Фудбал

Дечко, комотно конкурираш за наградата гол на сезоната

Фламенго и Брагантино поделија по бод на мечот од бразилската Серија А. Мечот заврши 1-1 а ќе се памти по неверојатниот гол на гостинскиот играч Клаудињо.

Одлични вести од САД, Македонија добива засилување од МЛС лигата

Македонската фудбалска репрезентација ќе го освежи нападот и тоа веројатно уште следниот месец. 24 годишниот напаѓач на Лос Анџелес, Даниел Мусовски прифати да го облече нашиот национален дрес.

Жозе зошто те нема во книгата на Венгер?

Време е да се вратиме кај Специјалниот после она епско мерење на пречката на Градски и да чуеме што има да одговори на новинарско прашање, зошто го немало во биографијата на легендарниот тренер на Арсенал со кој биеа многу битки на островот.

Точно 16 години од дебито на најголемиот

На 16 октомври 2004-та на меч против Еспањол влегува во игра наместо Португалецот Деко и дебитира на официјален меч.На 17 години 3 месеци и 22 дена. Веројатно ни самиот несвесен што ќе направи во следните 16 години. Најголемиот на сите времиња.

„Седиме во хотел, одеднаш влегува Ескобар со оружје и 250.000 долари да судиме за нив“

Колумбиецот Пабло Ескобар, најголемиот нарко бос на светот во ’80-те и ’90-те години е лик за кој се снимени многу документарци, играни филмови и серии. Фудбалски судија раскажа за една опасна епизода од тоа време.

Дај бе шутни ја, што чекаш?

Јокохама против Сагамихара. Се игра 95-та минута, резултатот е 0:2, а голманот на домаќините влегува во шеснаесетник на корнер за бар да намалат. Арно ама ја губат топката и еден од гостите оди во контра за да ги докрајчи. Даде гол на крај, ама не измасмеа за сите пари.

Силната врска меѓу Тоше и македонската репрезентација

На денешен ден пред точно 18 години се случија незаборавните 2:2 против Англија во Саутемптон, датум на кој пред 13 загина нашата поп икона Тоше Проески. Голем навивач на македонската фудбалска репрезентација од кој останаа траги за долго сеќавање.

Конечно: Селекторот Ангеловски го контактирал Мусовски од САД

24-годишниот напаѓач на тимот на Лос Анџелес, Даниел Дени Мусовски важи за големо откритие на новата сезона во најдобрата американска лига МЛС. По неколку наши и пишанија на наши колеги, селекторот Ангеловски го исконтактирал.

Бразилскиот голман кој за 18 часа бранеше за репрезентација и клуб во различни земји

Главен јунак на Бразил на мечот против Перу на гости во квалификациите за Светско првенство 2022 стана Нејмар. Бразилците се извадија со 2 пенали и со црвен за домашните кои водеа 2-1, ама ретко кој го спомнува и малку познатиот голман на кариоките.

Еден град, два света - кој е домаќин и главен во куќата?

На 17 октомври во 18 часот во рамки на 4. коло од Серија А се игра големото градско дерби Интер - Милан. Двата клуба во моментов статистички имаат најдобри резултати и најдолга серија без пораз меѓу сите тимови во Италија.

Баерн има ново чудо од дете

Баерн искористи простор меѓу репрезентативен и клупски фудбал да одигра меч од Купот на Германија против Дирен. А таму талентот го докажа Џамал Мусиала кој има само 17 години.

Расказот на првиот црнец кој заиграл за Германија

Роден во 1946-та година во Минстер (Германија), Ервин Костеде, кој играл шпиц и се изнадавал голови за Минстер, Дујзбург, Стандард Лиеж, Кикерс Офенбах, Херта Берлин, Борусија Дортмунд, Лавал, Вердер Бремен и Оснабрик, во 1974 дебитирал за Германија.

Јапонска HD снимка од најпознатите мундијалски пенали 1994

Сме ги гледале многу пати, но обично од оној стандарден страничен агол. Ова е снимано од чело и ја доловува убаво целосната слика со се гужвата зад гол. Финале на СП 1994, Бразил - Италија 3:2. Промашуваат иконите Барези и Баџо.

Пример за заштита на репрезентативниот колега од хејтерите

Оваа статија не е за Столе кој треба да поработи малку на себе и да се преиспита што прави, туку за Златната копачка на Европа од минатата сезона кој беше распнат на крст поради слабо одигран натпревар.

Британски твит на денот за комшија на Џани Алиоски

По пеналот кој го заработи Ѓоко Зајков, селекторот Ангеловски не чекаше ни секунда и одма му покажа со прст на Алиоски тој да го изведе. А Џани, можеби најдобар пеналџија во репрезентацијата, маестрално погоди за 1-1 и важен бод со играч помалку. Алиоски важи за еден од луѓето задолжени за добра атмосфера во соблекувална, а со тоа ќе се сложат и комшиите во Лидс.

Во Боливија се качувале на планина за со двоглед да го гледаат Меси

Гостување во Боливија е необично искуство низ кое поминува секоја репрезентација во Јужно-американските квалификации за Светско првенство. Стадион на највисока надморска висина на свет, играчите пред мечот се спремаат со кислородни боци.

Како би го викале Столе во Битола?

Го напушти шеснаесетникот, мислиш Ноер е и со цел памет намерно со рака ја удри топката и плус го лажеше судијата дека не било рака. Со Косово па не ни ја исфрли, ни ја земаа и ни дадоа гол, а се сеќавате со Ерменија на претходните Лига на нации? Со право го мајтапат. Многу киксови во низа.

Столе, бар рабона да пробаше ко Бразилецов

Во бразилската најдобра лига, Коритиба го изненади Палмеираш со 1-3 на гостински терен, па нивниот голман Вилсон си дозволи и да прави будалаштини. Ама за разлика од нашата глава букова, овој барем добро пројде.

Кога не знаеш што е поубаво дали асистенцијата или голот

Неколку занимливости од мечот Сантос - Атлетико Гојаниенсе. Прво гостинскиот играч Жандерсон ги направи салата при еден напад, а второ му асистираше на пазете, бразилскиот Кореец Франциско Хјун сол Ким (29 години) кој постигна страшен гол.

Македонија - Грузија, 2 епизода 1:1 - следи 3 дуел за Европско

Во 4. коло од Лига на нации, Македонија ремизираше 1:1 (0:0) со Грузија и освои важен бод, особено ако се знае дека повеќе од 20 минути игравме со играч помалку поради глупоста на Столе Димитриевски.

Кога Мбапе го имитираше Роналдо

До вчера го гледаше само на тв, му се восхитуваше и лепеше постери од него, а сега имаше прилика и да игра против својот 13 години постар идол. Плус има и снимки како го емитирал како младинец во Монако.

Како чичко Дешам се разбра со децата, смартфоните, социјалните мрежи и стана светски шампион

За да те почитуваат клинците на кои можеш да им бидеш дедо, не можеш само да бидеш строг со нив. Мора да изнајдеш начин на кој взаемно ќе се респектирате. Еднаш Дешам им пуштил современ рапер во автобус, тие му вратиле со баритон и класика од негово време.

Сторијата за Коле кој молзе кози, пие литар млеко на ден и игра фудбал на 66 години

Ај сега да одмориме со Лига на нации затоа што имаме врвна локална приказна во која јунак е Драгиша Косниќ, веројатно најиздржливиот фудбалер со кариера долга фасцинантни 52 години. Син му се откажал уште во младинци, а тој нема намера да застане.

Радоста кога ќе победиш на гости после 7 години и тоа во 96-та

Имаат 500 и кусур илјади жители, 186-то место се на ФИФА и годинава го имаа победено само Гибралтар. Толку многу чекаа и посакуваа гостинска победа, што стрелецот ќе го задушеа кога му направија туш.