Самиот Венгер зборуваше дека сака да работи одново, но не знаел точно каде. По некои инфорамции тој веќе не сакал да биде тренер, туку претпочитал да биде спортски директор.
За време на Светското првенство 2018 Арсен работеше како стручен коментатор во студиото на beIN Sports, а во октомври лани кажал дека сака да се врати во фудбалот од 1 јануари.
Но не се врати.
Затоа се појави во видео спотот на францускиот пеач Патрик Фери - ѕвезда на оригиналната поставка на мјузиклот „Нотр Дам де Пари“ (го играл Феба) и тогаш почнал соло кариера.
Клипот за песната Les gens qu’on aime („Луѓето кои ги сакаме“) раскажува за желбата да му се дарува љубов на опкружувањето. Главниот херој се среќава со познати и непознати луѓе, а Венгер ја игра улогата на стар другар на пеачот (2:07). Си даваат рака и одат заедно.
Една од најчестите гласини за иднината на Венгер е дека Милан го сака на клупата. Таму веќе неколку месеци е поранешниот топ-менаџер на Арсенал Иван Газидис а на „Сан Сиро“ дојде и поранешниот шеф на скаут службата на Арсенал за Франција Жил Гриманди.
Минатата есен France Football пишал дека преговорите на Милан со Венгер се близу потпис, но самиот Арсен рекол дека тоа се fake news. Во декември месец одново се зборуваше за тоа, а епилогот ќе се знае кога Гатузо ќе замине од Милан.