Раџа Наинголан ладно пушел цигара на клупа за резерви

Некогашниот белгиски репрезентативец во еден период од кариерата беше меѓу топ5 најдобри играчи во Европа на неговата позиција. Фанатичен борец кој скоро цела кариера ја помина во Италија, во Пјаченца, Каљари, Рома и Интер. Пред некое време се врати во родниот клуб и град Антверпен каде сега е суспендиран на неопределно време зошто пушел на клупата за резерви.

„Јасно е договорено што нашиот клуб очекува а што не очекува од играчите“, пишува во соопштението на Антверпен а легендата Раџа одговорил: „Клуб донесе одлука која мора да ја прифатам, иако мислам дека е преостра.И покрај тоа ќе продолжам да придонесам на каков било начин“.

Сезонава на 18 меча Наинголан постигнал 3 гола и 2 асистенции. Ова се случува во ситуација кога Антверпен игра одлична сезона, втор е на табела со само еден бод зад лидерот Генк и со дури 10 победи на 12 меча.

 

18 октомври 2022 - 13:57