Фудбал

Хрватски репортер на денот

Во сето тоа лудо славје на Хрватите кои славеа победа против Аргентина и пласман во осминафинале, на новинарот на ХРТ му се сипаа неколку навивачи од оние кои сметаат пред камера и две навивачки кои со добра намера му влетаа блиц. Дечкото успеа да се изгради за простор и си кажа сè што науми. Добро изведено на целиот тој хаос. Покачете му дневница.

Аргентинците беа тапа уште во квалификациите

На тие што ги следеа мундијалските квалификации во Јужна Америка, можеби и не им е многу чуден овој расплет со Аргентина кој денеска може да биде кобен. Гаучоците беа пацери во речиси секој меч и кркаа срам со една Венецуела која не успеаа да ја победат во два наврати.

Анонимниот хрватски селектор кој во пустина учел занает - сега прави чуда

Бил тренер на хрватскиот скромен клуб Вартекс и додека чекал повик од Хајдук или Динамо на телефонот му се појавил арапски број. Набрзо сфатил дека во животот најголемите победи се остваруваат со макотрпна работа и поднесување жртва.

Панини сликичките на малиот Бразилец кој нема пари за албум

Педро има 8 години, живее во бразилскиот град Бауру, сака да го собира Панини албумот, но мајка му нема пари за да му ја оствари таа желба. Но Педро е упорно и талентирано дете за цртање и успеа сам да се снајде.

Како Аргентина може во следна фаза?

По бродоломот на Аргентинците, одново се активираа хејтерите на Лионел Меси и неговата репрезентација кои сметаат дека „Гаучосите“ ги изгубија сите шанси за осминафинале. Дали е така?

Што рече Мурињо за голманот на Аргентина

Вили Кабалеро е втор голман на Челси, има 36 години, а изминатава сезона бранеше само три пати во Премиер лигата. Виновник е за првиот гол на Хрватска по што Жозе Мурињо ќе рече:

Меси се враќа дома

И покрај тоа што одговорноста оди кај сите играчи со се селекторот, се знае кој ќе го изеде најмногу по социјалните мрежи по овој висок и срамен пораз на немоќната Аргентина. 

Величествена победа на Хрватска, Аргентина декласирана!

Во ситуација кога на Меси и Аргентина им гореше под нозе, Хрватите ги понижија со 3:0 и се пласираа во осминафиналето.

Мбапе ја носи Франција во осминафинале

По Русија и Уругвај, селекцијата на Франција е третата селекција со две победи по првите две кола која обезбедува пласман меѓу 16-те најдобри селекции во светот. Со 19 години и 183 дена, Килијан Мбапе стана најмлад стрелец на Франција на големите натпреварувања.

Облечи ги истите сандали за Меси да проработи

Во првото коло Аргентина одигра само 1-1 со Исланд а трагичар на мечот беше Лионел Меси кој промаши пенал за 2-1. Една девојка од Аргентина забележала како сопругата на Меси, Антонела Рокуцо на две големи историски победи на Меси во финале на ЛШ 2015 и прослава на титула во Ла Лига 2018 носела исти сандали. Ги замолува сите твитерџии да ретвитаат за Антонела вечерва за дуелот со Хрватска (20 часот) да ги облече истите сандали.

Големо славје во Копенхаген за голот на Ериксен

Данците поведоа со 1-0 против Австралија со голот на Кристијан Ериксен уште на почетокот од мечот кој заврши 1-1 и сега имаат 4 бода. Во Копенхаген на големо се славеше голот на нивниот миленик.

Данска и Австралија си ги поделија бодовите

Иако важеше за благ фаворит, имаше водство и бркаше победа за осминафинале, селекцијата на Данска не успеа да стигне до 3 бода против Австралија која се покажа како незгоден противник. На брзиот и убав погодок на Ериксен, одговори Миле Јединак кој нема утнато пенал за својата земја.

Пародија со Роналдо од дуелот против Мароко

Во паузите меѓу натпреварите на Мундијалот, некој решил слободното време да го искористи за да измонтира вакво нешто со две ситуации од мечот Португалија - Мароко во кои актер е се знае кој.

Роналдо е к`не за работа па и во пинг понг

Во споредбите меѓу Меси и Роналдо, фудбалските аналитичари знаат да кажат дека кај Меси повеќе се работи за талент и дарба, а Роналдо тоа ниво го има достигнато со работа и само работа. Имаме пример кој го потврдува тој менталитет на Роналдо.

Коментаторите на Панама плачеа на химната

Панама го одигра првиот историски натпревар на Светско првенство на 18 јуни. За време на интонирање на химната коментаторите на тамошниот канал RPC се расплакаа во преносот во живо.

Девојката која му вршеше фудбалски пренос на дечкото на Whatsapp

Ситуацијата е следна. Дечкото брзал со кола накај дома за да ја стигне Англија - Тунис, но за да не го испушти стартот барал од девојка му да му пишува што се случува. Фотографијата од текстот на девојката добива 13.000 лајкови на Твитер.

Играа многу убав фудбал, а испаднаа први

Првата шанса за евентуален пласман во осминафинале Мароканците ја пропуштија против Иран кога си дадоа несреќен автогол во 95’ минута а вчера изгубија од Португалија иако играа подобро.

Иранецот кој се изглупира со аутот на крај

Има уште 30-ина секунди да ја нафрли како човек од аут, да пробаат да направат шанса за историско израмнување, тој прави циркус кога најмалку треба. Или треба да е глуп или не знаеме... Се вика Милад Мохамади. Игра бек за рускиот клуб Ахмат Грозни.

Играјте од срце за Оскар - најстариот селектор на Светското првенство кој оди со бастун

Оскар Табарез е најстариот селектор на Светското првенство во Русија. Има 71 година а тешко се движи веќе подолг период наназад. Постојано му е потребна помош а најпроблематично му е да искачува скали.

Три фотографии на денот

Тешко е да се избере фотографија на денот кога ќе ти улетаат вакви. Затоа одиме со сите три комада.

Пепе ако не ги замрси работите нема кој

Фаулите со влечење, тегнење и туркање во шеснаесетник беа и останаа судиско убедување. Некои судии ги свират, други не, веројатно зависи од ситуација до ситуација. Се појави снимка на која јасно се гледа како Пепе скока врз 13-та, ја соборува на земја, а Роналдо профитира од моментот и непречен од никој дава гол. Мароканците со праваа протестираа кај судијата.

Шпанците едвај излегоа на крај со Иран

По минималните победи на Португалија и Уругвај, селекцијата на Шпанија се приклучува на неефикасниот мундијалски ден кој ни донесе само 3 гола на 3 средби. Оваа едвај издвојувана победа на Шпанија со среќниот гол на Коста значи израмнување на табелата со Португалија.

Уругвај со италијански рецепт до осминафинале

Првпат од 1954 година селекцијата на Уругвај врза две победи по ред на почеток од Светско првенство и заслужено оди во осминафиналето.