Скромноста на Модриќ во една фотографија

Првиот човек во историјата на фудбалот кој успеа во една година да стигне до хет-трик на награди (Најдобар на СП, најдобар во ЛШ и најдобар според ФИФА) е центар на внимание. Има пари ако сака да купува по 1.000 телефони дневно од сите најнови и најскапи модели, ама Хрватот по се изгледа не пати од високо.

На церемонијата на ФИФА во Лондон се појави со Ајфон 5С, кој излезе во продажба во 2013-та, а од тогаш се излезени 6-ка, 7-ца, 8-ца и уште ред други модели на Ајфон. 

26 септември 2018 - 14:30