Обично мажите се тие кои ги тераат жените да прават свадбена фото сесија на стадион или во спортска сала каде игра нивниот омилен клуб, ама сега имаме еден редок пример во кој ситуацијата е обратна.
На синоќешниот меч од Серија А меѓу Лацио и Сасуоло се појави невеста со бидермаер и шал од Лацио или во превод жена и сопруга која е сон за секој маж кој и во брак сака да продолжи да си ја негува традицијата, а тоа е во недела одење на стадион.
Почитуван зете, кумови и другари или дојдете по невеста на Олимпико на крај на второ полувреме или џабе ќе буткате врата, бидејќи нашава не пропушта фудбал дури и кога треба да се мажи.
Имаше и што да види. Лацио го здроби Сасуоло со 6:1, повод плус за луда свадбена веселба. Среќен брак и многу разбирање околу далечинскиот управувач со двете мајстории на Луис Алберто.