Сигурно многу од вас ја имаат товарено кец и сте биле убедени дека ќе тепаат, но поранешниот светски и европски првак и со препознатливата доминантна игра не успеа да направи ништо.
Многу често се случува после ждрепките за големите натпреварувања да прочитаме десетина наслови и воведи каде се спомнува „група на смртта“. Од каде проистекнал овој термин?
Тотално лудиот гол на Патрик Шик, репрезентативецот на Чешка кој од пола терен го фрли Маршал во мрежата нè навраќа на некои слични погодоци после кои цел стадион се држеше за глава.
И покрај извинувањето, Фудбалската федерација на Македонија испрати допис до УЕФА поради навредите на национална основа на Марко Арнаутовиќ до Џани Алиоски.
Конечно е спуштена топката и може да се зборува за фудбалски теми. Езџан Алиоски во кратка изјава објасни што биднало после дуелот со Австрија кој остана во сенка на екцесот на Марко Арнаутовиќ.
Откако целиот свет се обедини во желбите најдобриот фудбалер на Данска што поскоро да оздрави и да се опорави, Кристијан сега му одговори на светот со голема благодарност.
Фудбалерите на Аргентина со 1:1 го стартуваа првото коло во Копа Америка против Чиле, во меч на кој Меси го мина Роналдо по број на голови од слободен удар, а пред стартот домаќините приредија шоу за починатиот Диего Марадона.
Пред мечот со домаќинот Унгарија против која Португалија ќе го отвори Европското првенство 2020, Кристијано Роналдо демонстрираше дека водата му е избор пред Кока Кола.
Го постигна на Европското 1996 со опасна финта и волеј и тоа на дербито против Шкотска. Не можеше послатко и поспектакуларно. Еврогол за паметење кој помина низ сите најавни шпици.
Шпицот на Баер Леверкузен Патрик Шик стана права ѕвезда во досегашниот тек на Европското откако денеска со два супер гола ѝ донесе победа на Чешка против Шкотска.
Она што беа Северно Ирците на Евро 2016 во Франција, сега се нашите навивачи во Романија. Во Букурешт песна не престанува, а журката не ја прекинуваа ни обилните монсунски дождови.
Еден од домаќините на Евро 2020, Англија на својот „Вембли“ со 1-0 го победи стариот должник Хрватска и колку толку им врати на „коцкестите“ за сите претходни порази. Англија играше во најсилен состав а десниот бек Кајл Вокер во еден момент како да тргна по слепа уличка.
Имобиле, Роналдо, Балак, Друловиќ, Паненка, Клинсман, Зидан, Руи Коста, Нистелрој, Пирло...Сè се тоа фудбалери кои дале гол со 30+ на ЕП, но никој од нив на годините кои ги има нашата легенда пред која има само едно име на вечната листа.
Холандија не пушта странци па така украинската публика во Амстердам беше составена претежно од тамошни резиденти. Мечот беше најубав на Европското досега а помина во добра атмосфера и на трибините каде еден холандски навивач им честиташе на Украинците на евроголот на Јармоленко.
Укусот на сељачко однесување на синоќешното деби на Македонија на ЕП го остави Марко Арнаутовиќ кој по третиот гол се истакна со ароганција скроз непотребна, особено на решен меч.
При резултат 1-1 додека Австрија почна да го префрла тежиштето кај нашиот гол и да удира од сите страни, тргнавме во една брза контра во која Енис Барди на чудесен начин го пронајде Бобан Николов кој промаши убава прилика за водство.
Во нашата група синоќа на два меча паднаа 9 гола! Македонија изгуби од Австрија 3-1 а Украина изгуби од Холандија 3:2 и тоа со гол примен во 85’ минута од мечот.
Сонот наш од детство е остварен. По 30 години од осамостојувањето, Македонија дебитираше на Европското првенство. Во Букурешт бевме па речиси како домаќини, со 4.000 навивачи на трибини и со многу емоции кај Мрме и неговите избраници кога се интонираше химната. Ова е снимка за историја.
Почетокот на Евро2020 за нашата репрезентација беше пропратен со громогласно пеење на националната химна, испеана од повеќе од 4.000 грла. Момент на гордост за секој Македонец.
Македонската фудбалска репрезентација доживеа пораз во првото коло од групната фаза. Австрија - Македонија 3:1 (1:1). Капитенот Пандев стана втор највозрасен стрелец во историјата на европски првенства. Следен ривал Украина во четврток.
Вардар vs Динамо Букурешт, 1985-та, 1 коло во Куп на УЕФА. Поминаа нашите со вкупни 2:2 поради гол на гости кој го постигна легендарниот Васил Рингов, кој се проби како шило во среден ред. На тој меч настапија и Панчев, Савевски, Канатларовски, Јаневски, Сетинов...