Обервурзбах кој се натпреварува во германската шеста лига сакал да направи нешто откачено во пресрет на новата сезона и направил спонзорски договор со порно актерка.
Се работи за 30 годишната Лена Нитро кој е главна ѕвезда во филмовите „Возење визии“ и „Слугинка која поти“.
Фудбалерите на Обервурзбах од сега ќе носат дресови со нејзиното име и презиме, како и со нејзиниот веб сајт. Идејата ја објаснува спортскиот директор на клубот Торстен Нелц:
„Нашиот тренер Ерик Баус, капитенот Јенс Еберсолд и јас седнавме и разговаравме за новата сезона. Бидејќи имаме навистина луд тим, сакавме да направиме нешто лудо. Тогаш си рековме дека ни се потребни жешки дресови во вистинска смисла на зборот. Идејата е возбудлива и е супер. Со голманот Марк Ланг заминавме во Келн и таму ја запознавме Лена. Таа е целосно автентична“.
Инаку од клубот апелираат до чувствителните фанови дека доколку одат на адресата на предната страна на дресовите нема да налетаат на експлицитни содржини.
Лена има 40.000 фанови на Твитер и скоро 60.000 на Фејсбук. Ова е нејзиниот профил на Инстаграм, а ако сте филмаџии гуглајте сами.