Фудбал

Сторијата за химната на Лига на шампиони

Лигата на шампионите не може да биде иста без оваа епска химна која кога ќе згрми, на човек му поминуваат морници. За нејзе зборуваат композиторот Тони Брајтен, потоа Силва, Меси, Суарез, Куртоа и Зидан. Белким ќе дочекаме да ја чуеме на Градски.

На кој што му треба за да патува на Светско 2018?

Уште две кола нè делат до крајот на квалификациите за Мундијалот во Русија а после нив ќе се игра и ужасно тешкиот бараж во ноември, последно скалило на патот кон Светското. Скенираме на кој што му треба до крајот.

Голманот кој сам си го бараше

За да умееш да задржуваш време треба да те бива. На пример Џиџи кога зема залет да ја изведе, прво ќе ја крене раката едно 2-3 пати, демек еве сега. Ама тоа е Италија, а ова Танзанија и играње со оган.

Реал Мадрид: 12 меча, 12 различни стартни состави

Кога по 7 минати кола во Ла Лига, Реал е петти, а Барса му бега 7 бода, тогаш јасно е дека нешто не штима кај Кралевите. Тие се освојувачи на двете последни изданија во Лигата на шампиони и едноставно недозволиво е клуб од таков калибар вака да ја стартува новата сезона.

Личната исповед на Роналдо за животниот пат

На 11 години со ранец на грбот го испратиле сам од родниот остров Мадеира во големата метропола Лисабон каде му било тешко без најблиските. Денес на копачките има изгравирано зборови и последната работа што ја прави пред да истрча на терен е да ги прочита: „Сонот на малиот“.

Пожелно е навивачите на Бока да не скокаат многу

Славната „Ла Бонбонера“ во Буенос Аирес, што нема преживеано во изминативе 77 години откако е изградена. Арно ама оние кои стапанисуваат со неа не е лошо да ја погледнат состојбата во која се наоѓа домот на Бока Јуниорс на кој лудуваат 50.000 навивачи. Па од челик да е ќе попушти после толку време и со толку темпераментни навивачи.

Роналдо ја продаде Златната топка во хуманитарни цели

Најдобриот фудбалер на светот во изборот на ФИФА целата сума од собрана на аукција ќе ја донира за хуманитарниот фонд Замисли желба за болни деца.

Како Бироф, Тоти и Фиго им бегаа на нинџи со топка

Во 2000-та година од Најк ептен влегле во филм, ама ептен. Смислуваат една невозможна мисија која трае 90 секунди и во која задача од Луј Ван Гал добиваат Бироф, Таката, Турам, Тоти, Давидс, Фиго и Гвардиола.

Првиот гол на Кавани во дресот на Палермо

Уругвајската гол машина кој пред 4 години направи трансфер од Наполи во ПСЖ за 64 милиони евра, пристина на Сицилија од тимот Данубио од Монтевидео за 4,5 милиони евра. Дебитираше на 11 март 2007-ма против Фиорентина. Палермо губеше 0:1 и во игра го стави 20 годишниот Кавани кој по 15 минути фудбал во Италија постигна голчиште кое Сицилијанците уште го зборат.

Германски фудбалски клуб договори спонзорство со порно актерка

Фудбалерите ќе носат дресови со нејзиното име, а инаку нема детали за тоа кои ќе бидат нејзините обврски спрема клубот и фудбалерите и дали е можно некое изненадување во случај на трофеј.

Енис Барди во топ 5 млади ѕвезди на Ла Лига

Леванте има два порази по ред во шпанското фудбалско првенство, но и покрај тоа медиумите од уста не го вадат Барди. Со 3 гола од кои 2 мајсторски од слободен удар тој е најдобар стрелец во Ла Лига меѓу играчите од среден ред. Изборот е на Скај Спортс.

Големиот мангуп на италијанскиот фудбал и идол на навивачите на Сампдорија

Трет стрелец во историјата на Сампдорија каде повеќе го сакаат од Манчини, Верон и Џанлука Вијали. Три пати паѓал на допинг-тест поради кокаин. За Фиорентина вели дека му била жена а Сампдорија љубовница.

Денот кога Пандев ги спушти на земја „Кралевите“

Зад името на нашиот капитен се кријат многу големи натпревари на кој бил јунак, а овој е посебен бидејќи е меч од Лига на шампиони против фаворит кој не сака да чуе ништо друго освен победа. Горан Пандев - Руд ван Нистелрој 2:2.

Фристајл жонглирање од 1945-та

На видеото го гледате Хозе Мануел Морено (1916-1978) познат под прекарот „Ел Кјаро“. Се работи за првиот играч во историјата кој освоил титула во 4 различни земји (Аргентина, Мексико, Чиле и Колумбија). Многумина кој го гледале, го сметаат дури и за подобар од Пеле и Ди Стефано. Во 1999-та го сместиле на листата на топ 25 играчи на 20-ти век. Инаку познато е дека многу пиел, пушел и пропуштал тренинзи, иако на видеово не изгледа така. Човекот владеел со топката.

Фудбалерите на Баерн тренирале без да знае Анчелоти

За тренинзите на Пеп Гвардиола се зборува дека биле многу напорни и неподносливи за дел од ѕвездите на Баерн Минхен. Арно ама неговиот наследник имал многу релаксирачки пристап кој им сметал, па фатиле сами да тренираат.

Симпатични нешта во Примера кои не одат во пренос

Ел диа деспуес се вика познатото шпанско телевизиско шоу кое се занимава со интересни моменти од шпанскиот фудбал кои најчесто ги нема во преносот и се случуваат во позадина.

Видео од турскиот фудбал за кое како да ви кажеме

Не постои соодветен наслов за видеово кое требаше да биде само еден одличен пример за фер плеј меѓу децава. Малиов ај што е грев е грев и ќе му помине, него на тоа реакцијата на коментаторот се откорнавме од смеење. Потоа 5 секунди молчеше.

Куртоа, што е работава со навикава?

Еден од најдобрите светски голмани во моментов, Белгиецот Тибо Куртоа кога и да брани за репрезентацијата, за време на интонирањето на химната во еден момент ја чепка брадата со ракавиците. Ај еднаш, ај два пати, ама нон-стоп?

Пике ѓубре едно, напушти ја репрезентацијата

Фудбалерот на Барселона, Жерар Пике го одржа најстресниот тренинг за својата земја кој траеше само 23 минути. И покрај осумте години репрезентативни настапи и освоено Европско и Светско првенство, навивачите бараат да си замине.

Двајца Македонци извисија пред Камп Ноу, ама парите ќе им ги вратат

Меѓу илјадниците навивачи кои беа во исчекување дали ќе се игра натпреварот меѓу Барселона и Лас Палмас, имаше и двајца нашинци кои немаа среќа туристичкото разгледување на преубавата метропола да го крунисаат со фудбалски меч и да го видат Меси во живо.

Хард кор невеста која би ја посакал секој навивач (на Лацио)

Судбоносното „да“ на една венчавка во Рим се чекаше да се изговори 90 минути. Извинете сватови, ама денеска игра Лацио.

Најчудниот стадион во Русија за Светското има една трибина надвор

На крајот од минатата недела на Интернет кружеше фотографија од најчудната единечна трибина на стадионот во Екатеринбург. Монтажна е, со цел да се зголеми капацитетот за навивачите кои ќе дојдат на Светското првенство догодина.

Најснаодливите ножички на колото

Бразилецот Вагнер Лав кој лани се пресели од Монако во Аланијаспор, со своите 33 години има изедено доста фурни леб, па ни покажа дека со голманите знае и вака да игра еден на еден, во кошаркарски стил. Можеби акцијата изгледаше ненадежна, ама дечкото извади скроз неочекуван потег.

Кој е проблемот на Милан?

Против Рома во составот на Милан имаше дури 9 фудбалери кои дојдоа летово или кои лани не го носеа дресот на Милан. „Зајакот“ веројатно лежи кај Лео Бонучи поради кого Монтела морал да ја испретумба цела формација и на крајот да добие нула.