А како и секогаш задолжен за забава вон фудбалските терени е Џани Алиоски, кој првата туристичка фотка од Букурешт ќе му биде во романско полициско возило. Сликата стаса и до Лидс.
„Дека е Тоше, каде е Тоше, прашува Илија Мерџановски? Тоше е по риба во викендицата. Пола саат мора да возиш со чамчето. Нема поголема љубов и мир од тоа за него“, раскажува првиот човек на КФМ.
Весело е во хотелот кај што престојува нашата селекција. Елиф Елмас и другарите решија да ги пуштат до даска звучниците. Нека биде вака весело момци во текот на цело Европско.
Гестот со клекнување на колено кое едно време симболизираше борба против расизмот и од САД се прошири на Европа, претходниот период беше злоупотребен од разни групации кои го исполитизираа, па сега ни црнци веќе не сакаат да клекнуваат со подигната тупаница.
Едно време бевме репрезентација за потсмев и не можевме Андора да ја тепаме, а сега стекнавме култен статус кој не се гради преку ноќ и кој го имаат изградено на пример ракометарите. Некако сè е во знакот на нашите јунаци. Се снимаат реклами и песни, ги бараат за интервјуа и автограми, а најугледните светски медиуми без застој пишуваат за нив. Баш убаво е и ова видео. Европско ќе се гледа и во Канада.
Секој човек има некоја постапка од која се срами кога и да се потсети на тоа. Тоа се епизоди кои не се бришат лесно од сеќавање. Таков настан има и легендарниот Франческо Тоти кој вели дека сакал да пропадне во земја тогаш.
Почнаа да стигнуваат прашањата „Екселот кога ќе го дадете?“, а ние тука не смееме да кикснеме, бидејќи тоа ни стана традиција на секои две години откако ни постои сајтот. Бујрум момци и девојки, еден ден порано.
Португалија со сигурност е фаворит број 1 за титулата европски шампион. Португалците ќе го бранат пехарот освоен во 2016-та а за таа цел на Европско одат во страшен состав. На последната проверка пред турнирот, со 4-0 го демолираа Израел. Бруно Фернандеш даде два гола од кои последниот на мечот вреди да се гледа неколку пати.
Последниот слободен удар за репрезентација го реализираше лани во септември против Швајцарија, а за Јуве во три сезони успеа да постигне само еден. Синоќа даде гол од игра против Израел кој го совладаа со 4:0, ама кога се намести на слободен, како да ви кажеме. Столче ќе скршеше.
„Вардар беше репрезентацијата на Македонија, локомотива на македонскиот фудбал. Ова како намерно да е. Ми е страв дека ќе го снема“, вели емотивно струмичанецот за скопски Вардар.
Во групата Б на Европско првенство, Белгија ќе игра против Данска, Русија и Финска. Белгијците имаат многу шарен етнички состав но кај нив тоа е сосема вообичаен секојдневен дел од општеството.
По 25 годишната авантура во мали клубови, доби доверба да ги води Наполи, Челси и Јувентус. Асоцијација е за цигара, без која не се појавува во уста и токму со неговиот омилен порок, клубот кој го ангажираше ја соопшти официјалната соработка.
Не стивнуваат позитивните зборови за нашата најголема фудбалска легенда од сите страни на светот. За Гоче пред Евро 2020 пофално се пишува од Австралија до Америка.
Тоа што функционира на пример кај Србите и Хрватите, конечно ќе биде регулирано и кај нас. Спортските натпревари на наша територија ќе ги гледаме и слушаме со македонски коментатор.
Сè почна од Меси кој прво се обиде да нафрли, а потоа со еден несмасен потег го насмеа коментаторот. Од карамболот профитираше фудбалерот на ПСЖ, Леандро Паредес кој се проби како шило преку цела одбрана и погоди за 0:2. Колумбија сепак освои бод во овој квалификациски меч за СП, со гол во 94-та.
Оливие Жиру синоќа беше двоен стрелец на пријателската против Бугарија која заврши 3:0, но шоуто го украде Антоан Гризман кој на домаќински начин се справи со една одбиена топка на гостите.
Што направил Пандев во продолженијата од Куп финалето меѓу Академија Пандев и Силекс? Што зборувале со Џиџи Буфон на загревање кога ги снимија неодамна? Како реагирале неговите деца кога го прелистале албумот Панини?
Со оглед на тоа што нашето домашно првенство е такво какво што е, добро е што имаме макар тројца претставници од Прва македонска лига. Сите други играат во странство.
Нашите ги испратија со вода за среќа, а домаќините ги пречекаа со брендиран автобус и веднаш уште на скалите од авионот се сликаа со нашите ѕвезди. Македонското знаме е развиорено уште на аеродромот во Букурешт. Историјата е испишана. На лице место.
Германците и се истурија синоќа на Летонија пред Европското со 7:1 и тоа со седум различни стрелци. Внимавајте добро на надворешниот фелш на Матс Хумелс до Гнабри, кој потоа ја заврши домаќински.
Бандата на Мрме се одјави утринава од Хилтон и со чартер лет заминува за Букурешт каде на 13-ти и 17-ти јуни, гордо ќе ја пее македонската химна. Вода им истурија, за да биде со среќа и со лесно.
Прв тест позитивен, втор пак позитивен, па дури од трета мајка се смилува и кога им се придружи на другарите, најјак беше Џани кој не сакаше да го гушне. Мрме рече, не тргаме за Букурешт без Барди и ете го се врати жив и здрав во 5 до 12.