Фудбал

Во Танзанија се случи најбрзиот пенал во историјата

Квалификациите за Светското во Катар кои се играат во Африка деновиве ни носат разно разни занимливи сцени, а последната се случи на мечот Танзанија - Мадагаскар. Домаќините ја изведоа од центар, а гостинските голман со несмасна реакција успеа да направи пенал за рекордни 5 секунди игра.

ТВ пренос ќе има кога ќе си го видам тилот

Африканците се надминаа себе си во бојкотирање фудбалски натпревар од мундијалските квалификации. Не сме сигурни дека вакво нешто до сега се случило во било кој спорт во историјата.

Жан-Пол Белмондо бил голман, потпретседател на ПСЖ и боксерски шампион во Париз

На 6 септември 2021 година на 88-годишна возраст почина Жан-Пол Белмондо, култниот француски актер чие име го знаеа многу генерации. Неговите филмови беа популарни на сите континтенти.

Спектакуларен пречек за Рибери во Салерно

Навивачите на Салернитана се во еуфорија поради новото засилување кое се вика Франк Рибери. Шоу му направија на стадион.

Теренот на Градски е нерамен и полн со дупки, Романците се жалат

И во ек на најубавите мигови кои ги живееме со македонската репрезентација, која не израдува со пласман на Европско, а сега игра за пласман на Светско, мора нешто да шкрипи во фудбалска Македонија. Тревата е за никаде и ќе стане ораница ако вака се однесуваме, а веќе и почнува да станува.

Парола на денот од италијански навивач

Италијанската фудбалска репрезентација очигледно уште е под импресии од освоеното злато и шампионски пехар на Европско првенство летово, па не победија на два меча по ред во квалификации за Светско 2022 и тоа против Бугарија дома само 1:1 и со Швајцарија на гости 0:0. Ама во Базел еден навивач извади јака парола.

Што точно се случи во Гвинеја каде репрезентацијата на Мароко едвај спаси жива глава

Во Гвинеја минатиот викенд имало воен удар, преврат и промена на власта со вооружени судири и голема тензија. А сред главниот град квалификации за Светско првенство требаше да играат Гвинеја и Мароко. Гостите едвај излегоа до аеродром кој бил блокиран.

Слободен удар на пакистански начин

Михајловиќ, Жунињо, Бекам, Роберто Карлос, тие со нивниот мајсторлук го држат европскиот фудбал и уште им нема замена. За Азија си има друг човек и тој обично не ги изведува од центар, туку од Ѓорче.

Место да влезе со топка во гол, тој едвај ја погоди и се посрамоти

Евиденс Макгопа од Јужна Африка го направи најнереалното фудбалско промашување оваа година, откако се ушепртља пред гол без никој да му смета. Среќа што неговите дадоа гол во 83-та минута за победа против Гана во мундијалските квалификации.

Куче влета на центар шут и даде гол

Депортиво Сан Мигуел поведе против Реал Сарагоса со 1:0 по одлично изведен центар шут надополнет со убиствен голгетерски инстинкт. Aко се фраери во Чиле ќе го признаат и ќе пишат во записник дека го дал куче. Единствени ќе бидат, бидејќи ова не се повторува ни по 100 години.

Остај ги ти Аргентинците, Мароко со војска ги штитеа да не загинат

Бурна неделна ноќ во мундијалските квалификации, ама најбурна во Гвинеја, каде гостуваше селекцијата на Мароко и едвај чекаше да фати џаде. Натпреварот беше одложен поради воен удар, а фудбалерите беа штитени со војници, наоружани до заби за да ги пренесат од хотел до аеродром.

Освои 23 трофеи со Баерн, ама Салернитана си е Салернитана

Меси во ПСЖ, Роналдо во Манчестер Јунајтед, Лукаку во Челси. Тоа се гола вода трансфери во однос на денешниот. Скролаш на Твитер и го гледаш Франк Рибери сликан со шал на Салернитана. Па нема појако.

Џиџи Буфон претрча цел терен за 11 секунди за да прослави гол на Парма

Во неделата Парма го совлада Беневенто со 1-0 со гол во 90+7’ минута, буквално во последните секунди од мечот. Џанлуиџи Буфон кој летово се врати во матичната Парма, на 42 години бранеше цел меч па за погодокот трчаше како на млади години за да прослави со соиграчите.

Како изгледа рекордната серија на Италија од 36 натпревари без пораз?

На 5 септември 2021-та во Базел се испиша нова страница во историјата во репрезентативниот фудбал, на која ќе бидат запишани Роберто Манчини и неговите јунаци кои пред неполни два месеци станаа Европски прваци.

После слободните на Меси, не чуди што Бразил ја прекинал средбата

Пред мечот Бразил - Аргентина во Ресифе, Лионел им шутира слободни удари на голманите додека се загрева. Во мајтап аргентинските навивачи коментираат дека после тоа што го виделе, Бразилците рекле подобро да не играат со него.

26 години од најлудиот голмански потег некогаш изведен

На 6 септември 1995-та година, на стадионот „Вембли“ пријателска средба играа репрезентациите на Англија и Колумбија. На трибините имало околу 20.000 гледачи кои во живо биле сведоци на еден луд потег таа вечер.

Гол број 1 на репрезентативните битки е на Фергусон

Се изнадаваа синоќа голови многу познати имиња како Лукаку, Азар, Кејн, Левандовски, Вернер, ама никој не распали како Шејн Фергусон кој со проектил и донесе гостинска победа на Северна Ирска против Естонија.

Ван Гал за вакцините

Селекторот на Холандија, Луј Ван Гал во еден муабет со младиот талент Квинтен Тимбур, додека се ракувале му рекол: „Јас сум вакциниран, а ти?“, Тимбур одговорил потврдно: „Да“ на што Луј кажал: „Фала Богу, не си ти идиот“.

Фарса наместо топ фудбал: агент го прекина дербито Бразил - Аргентина

Во квалификациите за Светско првенство 2022 најголемото јужно-американско дерби Бразил - Аргентина не беше прекинато поради некакви нереди или нешто слично, туку од една чудна сцена.

Голема штета во Рејкјавик, Македонија водеше 0:2 и не успеа да победи

По разочарувачкото реми против Ерменија, македонската фудбалска репрезентација повторно освои само бод, но овој е како пораз. 65 одлични и доминантни минути против Исланд ги прокоцкаа за 6 минути. Mногу наивно.

Стадионот во Кабул - место за фудбал и за јавни погубувања пред натпреварите

Во Авганистан веќе ништо не е исто како претходно, па така ни фудбалот, игра која до пред неколку години била многу популарна а репрезентацијата напредувала доста на ФИФА ранг листата.

Каде е и што прави најлегендарниот српски тренер на сите времиња?

Секој што прати фудбал и гледа видеа на Јутјуб не постојат шанси да не ЧУЛ за Драганееееее. Се вика Светислав Стевановиќ, го викаат Лимени, има 73 години и уште ги кине живците како тренер на Раднички во село Ратково. 1% не попуштил во темпераментот на клупа, кој му е уникатен и со кој си изгради имиџ.

Новото засилување на Реал се претстави со убав гол против Македонија

Меѓу многумината талентирани деца во Европа родени после 2000-та, внимавајте добро на Едуардо Камавинга. Има само 18 години, а Реал Мадрид кој подолго време го следеше, му скоцка договор до 2027-ма. Го споредуваат со Погба.

По 28 и пол години прекината грандиозна серија на Шпанија

Викинзите од Шведска веќе по којзнае кој пат се покажуваат како тврд орев за фудбалската репрезентација на Шпанија. Во четвртокот вечер во Стокхолм домаќинот славеше 2-1 и прекина една децениска серија на „фуријата“.