Правилото 50+1 според кое членовите имаат мнозинство гласови е вековна традиција која не може да се купи. Затоа Германците имаат најполни стадиони и пристапни цени за карти, пиво, колбасици.
Најмалата фудбалска нација призната од УЕФА е во транс откако успеа да слави победа по пауза од четири години. Коефициентот во кладилница беше боли глава. Со 100че лапаш 2.100.
За време на меч од втората шпанска лига, тренерот на Културал Леонеса, Рубен де ла Барера доби директен црвен картон поради тоа што прекина контра на Албасете. На крајот мечот заврши како што почна 0-0.
Светското првенство во Русија почнува на 14. јуни а еден од новите стадионите уште не е готов поради што ФИФА праќа мониторинг служби а Путин ги опоменува локалните градоначалници.
За шест дена ќе наполни 32 години, а ако го држи телото како мозокот тогаш ќе цепа како Малдини до 40. Сè што ќе одигра Серхио Рамос во одбрана му е промислено. Цврст е како карпа, има одлична антиципација и предвреме ги предвидува акциите на противникот. Компилација за почит само од дуелот против ПСЖ.
Од следната сезона стапуваат во сила новите правила во Лига на шампиони од кои бенефит ќе имаат четирите првопласираните екипи од најдобрите четири европски лиги. Има три опции од Серија А да учествуваат 5 клубови во следната сезона од ЛШ.
Најбрзиот светски спринтер кој умре од желба да заигра фудбал го одржа првиот тренинг со Борусија Дортмунд. Не се знае што ќе излезе од неговата проба и дали е ова само некој маркетиншки трик на Пума кој му е спонзор и нему и на Борусија, но од првиот тренинг се гледа дека тој не е десно сметало. Како ја смести рутински, како стварно да е фудбалер.
Ако ви е до гледање пријателски петочно имате да бирате еден тон, бидејќи денеска на програмата има дури 25 средби. Први почнаа Уругвајците кои водат на полувреме со Чешка 2:0. Кавани си е Кавани.
Од првенство до првенство, легендарниот албум за сликички "Panini" ги изненадува своите верни следбеници со поскапувањето не само во регионов, туку и во целиот свет.
Заир беше првата африканска земја која се пласираше на Мундијалот 1974. Една од нивните ѕвезди по име Муламба доби црвен картон по грешка, а ФИФА го суспендираше на една година. Потоа му се случија многу пострашни работи и сега едвај преживува.
Дедо е дедо. И да те носи на фудбал и да те зема од школо и да те чува, но и до крај да верува во тебе. Таков е случајот со најголемото изненадување во англиската репрезентација, Луис Кук.
Последниот од низата фудбалери кој е обвинет дека не плаќа данок е Чаби Алонсо. На шпански новинар и колумнист му текнало да состави како би изгледал најдобриот и најмоќниот тим на 11 играчи ако навистина беа во затвор за ова кривично дело. Во самица да им играш ќе те здробат 10:0.
Полската Екстракласа влегува во самата завршница - плејофот во кој ќе се разигрува за титула, европкупови и опстанок во лигата. Најсериозни кандидати за титулата се Јагелонија, Легија и Лех. Сезонава имаше многу јаки голови таму, ама и комични ситуации.
Икарди, Дибала, Мертенс, Игуаин, Џеко. Најквалитетните голгетери во Серија А не можат сезонава со гол машината на Лацио кој руши рекорди и го држи тронот со 24 гола. Во Европа е петти стрелец на сите натпреварувања со 34 комада и само три гола зад Кристијано Роналдо.
Фудбалската династија Алонсо го има и третиот претставник кој ќе го носи дресот на репрезентацијата - Маркос Алонсо, левиот бек на Челси којшто доби повик од селекторот на Фуријата, Лопетеги.
И новиот селектор на Италија Џиџи Ди Бјаџо, исто како и неговиот претходник Вентура не се решава на список да го стави напаѓачот кој држи добра форма и има поголемо меѓународно искуство од сите во тимот. Исправна ли му е одлуката?
Важеше за расен стрелец на Јунајтед каде остави голем белег и за 5 сезони постигна вкупно 150 гола. Го паметиме како гол машина која одлично се градеше и царуваше во шеснаесетникот. Но пред точно 15 години против Фулам направи исклучок со ова ремек дело.
Славниот Гарбиел Омар Батистута имаше тешки кризи после завршувањето на кариерата до толку сериозни што размислуваше за ампутирање на нозете. Но поранешниот напаѓач на Рома се врати на старо место после 15 години и повторно заигра фудбал.
Има само 20 години, умее да шутира и со лева и со десна како Хари Кејн, а Хернан Креспо веќе го споредува со Серхио Агуеро. Во таа пеколна конкуренција на напаѓачи кои ги предводи Меси, ќе има можност да се покаже на пријателските средби против Италија и Шпанија.
Просто нереално звучат информациите од англиските медиуми дека Алексис Санчез неколку пати ручал сам во базата на Јунајтед и дека уште не се привикнал на новиот клуб и соиграчи. Мурињо вика навивачите да го почекаат до следната сезона.
„Галските петли“ ретко кога во историјата имале вака страшен напад како денес, на 80-ина дена пред Мундијалот. Гризман, Мбапе, Дембеле, Лаказет, Марсијал, Бен Једер, Жиру....
Фудбалскиот клуб Перуџа соопшти дека претседателот на клубот го отпуштил Франческо Бирколоти којшто направил неколку големи гафови за време на мечот со Бреша.