Фудбал

12-ти играч на Лацио против Јуве ќе биде играч кој ќе се измеша меѓу ултрасите

Јунакот кој не знае за одмор од октомври 2015-та и кој од тогаш е на терен по 90 минути и тоа со два пати преживеан рак, ја завршува импресивната серија со која му се доближи на Занети. И тоа не по негова вина, туку поради судиски превид.

Неверојатен лоб во Аргентина

Торнеос де Верано или турнирот на Верано веќе 52 години е еден од најинтересните турнири во Аргентина. Се игра пред сезоната, како подготовка за она што ќе следува во текот на годината. Играат 12 клубови од првата лига и тоа најчесто оние најголемите и најпознатите. На мечот меѓу Тајерес Кордоба и Белграно, познатиот шпиц Дајро Морено постигна два гола од кои едниот преубав.

Како Барса го пречека Боатенг

Можеби некој ќе се чуди, ама на Камп Ноу пристигна фудбалер на позајмица од Сасуоло. Но тоа не е било кој, туку сепак искусен 31 годишен фудбалер од среден ред со стаж во клубови како Херта, Тотенхем, Борусија, Милан, Шалке...Барса на Твитер направи штос: Нè повреди, сега помогни ни.

Самба на новиот Бразилец во Милан

Милан овој месец се засили со 21 годишен фудбалер од среден ред по име Лукас Пакета. Малиот дојде од Фламенго, дебитираше во Куп против Сампдорија, а еве што покажа синоќа во Серија А против Џенова.

Смешната случка на Погба, Матиќ и случајни патници во воз

Фудбалските фанатици понекогаш не се свесни за фактот дека колку луѓе има што следат фудбал, толку има и „нормален“ свет што не го занима како 20 и нешто луѓе трчаат по некаква топка како будали. Во ова се уверил и еден Нејт Патрик од Англија

Среќен роденден Ален Бокшиќ

Еден од најпрепознатливите и најславни фудбалски имиња од селекцијата на Хрватска денеска полни 49 години. Важеше за корпулентен напаѓач кој играше за Хајдук, Кан, Олимпик Марсеј, Лацио, Јувентус и Мидлсзбору. Најмногу трофеи освои во Рим, вкупно пет меѓу кои и Скудетото во 2000-та година. Погледнете ја оваа интелигенција.

Е да знаеш со татко ти на времето како игравме

Кога во 1997 година Буфон и Лилиан Турам беа главни во неверојатниот тим на Парма, овој вториот доби син кој сега игра одлично во францускиот прволигаш Генгам.

Унгарија може ќе го екстрадира најголемиот фудбалски „свиркач“

30-годишниот главен информатор на сајтот Football Leaks, Португалецот Руи Педро Гонсалвеш Пинто во моментов е во домашен притвор во Будимпешта и има електронска наногица.

Не старее Кваљарела, ќе брка рекорд на Батигол

Секоја чест за деби сезоната на Роналдо во Серија А и откритието Пјонтек од Џенова, ама пазете го и ова. На повидок е рушење на еден стар рекорд на легендарната 9-ка на Фиорентина, кој може да го урне ветеран кој за 10 дена полни 36 години.

Уште го има осетот и на 35 години

Иако неговиот Феенорд изгуби со 3:1 на гостувањето кај Цволе, легендарниот Робин уште еднаш покажа дека левицата му е како шило. Во 34’ минута израмни на 1:1 од слободен удар.

Меси ако не игра, Дембеле ќе ти го испие мозокот

Ако некој се посомнева дека свежината и брзината на Меси повеќе ги нема, а уствари ги има и воопшто не се избледени, сега тешко на тој што ќе си има работа со нападот на Барса кога и двајцата ќе се најдат во прв состав. Дембеле е фудбалер кој кога ќе тргне со топка одма уфрла во трета. Заклучок: Не се чува детево од што е брзо. Вчера пак даде гол, а пред четири дена му даде два на Леванте.

Можат да им ги купуваат најдобрите, ама не можат да им ја земат душата

Знаете ли кој е прв во Германија, со еден пораз и со најмалку примени голови? Не е Баерн, туку клубот кој најмногу му пркоси на Баерн и кој никогаш не падна во криза и во очај и покрај тоа што им ги разграбаа најдобрите.

На прошталниот меч на Кројф, Баерн намерно го згазил Ајакс со 8:0

„Влегуваме во соблекувална на полувреме и се гледаме меѓу себе. Овие запнаа како да играат финале, а ние се договоривме да му ја даваме цело време на Кројф за он да игра пред публика.“

Судијата кој го исклучи Милнер, му предавал физичко во школо

Ливерпул и Кристал Палас одиграа луд меч со дури 7 гола. Во 89’ минута беше 3:2 а веќе после неколку секунди 4:3 на крајот.

Зидан на часови кај професор Биелса

Тренерската кариера ја почна во Реал, го тренираше две и пол сезони и стигна до 9 трофеи од кои три историски во низа во ЛШ. Ама ЗиЗу е свесен дека и покрај успесите кои сепак ги постигна со врвен состав, има уште фурни леб да јаде за да го испече занаетот, па затоа внимателно го слуша “Лудакот“. Инаку видеово е пред година и кусур, ама фино е да се види желбата на едниот да слуша, а другиот да пренесе.

Добија пенал во 2-ра минута, голманот им одбрани по суфлирање

Иран влезе во четвртфиналето на Азискиот Куп на нации откако со 2-0 го победи Оман. Интересно, мечот само што почна а Оманците добија пенал кој голманот на Иран Алиреза го одбрани откако Сердар Азмун му кажуваше каде да се фрли.

Голманишта на колото

Низа јаки, многу јаки голмански интервенции се за издвојување од колово во кое се истакнаа чуварите на головите на Сент Етјен, Лион, Атлетико Мадрид и Лацио. Која од која поубави одбрани.

Трката на таткото и синот со 5 милиони прегледи

Трка на денот, сеир на денот или татко на денот? Треба да го заобиколат теренот и потоа тој ќе што стаса прв дава гол. Таткото има голема предност и стигнува до целта, но...Инаку да, 5 милиони прегледи има видеово.

Коментар на денот

Не дека насловов е саглам, ама овој што искоментирал е како да ви кажеме :).

Роналдиња

Си биле братче и сестриче. Се пробале еден на еден. Сестричево има 5-ка по физичко без да полага до прво до осмо. За нејзе топката е книга.

Два милиони евра стојат на патот на Ристовски од Спортинг во Лацио

Не сме нешто многу по шпекулациите за трансфери кои кај нас на сајт може да ги прочитате скоро ич, ама ајде да видиме што има на тема Стефан Ристовски во Лацио. За неговиот трансфер во Рим, италијански печат пишуваше денес, пред три дена, а и пред две и пол години.

Дембеле го шекна и Барди и другарите

Барселона синоќа го совлада Леванте со 3:0 и го елиминираше од Копа дел Реј. Играч на мечот беше Осман Дембеле кој беше двоен стрелец. Но баталете му ги головите, бидејќи не се ништо посебно и пазате што им направи на Барди и уште двајца.

Одличен гест на Хуан Мата

На сите клупски обврски со тренинзи, карантини и натпревари во згуснатиот распоред на англискиот фудбал, Шпанецот им посвети време на деца кои цел живот ќе ја паметат и раскажуваат оваа средба со него.

Што рака ќе имаше голманов на Иран

Алиреза Бејранванд, голманот на Иран има фасцинантна животна приказна. Неговата способност да фрла топка како каменче се должи на тоа што како мал бил добар во Дал Паран - традиционална иранска игра во која победува тој што ќе фрли камен најдалеку. Чесно е да се каже дека тоа многу му помогнало.