Колку и да барате, сигурно нема да најдете помалерозни навивачи на Барселона од овие тројца. Се остреле да одат на Камп Ноу пред три месеци дури од Австралија и на крај останаа да дремат пред стадион.
„3 гола за 10 минути, 3 гола за 10 минути. Еби се“ извикуваше и боксуваше бесниот Марио Балотели. И тоа не беа 10 минути, туку 7. Ница синоќа имаше 2:0 против Марсеј по 16 минути игра, а потоа прими гол во 26-та па уште 3 комада во 41-ва, 44-та и 48-ма. На 7 минути до крај промашија пенал и резултатот 2:4 остана конечен.
Во тензичната политичка ситуација во Каталонија, Барселона прво донесе одлука да го одложи мечот против Лас Палмас, па откако Фудбалската федерација на Шпанија им се закани со казни, се премисли. Мечот се одигра без публика, ама на терен сепак се појави публика или поточно падобранец кој е нејасно како се шверцал на стадион.
На денот на референдумот за независност на Каталонија, луѓе од управата на Барселона барале одложување на мечот со Лас Палмас предвиден за попладнево на „Камп Ноу“.
На дуелот Бартон - Вулверхемптон во Чемпионшип, гостите водеа 0-3 уште на полувреме. Третиот гол го даде Рубен Винагра кој прослави како Португалецот Кристијано Роналдо.
Некој би рекол дека ова го има само на Балканот, но по сè изгледа го има и во посовршените фудбалски лиги во Европа каква што е француската. На мечот Амиен - Лил
Моќниот состав на ПСЖ го попари Бордо со 6:2. Два гола на Нејмар, по еден на Кавани, Мбапе, Дракслер и Мењер. Прашањето околу победникот беше решено уште по првите 45 минути по кои ПСЖ имаше 5:1. Господинот 222 милиони евра постигна голчиште од 30 метри за сите пари. Вториот му беше од пенал по кој прв го гушна Кавани. Издвојуваме 4 од вкупно 8-те гола.
Раководството на прилепска Победа, фудбалскиот прволигаш којшто еднаш настрада по матните игри на одредени функционери во минатото, сега решија да го кренат гласот против тие што ги користат за политички цели.
Трофејниот италијански тренер Карло Анчелоти како ретко кога во животот не знаеше да се снајде во топ европски клуб па доби отказ. Неколку часа пред да добие клоца, Карлито надмено се потсмеваше со еден реномиран нигериски новинар.
И покрај тоа што Вардар загуби убедливо и на вториот меч во Лига Европа, нивниот дебитантски гол во ова натпреварување ќе се памети долго. Хуан Фелипе на работ на шеснаесетникот реагираше како Тоти и Пирло. Убавина за око која МРТВ може слободно да ја смести на најавните шпици.
Фудбалерите на Реал Сосиедад синоќа загубија од Зенит со идентичен резултат како Вардар од Розенборг во групата Л од Лига Европа, а за вториот гол Аргентинецот Херонимо Рули исплива како мало дете.
Фудбалерите на македонскиот првак загубија 3-1 од норвешкиот шампион Розенборг во 2. коло од Лига Европа. Хуан Фелипе постигна убав гол, прв во групната фаза.
Старата амбалажа на кока кола, вино-розе, костум, кошулче, кравата, густи коси. Спортскиот директор на Вардар, Дарко Панчев и техничкиот Илија Најдоски на некоја поодамнешна прослава со веројатно омилената песна на Кобра кој е во транс. Легенди.
Напаѓачот на Розенборг, Никлас Бендтнер котира доста високо во светот на тролањето, но вечерва ќе го напаѓа Вардар како втор стрелец во норвешкото првенство и затоа пожелно е цврство да се чува.
Ќе бидете добри да ни помогнете кај нас колку клубови се викаат Вардар освен оној од Брвеница, оној од Неготино и шампионот на земјата од Скопје. Ние за тоа време најдовме каква е ситуацијата во Романија.
Има две верзии за распуштањето на клубот од кои едната е пласирана во јавност како официјална, но која и да е точна, едно е сигурно, на 8:0 им се случи требење.
Не би било неправедно ако луѓето од комисијата во ФИФА коишто ги номинираат кандидатите за „Гол на сезоната“ да го затворат годинешниот избор. Фудбалерот Амаури Еското од мексиканскиот тим Лобос БУАП постигна страшен гол против Чивас. Браво мајсториште!
Добрите познавачи на фудбал нема воопшто да се чудат на ова и одма ќе им стане јасно што му скандираа навивачите на Спортинг на Меси на синоќешниот меч од ЛШ. Епа Роналдо таму ја почна кариерата, сигурно нема да му се клањаат на Меси.
Во групата Б од ЛШ каде ПСЖ синоќа стигна до два од два, првите бодови ги освои и Селтик кој го попари Андерлехт на гости со 0:3. Акцијата на првиот гол на на почеток изгледа досадна за гледање и безнадежна, ама дечките трпеливо врзаа 28 додавања по ред и бап голче.
Бенфика доживеа потоп и можеби најтежок пораз во европските натпреварувања. Конте и Челси освоија екстремно важни три бода пред самата судиска свирка за крај, а Јувентус рутински го победи Олимпијакос.
Навивачите на редовниот учесник на европските натпреварувања АПОЕЛ од Никозија ги изненадиле гостинските навивачи од Лондон на мечот против Тотенхем синоќа.