Нголо Канте (Франција)
Фудбалерот од среден ред на Челси имал проблеми со потколеницата а процесот на опоравок неочекувано му се пролонгирал како што потврди и менаџерот на сините Грем Потер. А подоцна од клубот соопштија дека големиот борац ќе мора на операција која ќе го оддалечи од терените околу четири месеци.
Нголо нема да жали многу затоа што во 2018-та освои светско злато со Французите и имаше голема улога на Мундијалот во Русија.
? Пол Погба (Франција, под знак прашалник)
Вториот играч од среден ред на Французите, Пол Погба кој исто одигра значајна улога заедно со Канте во големото финале на Светско првенство 2018-та во Русија, деновиве се враќа во тренажен процес. Тој имал операција на коленото, а тренерот Масимилијано Алегри неколку пати спомена дека со Погба нема да брзаат и дури спомена дека би можел во јануари да се врати во полн процес.
Но од Јувентус стигнаа информации дека тој е веќе подготвен.
? Лука Ернандез (Франција, под знак прашалник)
Универзалниот бек е повреден од средината на септември и мечот со Барселона. Тој неодамна се вратил на тренинзи но само без топка, а неговиот агент вели дек Лука ќе биде спремен за Светското. Но Јулијан Нагелсман не е баш толку оптимистичен и вели дека процесот бил сериозен и му треба уште една анализа.
Бубакар Камара (Франција)
Фудбалерот од среден ред кој може да покрива неколку позиции имаше одлична сезона во Марсеј со која доби повик за репрезентацијата на Франција во летниот преоден рок и премина во Премиер лига. Но таму доживеа поведа на коленото и можно е да се врати на крајот од ноември. Не е сигурно дали Дешам би го водел во таква состојба.
Рис Џејмс (Англија)
Бекот стана трет десен бек на Англија во три месеци кој е повреден. Во официјално соопштение од Челси рекоа дека Рис ќе паузира околу осум недели. Ова доаѓа по пофалбите од сите страни дека Џејмс е еден од најдобрите десни бекови во Европа во моментов. Ако толку отсуствува, можеби нема да игра на Светско за Англија.
? Кајл Вокер и Трент Александер-Арнолд (Англија, под знак прашалник)
Вокер и Трент се повредија уште пред Рис Џејмс па селекторот Гарет Саутгејт мора да бара решение. Арнолд се врати пред време и веќе одигра меч со висок интензитет со Сити а Кајл Вокер соопшти дека ќе се опорави уште некое време. Ако се спремни, и двајцата ќе патуваат во Катар.
? Келвин Филипс (Англија, под знак прашалник)
Уште еден англиски репрезентативец е неизвесен. Дефанзивниот играч за врска на Ман. Сити се оперирал после повредата на грбот но Пеп Гвардиола е оптимистичен и изјави пред мечот со Ливерпул дека Филипс е поблизу да се врати на терен отколку Вокер.
? Пауло Дибала (Аргентина, под знак прашалник)
Аргентинскиот универзален офанзивец блескаше во Рома со голови и асистенции до моментот на мечот со Лече кога при изведување пенал незгодно се лизна и се повреди. Жозе Мурињо отворено изјави дека Дибала сигурно ќе го пропушти Светското и нема да се врати пред Нова година но после деталните прегледи се испоставило дека не е толку црно и постојат шанси одличниот Дибала да го гледаме во тандем со Меси.
? Анхел Ди Марија (Аргентина, под знак прашалник)
Според прогнозите од Торино, Ди Марија би требал да се врати во полн тренажен процес пред Светското првенство. Тој повредил бутен мускул но во последно време откако дојде во Италија за пар месеци доживеа неколку отсуства поради повреди.
Роналд Араухо (Уругвај)
Стоперот на Барселона требаше да биде нов столб на одбраната на Ургувај но веќе подолго време отсуствува после операцијата. За Барселона до Светско сигурно нема да игра а и патот во Катар е малку веројатен.
? Раул Хименез (Мексико, под знак прашалник)
Главниот и најдобар мексикански шпиц-тешкаш, Раул Хименез по тешката и многу ризична повреда на главата, внимателно влегуваше во секој дуел и требаше да биде сигурен патник за Светското првенство 2022, но во текот на сезонава повредил бутен мускул кој го отфрли од теренот на неколку недели.
? Хесус Корона (Мексико, под знак прашалник)
Играчот од среден ред на Севиља имаше тешка повреда на главата но се опорави и го планираа за место во тимот на Мексико, но во меѓувреме во текот на сезоната доживеал нов пех, на бутен мускул и прашање на време е дали ќе се опорави до почетокот.
Џорџињо Џини Вејналдум (Холандија)
Заменик капитенот на „лалињата“ сигурно ќе го пропушти Мундијалот а тоа се знаеше уште од изминатово лето. Џорџињо доживеа незгодна повреда на еден од тренинзите на Рома и би требало да се врати на терен во јануари.
Брно Мартинс Инди (Холандија)
Селекторот Луи ван гал го врати бекот во репрезентација но тој нема да оди во Катар. Во септември Бруно Мартинс Инди се повредил на мечот на АЗ Алкмар со Ајакс а како и во 2014-та можеше да биде сигурен стартер кај Ван Гал.
? Марко Ројс (Германија)
Како што се ближи турнирот во Катар, сигурно е дека Ројс нема да биде во можност да и помогне на својата Германија. Во средината на септември капитенот на Борусија Дортмунд имал незгода со коленото, се врати во меѓувреме и одигра едно полувреме против Унион Берлин во Бундеслига но и натаму е ровит.
? Лерој Сане (Германија, под знак прашалник)
Само што влезе во одлична форма, сјајниот крилен напаѓач на Баерн Минхен го повредил левиот бутен мускул во триумфот на Баварците со Фрајбург и за сега нема никакви долгорочни прогнози колку ќе биде отсутен но навивачите на Германија се надеваат дека ќе дојде.
? Марсело Брозовиќ (Хрватска, под знак прашалник)
Брозо е главен играч во средината на Интер и важен штраф во репрезентацијата на Хрватска. Се повредил во септемврискиот меч од Лига на Нации па веќе пропушти три кола во Серија А. Според прогнозите се враќа некаде на почеток на ноември.
Диого Жота (Португалија)
Ливерпул го совлада Ман. Сити но покрај триумфот дознаа и лоши вести. Диого Жота кој во 94’ минута од големото дерби се повреди и излезе од игра, ќе отсуствува подолго од работа. Португалскиот крилен напаѓач ќе го нема неколку месеци, а не недели.