Фудбал

Енис Барди направи пенал против Реал кој доби и втор непостоечки пенал

По играње со рака на нашиот репрезентативец, Реал Мадрид поведе од пенал со 0-1, домаќините потоа израмнија на 1-1 а до крајот клубот од престолнината доби непостоечки пенал за победа.

Не те вртам 2%, јас ќе бранам

Кога сте виделе последен пат тренер во Премиер лига да прави измена, а играчот да нејќе да му излезе? Па ние не паметиме вакво нешто, а се случи на синоќешното финале од Лига Купот меѓу Челси и Сити. Во маало не проаѓа ова.

Спектакукарен гол од слободен удар на Фиорентина

И покрај предноста од 1:3, Интер не успеа да слави на тешкото гостување во Фиренца кое заврши без победник. Слободниот удар на Луис Муриел za 2:3 е боли глава. Но во судиското продолжение имаше многу погрешна судиска одлука за 3:3.

Што му кажа Клоп на Солскјер кога се поздравија на крај?

Секој фудбалски натпревар, а особено дерби од типот на Манчестер Јунајтед - Ливерпул кога ќе заврши 0:0, ти доаѓа криво што си ја гледал. Толку беше глуп и малерозен натпреварот што само во прво полувреме четворица излегоа од игра поради повреда од кои тројца на домаќинот. Царот меѓу тренерите секогаш оригинален и искрен со коментар:  "Fucking hell, what a shit game".

Шведски фудбалски нонсенс

Куп на Шведска, играат Бромапојкарна и Браге. Гостите во еден момент пробуваат нешто тотално несфатливо и на крај ја губат топката.

Автогол на денот на дербито во Софија

Левски ја победи ЦСКА Софија со 1-0 и го искористи поразот на Лудогорец за да му се приближи на 5 бода на врвот од табелата. Дербито го реши евро-автоголот на Стивен Переира од Зеленор'тски Острови

Зошто е ВАР светска работа

Ако порано намерните удирања, плукања и штипења остануваа незабележани, сега со технологијата ВАР нема веќе трте-мрте. Се гледа секој детал, дури и оној што не можат да го видат судиите.

Некој ја утна работата на Борнмут - Вулверхемптон

На меч од англиската Премиер лига меѓу Борнмут и Вулверхемптон (1-1), во еден момент имаше смешна ситуација со прскалките. Дали автоматски се вклучиле дали некој од луѓето задолжени за теренот решил да си поигра?

Почетино за малку ќе ги заудираше судиите

Барнли со гол во 83' минута го победи Тотенхем 2-1 и толку многу го изнервира тренерот на гостите Почетино кој за малку не се степа со главниот судија Мајк Дин. После мечот се извини за тоа што го направил првпат во 10 години кариера како тренер.

Мбапе проба да се направи на Тошо па доби жолт картон

Во стилот на Анри на времето против Р. Ирска „ако проџе-проџе“, Килијан Мбапе даде гол со рака и проба да се прави наудрен. Со сите квалитети што ги докажа на теренот и заслужено беше избран за најдобар млад играч на светот, Мбапе мора да пази и на човечките квалитети. Моментот од мечот ПСЖ - Ним не му требаше.

Кога Пике ќе се напали во напад

Знае стоперот на Барса да се залета во напад како Седловски што правеше во Динамо Загреб. Ама Гоце ги коваше со глава, а Пике влезе во филм, ама во забавена снимка. Смешки.

Мајсторски волеј на Меси ала Зидан

Тој што го памети финалето од ЛШ 2002 меѓу Реал и Баер Леверкузен знае каква споредба правиме. Овие волеј удари во карате стил се посебно драгоцени и ретко се гледаат. Монструм е човеков. Севиља два пати водеше, ама Лео сам ја реши со хет-трик. Суарез само ги дотолчи во 93-та за 2:4.

Лудачки гол на Алиоски со лоб удар

Фудбалерите на Лидс поведоа против Болтон со 2:1 во 68 минута, а мајсторскиот погодок за второ водство на мечот го постигна македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски. Мајсторски, ама и чуден лоб, не знаеш дали гаѓа во гол или нафрлува. Голманот месечар.

Гатузо: Жена ми ја прави формацијата на Милан

Џенаро Гатузо со нов циркузантски муабет, нешто како редовна пракса на неговите ултра забавни прес конференции откако е тренер на Милан.

Трите желби на Пандев пред да се пензионира

И по 17 години кариера во Италија, Горан Пандев има сè уште желба за фудбал и победи. Толку е мотивиран што вели дека сака да победува и против Јувентус и на натпреварите на тренинг.

Пцовка на денот за Симеоне

Многу реакции предизвика Диего Симеоне со прославата при првиот гол на Атлетико. Мислењата се поделени, едни го обожаваат што е таков, други велат дека е лош пример, а тој изјави дека не навредувал никој, туку им се свртел на своите навивачи за да им каже дека сепак имаат мадиња и против еден Јуве. Него што сакал овој да каже со коментарот?

Како Ванда Нара му влезе во постела на Икарди

Општо познато е дека Мауро Икарди му ја има дрпнато жената на Макси Лопез и од тогаш дежура со газот на социјални мрежи 24/7. Но приказната не оди баш така. Излегува дека таа му се качила нему (на вториот спрат од јахтата), додека Макси бил на прв. А ќе речеш поштена мајка.

Лига Европа: На ждрепката за Динамо најмногу се израдува Хајдук

По синоќешните натпревари во кои ги дознавме осминафиналистите, попладнево во Нион беше извлечена ждрепка за новата рунда во Лига Европа.

Наежување на Енфилд, YNWA ја надгласа химната на ЛШ

Пред почетокот на дербито во ЛШ меѓу Ливерпул и Баерн Минхен (0:0), „црвените“ од КОП ја почнаа, а целиот стадион ја заори химната You''ll Never Walk Alone. Ја надјачаа онаа стандардната на Лига на шампиони.

Претерано добар гол

Во австралиската фудбалска лига, Бризбејн Роар со дури 5:3 го победи Централ Коуст. Првиот гол на мечот го даде гостинскиот играч Ерик Баутеак. Гол? Голчиште!

Дали го видовте првиот гол на Динамо?

Ако треба да се издвои акција на колото и една од најубавите сезонава во Лига Европа ние би гласале за оваа на Динамо Загреб. Понекогаш многу поубави се ваквите едноставни голови од изработена акција во која ги изораа како бавча. Барселона акција.

Судија не му давај црвен жити очи

Играчот на Динамо Брест Александар Нојок на мечот со Астана го држел за рака судијата да не му покаже црвен картон на неговиот соиграч Кисљак кој брзински доби два жолти.

Што купи 19 годишен фудбалер на Манчестер од прва плата?

На тие блесави години, најголемиот дел играчи сигурно ќе ја купат најбесната кола која им доаѓа на памет, ама дете од Манчестер Јунајтед покажа многу сенс и благодарност кон тие што му ја дале шансата после од каде си го трасираше патот.

Челси доби едногодишна забрана за трансфери

Англискиот премиерлигаш во следните два преодни рока, летниот и зимскиот, нема да може да купува засилувања на трансфер пазарот. Ова е одлука на ФИФА.