Фудбал

Салах и Суарез дадоа мајсторски голови, Ел Хадари фати пенал на 45 години

Фудбалерите на Уругвај го декласираа домаќинот на Мундијалот со 3:0, а Саудиска Арабија ја оствари првата победа на Мундијалите по СП 1994 и му го запиша третиот пораз на Египет со гол во 95-та минута. Голманот на Египет стана најстар играч во историјата на СП.

Шведска застана зад Сириецот кого го нападнаа поради фаул

Џими Дурмаз е роден во Шведска од сириски родители кои емигрирале од Турција. Фаулот кој го направи против Германија после што примија гол беше иницијална каписла за расистите од оваа земја да го навредуваат.

Иранци галамеле пред хотелот на Португалија, Роналдо излегол на прозор

Во пресрет на мечот кој ќе одлучува кој ќе оди во следна фаза, дали Португалија или Иран, навивачите на азискиот состав дошле пред хотелот на Португалија па Роналдо ги замолил од прозор да не прават бучава за да може да спие.

На која репрезентација што и треба во последното коло?

Денес започнува третото последно коло од групната фаза на Светското првенство. Шест тима се квалификуваа а има уште 10 слободни места. Да ѕирнеме на кој што му треба.

Светските прваци во дрога

Со ваква неубедлива игра и само еден освоен бод по првите две кола, селекцијата на Аргентина е многу далеку од освојување на титулата, ама затоа меѓу нив сепак има шампиони кои вешто се обидоа да го сокријат тоа.

Новинарска “двоглав орел“ провокација

Политичката сензибилност и општествената свест на Џака и Шаќири се неразвиени. Требаше да пуштат вечерва да зборува само фудбалот, напиша германскиот весник Ноје цирхер цајтунг. И место да ја стиши атмосферата и да се осврне на фудбалски извештај од мечот, истото го повтори и еден швајцарски новинар. 

Не го викнаа на Светско, ама во Милано го пречекаа како бог

Белгиецот Раџа Наинголан е четвртото засилување на Интер кој се остри за Лига на шампиони. Го купија од Рома за 20 милиони евра за да го засилат средниот ред. Не дека не е одличен, ама навивачите експлодираа како Кристијано Роналдо да дошол.

Колумбија ја испрати Полска дома

Мина, Фалкао и Квадрадо ја декласираа Полска и ѝ ја донесоа првата победа на Колумбија која во третото коло ќе има директен дуел со Сенегал за осминафинале. 

Голот на Крос има и женска верзија, со штикли

Можеби не е толку вреден како на Германецот во 95’ минута, но е идентичен.

Голеада на Јапонија и Сенегал за чекор поблизу до следна фаза

Во една од повозбудливите средби деновиве на Светското, во групата Х, Јапонија и Сенегал ремизираа 2:2 и сега имаат по 4 бода пред последното коло.

Статус на денот за Германија

Со голот на Тони Крос во 95-та минута, Германците ја совладаа Шведска и останаа во игра за осминафинале. Дечкото што го имаше врвниот коментар за Хјустон, сега го има за Германија.

Англија ја потопи Панама со 6-1, хет-трик на Хари Кејн

Англиската фудбалска репрезентација оствари историска победа на Светските првенства а Панама го постигна својот прв гол во историјата на Мундијалите.

Рафаел Маркез е под санкции на Америка - не смее да пие ниту од брендирани шишиња

Рекордерот и главниот прогнаник на Светското 2018 има сериозни забрани. Верувале или не, за 39-годишниот капитен на Мексико и некогашен фудбалер на Барселона Рафа Маркез Светското 2018 е петто во неговата кариера.

Тони Крос - кралот на старата школа кој 4 години носи исти копачки

Додека неговите соиграчи а и многу други фудбалери на денешницата се свилени и носат розеви и жолти копачки облепени со Swarowski кристали, Тони Крос синоќа против Шведска даде еврогол во копачки стари четири години.

Фудбалот е едноставна игра во која на крајот секогаш победуваат Германците

Иако губеше на полувремето, со страшниот гол на Тони Крос, Германија во 90+5’ минута ја победи Шведска со играч помалку и се врати на голема врата на мундијалската сцена.

Мексико е осминафиналист

Ако можеа да го треснат Светскиот шампион, тогаш зошто би им претставувала проблем една Јужна Кореја. Два меча, две победи за јужноамериканците кои си го продолжуваат патот на СП Русија. Голчиште на Ми Сон, ама дури во 93-та.

Шаќири даде гол, ќе го пукам

Тетовски портал објави едно “нормално“ и “едукативно“ видео за славење на голови. Насловено е: „Албанецот не се држи до емоциите, го стрела пиштолот во куќата по голот на Шаќири“. И после зошто ги зборат дека вака се радуваат и на свадби.

И Стефан ли е Албанец?

Стефан Лихштајнер е еден од четворицата Швајцарци во мултиетничката селекција на Швајцарија во која се зборува на 10 јазици. Џердан Шаќири и Гранит Џака при прославата на головите против Србија гестикулираа со двоглавиот орел бидејќи по потекло се од Косово, ама па што има Лихштајнер со тоа? Ништо чудно и појма да нема што значи тој знак со рацете.

Крстајиќ: Некогаш проклетиот Хаг, а сега ВАР

Селекцијата на Србија е бесна за контроверната судиска одлука во ситуацијата кога Александар Митровиќ беше соборен во шеснаесетник. Селекторот удри на Инстаграм, а на нивна страна е и Рио Фердинанд.

Првата седмица на Мундијалот, Белгија го потопи Тунис

По низата не баш ефикасни натпревари во второто коло, конечно видовме голеада на Светското во Русија. Селекцијата на Белгија го декласираше Тунис со 5:2 и му се приклучи на осминафиналното друштво составено од Русија. Уругвај, Франција и Хрватска.

Капитулација на Србија во 90-та минута

Иако постигнаа брз гол по само 5 минути игра, фудбалерите на Србија паднаа физички во вториот дел и го загубија мечот кој ќе ги однесеше во осминафинале. Џака и Шаќири го направија пресвртот по кој сега три селекции во трето коло ќе водат битка за нокаут фаза.

Муса го одра јарецот, Исланд испадна од Светско

Нигерија и Исланд го одиграа првиот меѓусебен натпревар во историјата со оглед на тоа што Скандинавците се дебитанти на Мундијал и Африканците славеа со 2:0. Сега во групата сè е можно а најмногу се надева Аргентина.

Чудесниот потег на Нејмар преку играч

Во самиот финиш, на неколку секунди пред крајот, само што постигна гол, Нејмар кај корнер знаменцето направи и една лудорија.

Бразил се изнамачи со Костарика и спречи сензација

Во второто коло од групата Е на Светското првенство, Костарика оддолеваше до 91’ минута кога Кутињо го скрши отпорот, го совлада Кејлор Навас за на крај Нејмар да го запечати триумфот.