
Пред мечот тренерот на Рома Жозе Мурињо со кого Станковиќ освои историска триплета кога со Горан Пандев беа дел од Интер, Португалецот го гушна Србинот.
„Што му кажав? Па не сакам да ви откривам премногу но го прашав дали се сеќава на еден неверојатен гол кој го постигна на овој терен, тоа беше гол од половина терен. Ми кажа дека многу ме сака, а и јас многу го сакам него“, кажа Жозе кој со Рома игра топло-ладно сезонава.
𝗠𝗢𝗨 𝘅 𝗗𝗘𝗝𝗔𝗡 🥰🥰🥰 @ASRomaEN #SampRoma pic.twitter.com/UKLLgZQDKp
— Lega Serie A (@SerieA_EN) October 17, 2022
Станковиќ две и пол години беше тренер на Црвена звезда каде се калеше и постигна одлични резултати со овој клуб во еврокуповите.