола на Валенсија и 5 на Гранада, а за да постигнат 9 гола лани им беа потребни скоро 3 месеци. За титула кладилниците им даваат коефициент 1.000, а не 5.000 како на Лестер. Навивачите се шегуваат дека барем името им е полесно за изговор. Лас Палмас.

Петте најсилни страни на Мурињо

Жозе размислувал како тренер и уште додека бил асистент, а кога решава да го провоцира противникот тоа го прави научно. Кога ги подбрал играчите на Интер по поразот од Катанија на следниот меч го победиле Челси на Стемфорд Бриџ.

Литванскиот Дрвоускас пред празен гол

Каролис Квилдис на мечот ФК Кауно Жалгирис - Лиетава во Литванија, покажа дека во фудбалот понекогаш не е најважно да го поминеш и голманот. Со маалски речник „дрво дрво гаѓа“. За малерот по Квилдис да биде поголем, Жалгирис загуби 0:1.

Собирал парички од говорница, сега е играч на месецот во Манчестер

До пред четири години не играл фудбал 11 на 11 и не знаел како изгледа тоа, сè додека скаутите на шпанскиот Еспањол не го откриле на еден турнир во Буркина Фасо. Со жена му се запознал во телефонска говорница во Абиџан, а сега бараат стан во Манчестер.

Што му фали на Златан од Париз?

Англиските новинари конечно имаат човек кој нема да им одговара по шаблон на нивните прашања. Златан им е атракција. Во последното интервју, на прашањето што му фали најмногу од Париз, одговори како од пушка.

Лестер е грд, Веа го барале со полиција, а на Јуве му помагаат судиите

Газета дело Спорт стандардно со збир на најинтересните изјави на неделата од светот на фудбалот. Гулит се чачна со Манчини, Турам со Ањелка, а Венгер му диктираше строгост на Мурињо.

Топ 5 голови на дербито во Манчестер

Како најава на супер интересната пресметка (сабота, 13:30) меѓу Јунајтед и Сити во новата сезона, во ново руво и со новите елитни тренери, одиме со головите на Бекам, Агуеро, Овен, Белами и ремек делото на Руни. Сето тоа во една поинаква верзија на видео.

За гол на годината во Шкотска, одма да го прогласите

Детево игра во младинска шкотска лига и сега не е важно како се вика. Изгледа ќе дознаеме во иднина кога ќе го видиме во дрес на Реал, Барса или Баерн Минхен и се разбира како лидер на репрезентацијата на Шкотска.

Во сабота ќе го гледаме најскапиот фудбалски натпревар во историјата

Кога Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити ќе се појават на Олд Трафорд во 13:30 часот, ќе бидеме сведоци на најскапиот натпревар во историјата на фудбалот. Толку пари не вредело до сега ниту едно Ел Класико.

Мојот стрес, Косово и Гатузо

Самир Ујкани е еден од 11-те играчи кој ќе биде запишан во историјата на својата земја кој настапил на нивниот прв фудбалски меч во историјата. На неговиот настап му претходел огромен стрес и несоница во очекување дали ќе добие дозвола да игра.

Колку пари заработуваат Македонците во Серија А?

Италијанскиот фудбал полека излегува од кризата. Да, до рекордни 1,1 милијарди премиерлигашки евра се далеку, но активноста на клубовите и инвестициите од Далекиот Исток носат оптимистични суми.

Најдобрите живи ѕидови во историјата

Во моментот кога едни навивачи гризат прсти и се молат противникот да не пласира во агол од слободен удар, другите веруваат во еврогол преку или под живиот ѕид кој понекогаш е составен од најголемите фудбалски ѕвезди.