На неколку часа пред историскиот прв настап на Македонија на Евро2020, против Австрија, селекторот Игор Ангеловски на своите профили на социјалните мрежи пиша емотивна порака.
Искусниот капитен на репрезентацијата на Данска Симон Кјер во драматичните моменти со Кристијан Ериксен испадна голем херој кој буквално беше насекаде.
Холандија под водство на Франк Де Бур е далеку од нивото на кое навивачите сакаат да биде. „Лалињата“ се во наша група со Македонија, Австрија и Украина, а на последниот тренинг пред мечот во Амстердам меѓу Холандија и Украина, домашни навивачи со летечка порака му порачале:
Почетокот на Евро2020 ќе се памети по добар фудбал но и по потресителните сцени од Копенхаген. На стадионот „Паркен“ гостинските навивачи од Финска во еден момент скандираа заедно со домашните. На повикот „Кристијан“ од гостинскиот сектор, Данците одговараа со „Ериксен“:
Белгија ја оправда улогата апсолутен фаворит во групата Б од Европското првенство откако со 3-0 ја прегази Русија среде Санкт Петербург. Лукаку на двапати и еднаш Томас Муние беа стрелци за „Црвените ѓаволи“. Ромелу имаше порака до другарот од Интер Кристијан Ериксен.
Дојде денот. На 12 ноември 2020-та испишаа нова страница во македонскиот спорт, а денеска тој момент ќе го доживеат. Само храбро јунаци. Цела Македонија е со вас.
Прво излезе бордо боја на која реагираше цела македонска јавност и кој му го утрапивме на Папата. Ама големото незадоволство ФФМ го сконта, па реши да го врати стариот кој види богати, ЕСПН го прогласи за најубав на ЕП 2020.
Почна лудилото во предвечерието на дебитанскиот настап на Македонија на ЕП 2020. Македонските навивачи се котат во престолнината на Романија, а од поддршка даваат и Ѓорги Христов и Столе Стоилов. Весело е.
Додека целиот стадион „Паркен“ и милиони гледачи ширум светот беа во состојба на шок, докторите на репрезентацијата на Данска експресно реагираа и го реанимираа Кристијан Ериксен кој се струполи на теренот во 43' минута од мечот Данска - Финска од 1. коло во група Б.
Фотографијата за која се молеше Данска, противникот Финска, цел стадион, а и сите што беа сведоци на стресните сцени од крајот на првото полувреме на мечот. Кристијан Ериксен е пренесен во болница и е во стабилна состојба, потврди УЕФА.
Македонија во недела од 18 часот ќе дебитира на најголема европска сцена, на Националната Арена во Букурешт. Прв ривал е Австрија а веќе се знае и гарнитурата со која ќе истрчаат нашите фудбалери.
Како еден од главните спонзори на Евро 2020, германскиот гигант Фолксваген смисли интересна идеја како да стигне до публиката. На нивна количка на далечинско управување до центарот на теренот беше донесена топката со која се играше мечот на отворањето Италија - Турција (3:0).
За разлика од 2016-та година кога Австрија за вторпат во историјата се пласираше на едно Европско првенство откако во 2008-ма беше ко-домаќин со Швајцарија, овојпат тамошната јавност нема големи очекувања од својата репрезентација.
Првиот ги удри темелите во Крањ, вториот ги коментираше двата гола на Пандев против Шпанија на Градски, а третиот историското реми против Англија. А да е само тоа.
Умберто Тан е радио и тв водител од Холандија. Воглавно се бави со спортски теми. Последен гостин му беше Руд Гулит кој на инсистирање на водителот раскажа една анегдота од времето на Милан кога тренер беше Саки.
Во врска со европското првенство во фудбал, кое што почнува денес, а Македонија игра за првпат, да се потсетиме на неколку правила кои највеќе ги засегаат нашите девојки, жени и останати не-гледачи на фудбал.
Со натпреварот Италија - Турција од 21:00 часот на стадионот „Олимпико“ во Рим ќе стартува големото и долгоочекувано Евро 2020. За првпат во историјата на еден голем турнир ќе играат и дебитантите Македонија и Финска. Што сè ќе има на Европско летово?
Свесни се многу добро за нашиот капитен, за тоа на кој играч да се внимава, како и од каде доаѓа опасноста пред гол, но да се само овие тројца. Имаме ние и други силни оружја.
Португалија ќе има пеколно тешка задача да го одбрани трофејот на ЕП, бидејќи се падна во група со Франција, Германија и Унгарија. Но Кристијано Роналдо не го дава трофејот и им бега на сите ѕвезди меѓу кои и на нашиот капитен. Цртаниот филм е објавен на британски „Гол“.