Фудбал

Мароко играше, Португалија однесе три бода

Во првиот меч од второто коло во групата Б на Мундијалот, Португалија освои драгоцени три бода иако според играта Мароко заслужи да остане непоразен.

Славниот Џерард со Глазгов Ренџерс доаѓа во Скопје

Македонските претставници во Лига Европа не можат баш да се израдуваат нa денешната ждрепка во Нион. Никој од трите македонски претставници не доби лесен противник, осбено не Шкупи кој ќе се судри сo 54 кратниот шампион на Шкотска.

Лошата серија на Светските прваци кои зарибуваат во прво коло

Ако Германија сака да избегне бламажа и да оди во нокаут фаза нека освои како знае и умее 6 бода до крај, а истовремено подобро да не гледа што им се случи на бранителите на тронот во новиот милениум.

Селекторот на Сенегал го менува африканскиот фудбал и носи саат од 150.000 долари

Кога на своите фудбалери ќе им ја пренесеш емотивноста со која ги следат во родната земја, тие ќе сфатат за што се дојдени на Светското. Тоа го направил Алиу Сисе во еден говор пред Мундијалот кога се расплакал.

Лукаку: „Памтам како мајка ми ставаше вода во млекото зошто бевме сиромашни“

Пред мечот со Панама кој го реши со два убави гола, центарфорот на репрезентацијата на Белгија и Манчестер Јунајтед Ромелу Лукаку раскажал за тешките времиња низ кои поминало неговото семејство кога тој бил дете и само што почнувал да игра фудбал.

Служба е служба, дружба е дружба

Еден од полицајците во Ростов на Дон задолжен за чување на редот и мирот во градот решил да им покаже на странските навивачи дека знае повеќе од обична полициска задача.

Изгледа му клизна

Во недостиг на Швајцарци во швајцарската фудбалска репрезентација на човек може и ова да му се случи.

Русија слави нов убедлив триумф

Руската фудбалска репрезентација е на чекор од историски пласман во осмина финале на Светско првенство откако вечерва убедливо го совлада Египет со 3:1.

Две грешки на Полска за три бода на Сенегал

Продолжуваат мундијалските изненадувања во Русија, а нов таков резултат на репертоарот е триумфот на Сенегал над Полска во групата Х, со што се заокружува првото коло од групната фаза.

Хуан Квадрадо како мал се криел под кревет кога го убиле татко му

Во детството Хуан Куадрадо толку често слушал истрели од улицата, што родителите веќе смислиле ритуал за да го смируваат: секој пат кога на улица почнувала жестока престрелка, тој легнувал под кревет и ги затнувал ушите додека пукотниците не се стишаат.

Јапонците ја скротија Колумбија

Џабе се имињата како Радамел Фалкао, Хамес Родригез, Хуан Квадрадо и Карсло Бака, кога Колумбија си имаше работа со подобар противник. Јапонија изненади и со извонреден напаѓачки фудбал полн со шанси, заслужено стигна до првите бодови во групата Х. Првиот црвен картон на Мундијалот го доби Колумбиецот Карлос Санчез уште во 3 минута.

Одличен соседски трол на Англичаните

Со други зборови таблата сака да каже дека ако ви се пие пиво во овој бар, без пари не влегувајте.

Лесна ждрепка за Шкендија во квалификациите за ЛШ

Македонскиот првак на денешната ждрепка во седиштето на УЕФА во Нион го доби велшкиот претставник ТНС а во случај да го помине овој противник ќе игра против победникот од мечот Торпедо Кутаиси (Грузија) - Шериф (Молдавија) во второто коло.

Што работеше полицијата во Исланд за време на мечот со Аргентина

99,6% од луѓето во Исланд во саботата од 15 до 17 часот го правеле истото. Ја гледале својата репрезентација како му вади нерешено на Меси и компанија. Едни од малкумината кои не можеа да гледаат беа на полициска должност.

ВАР проработи, да живее ВАР

Системот за видео-асистенцијана арбитрите секој ден влијае на исходите на дуелите од Светското и има многу докази дека е од корист за правичност на теренот.

Дечки ова е Ростов Велики, а Ростов Дон ви е на 1.294 км од тука

Кога нема да го отвориш сајтот на ФИФА или Википедија и нема да издвоиш барем пет минути за основни информации околу Мундијалот, може да ти се случи и Велес да го бараш во Шведска.

Мурињо ви предложува на кого да се кладите

Откако пред стартот на Светското прогнозираше кои селекции од секоја група ќе одат понатаму, сега после првото коло Жозе Мурињо прави осврт на одиграното.

Наезда комарци на Англија - Тунис

За време на преносот од дуелот Англија - Тунис гледачите можеа да видат како фудбалерите постојано претаат со рацете за да избркаат комарци и мушички на стадионот во Волгоград.

Не е лесно да си Кејн во шеснаесетник

Кога треба да чуваш човек со 135 поостигнати гола за Тотенхем само во последните четири години, тогаш веројатно само боречки зафати вршат работи. Проблемот е што имаше два такви кои судијата ги игнорираше. И Гери Линекер го изговори зборот борење, а дека се чисти пенали се сложија и Фердинанд, Лампард и Ширер.

Кејн ја извади од калта Англија во 91 минута

Со пропуштени шанси во првиот дел и слаба игра во вториот, Англија беше блиску до оние проклети 1:1 на Аргентина и Бразил. Но со гол машината на Тотенхем сè е подруго. Хари Кејн вечерва беше двоен стрелец за 3 бода во групата Г исто колку Белгија.

Белгија фаќа залет за високи дострели

Во првиот меч од групата Г, дебитантот Панама ѝ оддолеа на Белгија во првите 45 минути а потоа следуваа три ефектни гола за први три бода на Белгија во групата.

Шведска може и без Ибрахимовиќ, Скандинавците ја скротија Јужна Кореа

Се одигра и 12. меч на Светското првенство. Швеѓаните освоија три важни бода пред продолжение на групата во која се уште и Мексико и Германија.

Од кај го извади спринтов Роналдо на 33 години?

Има еден детал од средбата меѓу Шпанија и Португалија кој можеби некој го забележал. Кристијано Роналдо во една контра истрча толку брзо, што изгледа како да го прелета теренот. Што од тоа? Епа стигна до рекорд број 3465456 во кариерата, односно стана најбрзиот фудбалер во светот со истрчани 38,6 километри на час.

На Германија и фали Сане, на Сане не му фали Германија

Едно од најголемите изненадувања пред Мундијалот, ако не и најголемо беше изоставувањето на Лерој Сане од списокот на Јоаким Лев. Млад и желен за докажување кој сигурно ќе го освежеше нападот на Светскиот првак кој киксна со Мексико, плус стандарден во составот на Манчестер Сити со кој освои титула.