Кристијано Роналдо стави на аукција една од „Златните топки“ за најдобар стрелец кои ги доби низ кариерата. За неа имало голем интерес а на крајот ја купил најбогатиот Израелец на светот Идан Офер којшто дал 600.000 долари за „Златната топка“, предмет којшто Роналдо го донираше.
„Златната топка“ ќе биде проследена до фондацијата „Замисли желба“ каде треба да им го разубави секојдневието на болните дечиња.
Обично кога некој играч ќе ја добие престижната награда, тој бара трофејот да се даде во клубот или пак го чуваат во трофејниот кабинет.
Роналдо во 2013-та година побарал репликата од овој златен трофеј да биде дониран на хуманитарна аукција. Пеп Гвардиола и Жозе Мурињо исто така учествувале во акцијата со по 30.000 евра за што гледале боксерски меч во Манчестер.
Make-a-wish фондацијата ги организира најексклузивните донаторски вечери во Лондон. Има и онлајн уметничка аукција каде се продаваат скулптури и уметнички дела за да се соберат средства за лекување на болни дечиња. Фондацијата работи повеќе од 35 години.