Оваа школа рудари небрусени бисери и подоцна ги продава илјада пати поскапо отколку што ги купила. Поради кариерата на својот син во таа академија, Мадона решила да живее во главниот град на Португалија.
Еден од нив вели вака: Голманот на Беневенто, Алберто Брињоли има постигнато повеќе голови од напаѓачот на Милан, Андре Силва кој го купија за 38 милиони евра.
Откако Наполи загуби од Јуве, Интер остана единствената екипа без пораз во Серија А. Икарди руши рекорди и влезе во друштво на легендарниот Меаца. Тимот на Спалети е неприкосновен, а вистинскиот тест за тоа дали е зрел за Скудето ќе треба да го положи со Јуве следниот викенд.
Лацио во среден ред има бисер кој скратено е познат како СМС. Има 22 години, а игра зрело како да е преку 10 години во кариера. Синоќа против Сампдорија со еден потег своите двајца чувари ги прати по цигари, а потоа од пред својот шеснаесетник, даде топка со очи од која се создаде 100% шанса за гол. Внимавајте на Сергеј на СП 2018. Србија минатиот месец го зема за репрезентација.
По Фиго, Пирес и Нуно Гомеш, големиот македонски борец кој во количка игра фудбал со другарите, го привлече вниманието на уште една голема фудбалска ѕвезда, која го кани да биде специјален гостин на меч од ЛШ.
Просто уживање е да се гледа Аргентинецот кога ќе тргне во налет кон противничкиот гол. Никој не знае кај ќе тргне па оттука и Меси е најтежок за чување.
По 12 минути игра на мечот меѓу Генчлербирлиги и Сиваспор сите занемеа, бидејќи падна гол кој ќе биде еден од кандидатите за најубав на сезоната во Турција. Го постигна Црногорецот Петар Шкулетиќ. Приемот му беше Л У Д И Л О.
Ако не пробаш нема никогаш да знаеш дали е можно директ од корнер. Аце наш проба против Англија, му успеа, исто и Рафал Курсафа во полскиот фудбалски шампионат. Овие голови се вистинска реткост. Мора да се одбележат.
Вардар изгуби од Шкупи 2-0 и сега заостанува цели 14 бода зад Шкендија која има два меча повеќе од „црвено-црните“ кои денес во Чаир играа на нешто што не личи ни на свињарник.
Дебитантот во Серија А, Беневенто по 14 порази по ред стигна до првиот историски бод и тоа против Милан со гол на голманот Алберто Брињоли во последните моменти од мечот. Гатузо имаше деби „од соништата“.
Вечерва во Москва беа извлечени групите за Мундијалот 2018 во Русија. Хрватска ќе игра со Аргентина, Србија против Бразил, а Шпанците во комшиското дерби со Португалија. Многу силни групи.
На првиот меч од осминафиналето на Купот на Македонија Вардар и Шкупи одиграа 1-1 во Ѓорче. Времето дожлдиво, фудбалот стандардно слаб, трибините полупразни и само еден интересен детал.
ПСЖ го има можеби најмоќниот тим на денешницата, но и останатите клубови од Лига 1 не заостануваат којзнае колку, барем кога евроголовите се во прашање. Топ10 на Лига1.
Плејмејкерот на Реал Мадрид, кариерата ја почна во Валенсија во 2010-та и уште кога ја почнал, се видело какво дете доаѓа на шпанската фудбалска сцена. Тука има 18 години. Ги изора како бавча.
Важеше за убедливо најголемиот критичар на ФИФА во времето на Сеп Блатер и тоа ’во времето’ го користи како алиби во моментот кога цел свет го напаѓа дека е лицемерен и дека прифатил да биде дел од нешто што до вчера го плукал.
Селекторот кој им го направи најголемиот срам на Италијанците во последните 60 години, го доби најслаткиот отказ во кариерата и најтоплиот во зима. Тие уште си ја трескаат главата, а тој е во купачи.
Кога тим кој со Дида, Кафу, Стам, Неста, Малдини, Пирло, Гатузо, Сидорф, Кака, Шевченко и Креспо те водат 3:0 на полувреме, а ти на крај успеваш да им кренеш пехарот у фаца, тогаш одговорот на легендарниот капитен на Ливерпул е јасен и разбирлив.
Францускиот фудбалски клуб Монпелје доби грешно печатени дресови на кои името на клубот наместо со две букви ’Л’, им го напишале со едно па морале да се снаоѓаат.
Во пониските аргентински лиги не дај боже судијата да не суди по желба на домаќините, има да му ја дупнат глава, во буквален смисол. На ваква багра треба да им стегнат суспензија од 10 години затворени трибини.
Умреа тие времиња кога италијанскиот фудбал претставуваше синоним за играње одбрана и само одбрана. Во Италија имаше многу ланска, а така е и оваа сезона. Ве поздрави мечот Удинезе - Перуџа од Купот на кој паднаа вкупно 11 голови.
Во ноември BBC објави резултати од едногодишното истражување на Price of Football за тоа колку пари чинат билетите и сезонските карти за фудбал во сите англиски и некои европски лиги. Германците пристојни, Англичаните со претерано скапи карти.
Контроверзниот судија којшто му поништи чист гол на Меси на дуелот Валенсија - Барселона на Местаља (топката три метри во голот), сега му го зема скалпот и на Тенерифе откако го свирна најкриминалниот пенал во сезоната.