Убаво било да си играч на ПСЖ

Иако не се работи за Реал Мадрид, Барселона или Баерн каде знаеме ѕвездите какви пари млатал, ниту пак за Премиер лигата каде зајдоа со пари, сепак и во француското првенство се вадело добар леб, ама треба да ти се паднат газди Шеици.

Откако Златан си замина, наплатениот фудбалер на ПСЖ игра во одбрана и се вика Тијаго Силва. Бразилецот заработува 1,1 милион месечно, 275.000 неделно, 36.666 евра дневно, 1.527 евра на час, 25 евра во минута. Сигурно ви оди да му речете: Тијаго дај откажи се барем од една дневница и дај ја наваму.

Најголемите 11 месечни плати во ПСЖ ги објави L'Equipe.

16 декември 2016 - 09:54