Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски се пласираше во финалето на Лига Купот во Португалија откако со Спортинг ја совлада Брага на пенали со 4:3. Пенал серијата почна ужасно со дури пет утки по првите три изведени серии. Промаши и неговиот колега Нани, а Рики шутираше претпоследен. Во финале ќе играат со Порто кој во другото полуфинале ја елиминираше Бенфика.
Најсмешно од сè е што комшиските клубови Вилјем Втори и Валвајк со години соработувале ортачки, но процентот кој требал да се земе од Ајакс за трансферот на Френки Де Јонг направил цел циркус.
Полјаците се во еуфорија откако вториот нивен расен стрелец по Аркадиуш Милик (11 гола за Наполи досега сезонава), ќе игра во голем клуб. Кшиштоф Пјонтек (13 гола за Џенова) дарбата за решетање ја имал уште во тамошната лига.
Младиот Френки де Јонг е веројатно еден од ретките таленти кој имал проблем речиси со секој тренер во досегашната кариера. Никој не знаел да го препознае неговиот авантуризам на теренот.
На фудбалска мапа на Европа најмногу се знае и пишува за моќните Хорхе Мендез и Мино Рајола кои дрмаат со јаки трансфери, но ние ќе ја ви пренесеме приказната за едно наше, многу амбициозно дете кое на само 23 години почнува да отвора големи врати и да седи на иста маса со големи имиња.
Одиш на базен и дете ко дете носиш пешкир од некој славен клуб кој е ин или од оној за кој навиваш. 12 години потоа истиот тој клуб те плаќа 35 милиони евра за да играш за нив со договор до 2023-та година.
На мечот на кој за Фламенго како позајмен играч заигра толку озборуваниот Габигол, неговиот соиграч Енрике Дурадо постигна маестрален гол за 1-1 против Ресенде.
Се сеќавате ли на Габриел Барбоса, познат како Габигол? Дечкото од што се покажа во Интер ене го сега во Фламенго на трета позајмица во трета сезона после Бенфика и Сантос. На 22 години да се глупираш вака срамота е. На Копакабана ќе завршиш.
Со головите на Кавани и Ди Марија, ПСЖ синоќа го совлада Стразбур со 2:0 во Купот. Еден од противниците фати да го клоца Нејмар, еднаш, два пати, три пати. Овој се изнервира и му направи “мајмунеееее“.
Денес е тешко да се поверува дека еден цар како Зизу сите потези ги ископирал од еден малку познат латиноамериканец кој на крајот решил да остане романтичар и да не тргне по патот на славата.
Има една урбана легенда од Карибите која не е мит, туку жива вистина. Поткрепена е со видео доказ и инфо на Википедија и немојте да очајувате ако не ја сконтате од прва, бидејќи е стварно необична, единствена и неповторлива.
Евроголот на шпанскиот центарфор не беше доволен Фенербахче да го земе целиот плен кај Бурсаспор и да се помрдне од зоната за испаѓање во турската лига.
Одиш кај овој на часови по фудбал. Се појавуваш на првиот и од таму право во амбуланта лонгета да ти стават на фаца. После ова не се гледате повеќе. Ти врти, не му креваш.
Во ден кога цела светска фудбалска јавност се моли за животот на Емилијано Сала, чиј авион исчезна во понеделникот во Ла Манш, Кристијано Роналдо окезен ко Џулија Робертс, прави селфи во авион. Ќе му го препишеме како непромислен и избрзан потег кој наиде на доста критики.
Во слободно време сакал да гледа филмови со Че Гевара, да го чита Коељо, да учи за фенг-шуи и да ја осознава африканската култура од која потекнувал голем дел од неговите соиграчи.
Од авионот на фудбалерот на Нант кој тргна за Кардиф нема ни трага ни глас. Но затоа се појави гласовна порака од неговиот телефон кој не знае човек како да ја протолкува.
Авионот со најскапото засилување на Кардиф кој полета од Нант за Англија, сè уште не е пронајден. Француските навивачи се собраа и разочарани го скандираа името на 28 годишниот аргентинскиот навивач.
На мечот меѓу Гвадалахара и Толука (1:0) во Мексико ниту ВАР системот не помогнал да се донесе 100% исправна одлука. Пред крајот од мечот Толука можела да израмни, топката се нашла на самата гол линија па судијата 8 минути гледал на ВАР (во Мексико нема систем "око соколово").
Втора несреќа за само три месеци во Премиер лигата. Прво загина газдата на Лестер, а сега се чека потврда и за новиот член на Кардиф чиј авион исчезна вчера од радар.
Откако синоќа настапи на мечот Јуве – Киево 3:0, Роналдо немаше слободен ден за рекуперација, туку утринава веднаш замина за Шпанија за се отараси од затворска казна од која со многу пари се отарасуваат сите богати фудбалери.
Арсен Венгер не тренира повеќе од пола година. Го поврзуваа со Баерн наместо Ковач (управата на Баварците демантираше), па со Фулам (Венгер одбил) и во репрезентацијата на Катар.
Најлошата акција од контра во кариерата на Стеф Кари кој излезе сам под кош веројатно е оваа. Плус тука имаш две во едно. Значи две брукања изеде синоќа против Лејкерси.