Фудбал

Џабе е ВАР кога не ве бива за судии

Околу 600 навивачи на Лацио синоќа го чекале главниот судија Пјеро Џакомели пред стадион за да го натепаат, но тој излегол после полноќ. Ете до толку стана или остана за никаде судењето во една популарна лига како Серија А која не ја спасуваат ниту најразно разни технологии.

ОфсајТ кој би сакале да ви го досудат на маса

Ако не ви е доволно да ви досудат само офсајт, тогаш направите фаул или примите автогол, бидејќи со еден шут ништо не правите. Спортско мени за гурмани.

Еден баш смешен гол на мал фудбал

Дечково стварно треба да конкурира за „Златна топка“ следната година. Роналдо и Меси досадија више, дајте му ја нему.

Твит на денот за Остерсунд - Арсенал

Арсен Венгер сигурно му се насмевнал на ждребот во Лига Европа, бидејќи за противник го доби Остерсунд, тимот со втор најслаб буџет во ЛЕ од 7,25 милиони фунти (Вардар беше трет со 8,96 милиони фунти). Но Швеѓаните направија сензација и заедно со Атлетик Билбао се пласираа понатаму, а Херта и Зорја испаднаа од таа група. Значи не било само до парите и историјата. Погледнете од кога постојат.

Милан во Бугарија, Лацио во Букурешт!

По ждрепката за Лига на шампиони, попладнево во швајцарски Нион беа извлечени и паровите за шеснаестина-финалето на Лига Европа.

Сите голови на Меси против англиските екипи

На 16 средби во Лига на шампиони, Лионел Меси има постигнато 17 голови против премиер лигашите. Сè почна од финалето против Манчестер Јунајтед во Рим во 2009-та. Има еден куриозитет, меѓу нив го нема Челси, тимот со кој Барса денеска се падна во осминафиналето.

Извлечена ждрепката - Јуве во Лондон, Реал во Париз

Уште пред да почне ждрепката, извесно беше дека ќе гледаме мега-дуели на најдобрите европски екипи во моментов.

Ти се извинувам што падна на спортска поради моите одбрани

Резултатот меѓу Киево и Рома 0:0 викендов беше изненадување за многу играчи во кладилница кои типуваа на гостите како фаворити. Вистинската пречка беше да се совлада домашниот голман на кој му е глупо што заебал еден дечко на кој сака да му се оддолжи.

Меси во 2005-та за малку ќе го дале во Кадиз

Еден од најдобрите ако не и најдобар фудбалер во историјата лесно можел да заврши во шпанскиот нисколигаш Кадиз. Како што пишува "Mundo Deportivo", трансферот бил речиси готов во 2005-та.

Најлудиот меч на сезоната се одигра во Германија

Дуелот Келн - Фрајбург од германската Бундеслига за малку ќе се одложеше поради огромни наноси снег но работниците на стадионот „РајнЕнерги“ го спремија теренот, а стартот доцнеше 30 минути. Што се случуваше подоцна е за филм.

Носот бабура, ама затоа Олд Трафорд е освоен

Со фантастични 15 победи и едно реми, тимот на Гвардиола гази во Премиер лигата и со овие 3 бода на гости против Јунајтед, на Мурињо му избега 11 бода. Во 84-та минута голот на Сити висеше и речиси беше 2:2, ама Едерсон Мораес го жртвуваше лицето. Две извонредни одбрани една по друга.

Како Сити го уби времето против Јунајтед

Големото градско дерби на Манчестер заврши 1-2 за гостите кои на „Олд Трафорд“ освоија бодови со кои се одлепија на +11 од Јунајтед. Пред крајот од мечот баш ги нервираа домаќините.

Тричковски со гол го приближува АЕК до титулата

Македонскиот репрезентативец го постигна решавачкиот гол на гостувањето во Никозија пртив Олимпијакос каде АЕК Ларнака славеше со 1-2 и по 15 кола остана лидер на табелата на Кипар.

Го нема Нестогол, ама Трајкогол е тука

Фудбалерите на Палермо од 62-ра до 75-та минута три пати го треснаа Бари на гости и со оваа победа одново се враќаат на лидерската позиција на табелата. Во отсуство на лидерот Илија Несторовски кој е повреден, меѓу стрелците се враќа Александар Трајковски кој со одличен волеј ги матираше домаќините. Втор гол сезоната за македонскиот репрезентативец.

Додавање за медал

Убедливо најдоброто додавање на колото во Премиер лига и пошироко се случи на мечот Њукасл - Лестер. Надворешен фелш за сите пари. М-а-ј-с-т-о-р-с-к-и.

Врвно “оле“ на навивачите на Вест Хем против Челси

Само што почна мечот австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ поситгна убав гол за 1-0 а навивачите на „Чеканите“ уживаа во играта на нивните миленици кои имаат нов тренер - Дејвид Мојес.

Најбистриот фудбалер во Шпанија е бекот на Атлетико

Одличниот дефанзивец на „Јорганџиите“ го руши стереотипот за фудбалерите како неуки и неинтелегентни. Во емисија предизвика реакции како гол во Лига на шампиони.

Фудбалер на Вардар имаше најубави копачки во Лига Европа

Репрезентативецот на Ерменија и еден од најдобрите фудбалери на Вардар, Тигран Барсегјан се реши за последниот меч на „црвено-црните“ во Европа сезонава да носи интересни копачки.

Голот на сезоната во Лига Европа го даде Бане

На мечот од групата на Вардар во Лига Европа синоќа падна еврогол а стрелец беше капитенот на српската репрзентација којшто му даде голчиште на Реал Сосиедад за 1-2. Бекот беше стрелец и на мечот во Скопје меѓу Вардар и Зенит а УЕФА го прогласи и за играч на неделата во Лига Европа.

Прв бод и збогум Лига Европа

Фудбалерите на Вардар не успеаа да ја израдуваат скопската публика и да ја издвојат првата победа во историјата на европските натпреварувања. Но барем не ни загубија. Вардар - Розенборг конечни 1:1.

Неочекуван падобранец влета на Филип Втори

На дваесетина минути од мечот меѓу Вардар и Розенборг се случија најголемите аплаузи и овации, но за фудбалер, туку за едно куче кое се појави на терен и за момент го прекина мечот. Гачевски не успеа да се справи со него, а ниту обезбедувањето, па песот сам си фати џаде и не стави да ја догледаме средбата на камен ладново време.

Итало го тресна Розенборг за 9 минути

Падна првиот гол на Вардар на домашен терен во Лига Европа со кој Вардарци уште на стартот од мечот поведоа против Розенборг со 1:0. Вардарци тргнаа отворено на стартот и откако Бобан Николов му ја спушти топката со гради на Итало, Бразилецот ја прифати и го матираше Хансен.

12-от играч на Вардар вечерва е Јане

9 годишниот херој кој урива стереотипи и кој стана сензација дури и меѓу светски познати фудбалски ѕвезди е специјален гостин на натпреварот меѓу Вардар и Розенборг во Лига Европа.