Армандо Приско кој брани за Месина доби црвен картон на сицилијанското четвролигашко дерби против Игеа Виртус, затоа што се измочал за време на мечот позади гол.
По неговото објаснување се гледа дека тој повеќе не можел да стои нормално, а не па да брани и затоа бара разбирање за потегот за кој се извинува.
„Пијам по 2-3 литри вода дневно. Прво го посетив тоалетот веднаш штом стигнав на стадион, па кога бевме во соблекувална, пред загревање и уште еднаш за време на полувремето. Едноставно не можев да го додржам. Се обидував да се движам ама изгледав на лудак и веднаш штом видов дека има измена ја искористив ситуацијата.Се преправав дека се истегнувам кај рекламите и никој не забележа што правам, освен судијата за жал. Веднаш се извинив и не протестирав за картонот, бидејќи знам дека тој само постапуваше според правилата. Знам дека имаше многу деца на стадион и дадов сè од себе за да се камуфлирам. Не беше тоа вистинското место, но едноставно не можев да издржам“, вели искрениот голман.
И покрај тоа што Месина, инаку поранешен прволигаш од 2004-та остана без играч помалку на нетипичен начин, сепак успеа да го сочува голот несовладан и дербито заврши 0:0.
Инаку требал уште малку да издржи бидејќи црвениот го добил во 85-та минута.