Се сеќавате ли на последното коло од Европското првенство 2004-та во групната фаза? Италија во групата Ц играше против Бугарија, а на другиот дуел се среќаваа Данска и Шведска.
Ситуацијата беше малку специфична за Италијанците бидејќи ако победеа, ќе мораа да се молат да има победник и на другиот дуел. Во спротивно двете скандинавски земји ќе одеа во нокаут фаза, а Аѕурите ќе ги пакуваа куферите.
Што се случи? Италија победи 2:1 со гол на Касано во 94-та минута, а Данска и Шведска одиграа 2:2 и станаа четвртфиналисти. Победата на Италија беше јалова, а ремито меѓу Скандинавците се сметаше за скандалозно и договорено по комшиска линија. Го постави Матијас Џонсон со гол во 89-та.
На 9 и 10 јануари ФИФА има состанок на кој освен што ќе се зборува за идејата на Џани Инфантино кој предложи Мундијалот да се прошири на 48 клубови, ќе се дискутира и за ситуации каков што е случајот со Шведска и Данска.
Како ФИФА планира да го спречи тоа? Со укинување на нерешените резултати на Светските првенства и изведување на пенали по регуларните 90 минути на натпреварите во групната фаза. Со оглед на тоа што реми не може да има во нокаут фаза, вака воопшто би немало на цел Мундијал.
Дуелот меѓу Шведска и Данска не е единствениот кој се смета за усна местенка. Такви беа и натпреварите Англија – Северна Ирска 0:0 на квалификациите за СП 1986 и Аргентина – Романија 1:1 на СП 1990. Ако ФИФА ја усвои идејата која ја има, овие појави ќе заминат во историјата.
Од наш аспект ова би било топ, бидејќи сигурно ќе се изнагледаме повеќе пенали на Светските првенства, а фудбалерите нема да се исцрпуваат со 120 минути фудбал во групна фаза.