Фудбал

Зошто Џерард не памти кој освоил ЛШ во 2006-та?

Кога тим кој со Дида, Кафу, Стам, Неста, Малдини, Пирло, Гатузо, Сидорф, Кака, Шевченко и Креспо те водат 3:0 на полувреме, а ти на крај успеваш да им кренеш пехарот у фаца, тогаш одговорот на легендарниот капитен на Ливерпул е јасен и разбирлив.

Една буква многу значи, прашајте ги во Монпелје

Францускиот фудбалски клуб Монпелје доби грешно печатени дресови на кои името на клубот наместо со две букви ’Л’, им го напишале со едно па морале да се снаоѓаат.

Навивачки терор врз тројца судии во Аргентина

Во пониските аргентински лиги не дај боже судијата да не суди по желба на домаќините, има да му ја дупнат глава, во буквален смисол. На ваква багра треба да им стегнат суспензија од 10 години затворени трибини.

Нели жабарите мислеле само на Катеначо?

Умреа тие времиња кога италијанскиот фудбал претставуваше синоним за играње одбрана и само одбрана. Во Италија имаше многу ланска, а така е и оваа сезона. Ве поздрави мечот Удинезе - Перуџа од Купот на кој паднаа вкупно 11 голови.

Колку пари чини да гледаш фудбал низ Европа?

Во ноември BBC објави резултати од едногодишното истражување на Price of Football за тоа колку пари чинат билетите и сезонските карти за фудбал во сите англиски и некои европски лиги. Германците пристојни, Англичаните со претерано скапи карти.

Уште една кардинална грешка од истиот судија во Шпанија

Контроверзниот судија којшто му поништи чист гол на Меси на дуелот Валенсија - Барселона на Местаља (топката три метри во голот), сега му го зема скалпот и на Тенерифе откако го свирна најкриминалниот пенал во сезоната.

Хаотичната ждрепка за СП 1982

Во пресрет на денешната ждрепка во Москва за Мундијалот кој не очекува следно лето, се враќаме едно 35 години назад, да видиме како тогаш тоа изгледало. Светското во Шпанија, шампион Италија, а сцената циркуз гледајќи ја од сегашна перспектива. Нема садови, туку еден голем, мислиш лото ќе се извлекува. Конфузија настана со Шкотска која прво ја извлекоа во група со Аргентина, па ја преместија со Бразил.

Неочекуван гол на Барсегјан и тотално збунет коментатор

Вардар одигра само 1:1 против Шкупи во меч од Купот на Македонија. Проследете го лобот на Барсегјан, а истовремено и коментаторот кој за неочекуваниот погодок, кој личеше на нафрлување го констатираше следново: Добар центар шут (па пауза), сепак ова беше неуспешен центар шут. Цепки.

Сите слават, он селфи прави

Едно од најскапите засилувања на Манчестер Сити минатото лето, Бенџамин Менди кој дојде од Монако, синоќа имаше момент за кој може да го казнат. Некое време е повреден, не игра, па после голот кој го даде Стерлинг во 95-та минута за победа реши да прави селфи со стрелецот.

Сабајле продавал на пазар, попладне одел на тренинг

Го одбивале каде и да одел да тренира фудбал затоа што бил премногу ситен и мал, но секогаш го демонстирал својот карактер и решил да оди до крајот. Сега го сонува скудетото со градот кој го смета за свој син.

Тоти не го мина курсот за тренери, многу бегал од часови

Легендарната 10-ка на Рома која минатата сезона се прости од играње фудбал се обидува да влезе во тренерски води, ама првиот обид му е неуспешен.

Тренерот на Џовинко во ултрас фазон

Екипата на Торонто ја освои Источната конференција во МЛС лигата и втора година по ред во финале ќе се пресмета со Сиетл од кого загуби лани. Себастијан Џовинко им е прв стрелец со 16 гола, а тренерот Грег Вани им е најјак навивач и спремен за водач. Кој знае што ќе прави ако слават во финале.

Екстаза во Јужна Америка, Гремио шампион во Копа Либертадорес

По цели 22 години бразилскиот клуб Гремио ја освои Копа Либертадорес откако по 1-0 во Порто Алегре, синоќа и во реваншот го совлада Ланус од Аргентина.

Михајловиќ го пушти голманот да шутира слободен удар

На 20 годишниот Вања Милинковиќ Савиќ, инаку помал брат на Сергеј од Лацио, му фаќа акалот за слободни удари. Тоа го тврди неговиот тренер кој беше мајстор од прекини, а тоа го докажува и видеово.

Смешната одбрана на Чех против Хадерсфилд

Арсенал го демолираше Хадерсфилд со 5-0, на мечот имаше ревија убави голови, акции и шанси, ама момент на мечот беше одбраната на Петр Чех ко на одбојка на плажа.

Руни даде гол од крајот на светот

Англискиот бомбардер и најдобар стрелец во историјата на Манчестер Јунајтед, синоќа го запиша својот прв хет-трик за Евертон. Од трите гола против Вест Хем има еден посебен за издвојување. Ма каков Бекам, погледнете го ова.

Се крчка ново Светско клупско првенство со 24 екипи

Светската куќа на фудбалот планира целосно да го менува форматот на мундијалскиот клупски фудбал кој не би се играл секоја година, туку на секои четири. Ако ова се оствари, тоа значи дека ќе имаме уште едно возбудливо фудбалско лето плус.

Голман во Северна Ирска дебитирал на 14 години

Ако си доволно добар, тогаш си и доволно голем е една од честите фрази во спортскиот речник која што ирскиот прволигаш Глеванон ФЦ ја земал здраво за готово.

Му ја навредуваа жената, па им спакува гол

Навивачите на Тотенхем ги бие глас дека се склони на проблеми, а синоќа на гостувањето кај Лестер во еден момент скандираа "She's getting fucked in the jungle" алудирајќи на сопругата на Џејми Варди, Ребека (35) која што учествува во едно реално шоу In The Jungle. Секунди потоа Варди го отвори резултатот кој на крај гласеше 2:1 за домаќинот.

За напаѓач од 85 милиони евра ова е срамно промашување

Со 7 гола на првите 7 меча во Премиер лигата, Ромелу Лукаку имаше одличен старт за Манчестер Јунајтед, арно ама на последните 7 средби им дадено само еден, а тоа кај Англичаните не проаѓа без жестоки критики и барања да го седнат на клупа. Истото му го прават и на Алиоски.

Сити не го заборави 21-годишниот Косовар кој заврши кариера

За да не се повтори трагедијата на унгарскиот талент од Бенфика или Камерунецот кој играше за „Граѓаните“, лекарите го предупредиле малиот Синан од Призрен да ја прекине фудбалската кариера иако талентот го одведе во гигантот Манчестер Сити.

„Мојата диплома е дресот во кој дадов четири гола во Лига на шамиони“

Најпријатното изненадување во европскиот фудбал последниве месеци е тренерот на Лацио, помладиот од браќата Инзаги којшто прави чуда со Римјаните.

Првиот подарок за Гатузо како тренер на Милан е чекан

Le Iene е емисија број 1 во Италија за правеше будалаштини. Беа на гости кај новиот тренер на Милан и му подарија: чекан (за да ги тепа играчите ако не слушаа), двоглед (затоа што долга била сезоната) и јакна (затоа што се фатил за работа во сред зима). 

Ако се прашувате зошто Тотенхем даде еден гол помалку од Лестер

И според табела и според квалитет и според коефициент, Тотенхем синоќа беше фаворит на гостувањето против Лестер, ама кога Кејн, Ериксен, Деле Али и компанија редат вакви утки во шеснаесетник, тогаш нека не ве чуди поразот од 2:1.