Фудбал

Норвешки клуб на преубав начин промовира локално земјоделие

Кога свилените дужегрижници ќе се исмеваат на некој убав автентичен подарок во селскиот фудбал во регионов, само покажете им го ова, од прва лига на Норвешка.

И Манчестер Јунајтед се израдува на пехар, ај ти

Екипата на Манчестер Јунајтед на мини-турнеата во САД, на турнирот Летна Премиер лига серија, ги совлада Борнмут и Вест Хем, а одигра 2-2 против Евертон па така го освои малото пехарче наменето за најдобриот во Атланта, во Џорџа.

Што стори Иване?

ПСВ Ајндховен е освојувач на холандскиот Супер куп кој ја носи наградата „Јохан Кројф“, откако синоќа после пресврт победи 2-1 против освојувачот на Купот, Го Ахед Иглс на свој терен на „Филипс Арена“ во Ајндховен. Во 78' минута Иван Перишиќ асистираше за гол на стрелецот Герит Наубер па падна преку рекламите.

Тотенхем се збогува со Сони кој оди за САД

Тотално неочекувано долгогодишниот капитен на Тотенхем, симболот на овој клуб, Кореецот Хонг-мин Сон најави во саботата вечер дека за некој ден си оди од клубот и ги шокираше навивачите. Денес на пријателска против Њукасл во неговата татковина, во Сеул, за последен пат го носеше дресот на Спарс. Му направија почесен коридор, го фрлаа во воздух, а цел стадион со стоечки овации го испрати. Ќе оди во САД каде ќе игра за Лос Анџелес како најскапо платен играч во целата МЛС лига.

Филмско претставување на Папу Гомез во Падова

Триесет и седум годишниот фудбалер кој освои Светско првенство 2022 со Аргентина и кој беше главен творец на ренесансата на Аталанта, сега се враќа во италијанскиот фудбал. Ќе игра во Серија Б за Падова.

Фудбалот е светост во Германија - на втора лига 62.000 гледачи

Синоќа стартуваше новата сезона во втората германска Бундеслига а истата ја отворија децениските прволигаши Шалке и Херта во меч кој заврши 2:1. На „Фелтинс Арена“ во Гелзенкирхен официјално имало 62.270 гледачи што е еден од рекордите на втора лига во Германија.

Чуден сплет на дриблинзи

Триесет годишниот Анхел Кореа после цели 10 години во Атлетико Мадрид каде одигра 335 натпревари и постигна 70-ина гола на почеток на јули се пресели во мексиканскиот клуб Тигрес УАНЛ. Постигна два гола во победата над Хјустон Динамо а едниот погодок беше многу чуден и интересен.

Ливерпул ги извади новите дресови

Во едно прикладно видео со сегашни играчи од клубот како Ван Дајк, Салах, Куртис Џонс, Сери Холанд и легенди од минатото како Сер Кени Даглиш, Роби Фаулер, Џејми Карагер, Иан Раш и Џон Барнс, Ливерпул ги претстави новите дресови од Адидас со кого во март потпиша 10-годишен договор за соработка.

И судиите душа имаат

За време на дуелот од Лига Купот на Северна и Централна Америка меѓу мексиканска Гвадалахара и Њујорк Ред Булс од САД кој гостите го добија 0-1 со гол во 97-ма минута, главниот судија на мечот по само 9 минути игра морал да го напушти теренот поради повреда. Имал замена.

Миланско шут у дупе

Фудбалерите на Милан не можат по магарето па удрија по самарот. Синоќа на пријателски натпревар против Перт Глори во Австралија славеа со 0:9. На еден од тренинзите во Австралија росонерите се договориле екипата што ќе изгуби на тренингот да знае што ја чека.

Еврогол во продолженија откако тренер смени голман за пенали

Шкотски Хибернијан и дански Мидтјиланд одиграа најлуд меч на вечерта синоќа во еврокуповите. По 1-1 во Данска на првиот дуел, синоќа во Единбург 94 минути немаше гол за да настане прав огномет набрзо. Гостите први поведоа во 94-та минута со прекрасен гол, па домаќините израмнија во 107' минута од судиското продолжение па следеа продолженија. А таму гостинскиот тренер направи измена на голманите, спремен за пенали, ама еврогол постигна Жуниор Брумадо кој исто влезе од клупа за резерви.

Вардар сè уште незрел за Европа, Лозана ги петардираше црвено-црните

По големото изненадување кое го направија во Скопје кога со 2-1 ја совладаа фаворизираната Лозана, фудбалерите на Вардар синоќа на реваншот изгубија 5-0! Уште на полувреме беше 3-0 и беше јасно кој ќе ја однесе победата на „вештакот“ во Лозана за пласман во 3. коло од Конференциска лига. Вардарци сега се посветуваат на домашните првенство и Куп.

Од тенисот се повлече една од најубавите тенисерки

По поразот пред својата домашна публика во Монтреал на турнирот Омниум Банк Национале од Швајцарката Белинда Бенчиќ 2-6, 6-3, 4-6, Евжени Бушар со емотивен говор најави дека се повлекува од тенисот.

Најскапи трансфер во историјата на турскиот фудбал

Виктор Осимен, Нигериецот кој на Галатасарај му донесе шампионска титула откако на Наполи му го оствари сонот за скудето, сега повторно се врати во Истанбул каде по втор пат го пречекаа илјадници навивачи. Турскиот клуб му го откупи договорот од Италијанците и го направи најскапо платен играч. Галатасарај ќе плати 75 милиони евра во две рати: 40 милиони и 35 милиони. Осимен лани постигна 37 гола и имаше 8 асистенции на 41 натпревар.

Две нови асистенции на Меси кој турна помлад фудбалер

Интер Мајами со 2-1 го совлада мексикански Атлас во Лига Купот во кој учествуваат екипи од САД, Канада и Мексико. Лео Меси намести два гола со прекрасни асистенции, се закачна со еден противнички фудбалер а на крај славеше пред друг внесувајќи му се во лице.

Џиџи Бекали си гризна јазик: „Веќе не зборам за фудбал, ова е најголем срам за романскиот фудбал“

Ексцентричниот долгогодишен сопственик на ФСЦБ (некогаш Стеауа Букурешт) Џиџи Бекали неколку дена пред реваншот со Шкендија по поразот 1-0 во Скопје изјавуваше дека глатко и лесно ќе пројдат, дека ќе дадат 4-5 гола, дека се сигурни на домашен терен. Но на крај Шкендија победи 1-2 после голем пресврт и го елиминираше некогашниот европски шампион од квалификациите за ЛШ.

Историски триумф на Шкендија, Македонија ќе има претставник во групна фаза

Македонскиот шампион Шкендија од Тетово повторно ја совлада ФЦСБ (некогашна Стеауа Букурешт) овојпат среде Романија со 1-2. По триумфот во Скопје 1-0, Тетовци синоќа триумфираа со головите на Лиридон Латифи во 33' минута и Ване Крстевски во 87-ма минута.

Флоријан Вирц го даде првиот гол за Ливерпул

Со број 58 на дресот кој веројатно нема да му биде конечен сезонава туку ќе избере некој посоодветен, најдобриот германски фудбалер Флоријан Вирц кој е најскапо платен играч во историјата на англискиот фудбал, постигна дебитантски гол за Ливерпул. На пријателска против Јокохама Маринос (1:3). А новајлијата Фримпонг имаше асистенција за гол.

Аларм во Италија: 83 загинати и 5 исчезнати на планини за 1 месец

„Јас, вакво лето, со толку многу загинати на планина не паметам. Над секоја граница сме“, вели претседателот на Националната спасувачка служба на Алпите, Маурицио Делантонио по шокантните вести за огромен број загинати лица на алпскиот масив.

Пеп Гвардиола стана првиот тренер што потрошил 2 милијарди на трансфери

Со последните новајлии во Манчестер Сити, Пеп Гвардиола и официјално надмина 2 милијарди евра потрошени на трансфери во неговата богата и трофејна кариера, стана прв што постигнал ваков рекорд.

Баскет на јахтата на Меџик Џонсон во Барселона

За јахтата на легендарниот Меџик пишувавме во пар наврати. Сега излезе видео од игралиштето за кошарка на самата луксузна чудесија. Со поглед на Барселона, градот во кој пред 33 години на доминантен начин со Дрим тимот освои злато на Олимписки Игри.

Шкотска ангажира авионски стручњаци и пилоти за помош во ВАР соба

Шкотската фудбалска федерација решила да најми авионски стратези кои тренираат пилоти со цел да ја подобри комуникацијата меѓу ВАР собата и теренот во шкотскиот фудбал сезонава.

Е ова треба да се проба

Некогашниот фудбалер на Ливерпул, Флоран Синама Понгол, сигурно заборавен од многу следбеници на Премиер лига, веќе долго време не е активен на фудбалските терени. Ама затоа со уште еден поранешен фудбалер на Ливерпул, Антони Ле Талек смислиле што да поиграат - футголф, супер интересна занимација која секој треба да ја проба.

Вин Дизел одржал мотивационен говор кај Бензема во Саудиска Арабија

Познатиот глумец бил гостин во Саудиска Арабија а при гостувањето го посетил и клубот Ал Итихад на Карим Бензема. Им се обратил на играчите во соблекувална пред нивниот важен натпревар против Ал Наср на Кристијано Роналдо.