Фудбал

Аргентина ѝ одржа лекција на Италија за пехарот во Финалисима

Првакот на Копа Америка, Аргентина и шампионот на Европа Италија го одиграа натпреварот Финалисима, меч за трофеј организиран со меморандум од УЕФА и КОНМЕБОЛ. Гаучосите предводени од триото Меси-Ди Марија-Лаутаро ја растурија Италија од која се прости Кјелини.

Украина ја совлада Шкотска на гости и е на чекор од пласман на Светско

Фудбалската репрезентација на Украина долго го чекаше мечот против Шкотска. Поради воениот конфликт меѓу Украина и Русија, УЕФА го одложи бараж мечот со Шкотланѓаните а Украинците еден месец се спремаа во Словенија. И се испостави дека врвно се спремиле за мега дуелот на преполн Хемпден Парк.

Даре Чурлинов има нешто да каже за втора лига во Германија

Македонскиот репрезентативец имаше солидна улога во огромниот успех на Шалке кој се врати во првата германска Бундеслига. Тимот од Гелзенкирхен помина тежок период во втора лига и на крај успеа во намерата да се врати. А Даре има играно и во Бундеслига и во Цвајта па ја знае разликата. А богами знае и разговетно да ни ја објасни.

За што играат Италија и Аргентина вечерва на Вембли?

Идејата да се одигра своевиден Супер Куп меѓу континенталните шампиони не е нова. Италија и Аргентина вечерва ќе се сретнат во натпревар предвиден за првакот на Европа и освојувачот на златото во Јужна Америка. Овој меч имаше свои претходници.

Винисиус копи тренинг, пејст финале

Бразилецот заслужено е прогласен за најдобриот млад играч на сезоната во Лига на шампиони. Со Карим Бензема растурија на неколку фронта во сезонава 2022/2023. На Реал во тандем му донесоа шампионска титула во Ла Лига и во Лига на шампиони. Интересен факт: Винисиус дал ист гол дента пред финалето.

Денс на колото, Клоп со брат му на Луис Диаз

Јирген веднаш после поразот на Ливерпул во големото финале на Лига на шампиони од Реал Мадрид, им порача на играчите и навивачите да кренат глава и да се спремаат за следното финале во Истанбул догодина. Клоп бил главен инцијатор на огромната прослава во градот каде стотици илјади навивачи ги поздравија играчите и им честитаа за освоените Лига и ФА Куп сезонава.

Барселона нуди фудбал на Камп Ноу 60 минути за 300 евра

Клубот кој е во долгови до гуша е решен да го искористи сиот свој капацитет со цел да ги враќа истите. Летово Барселона би требало да ја напуштат десетина фудбалери на кои управата сака да заработи.

Новиот сопственик на Милан славел со навивачите на плоштад, никој не го познал

Педесет и три годишнот Гери Кардинале, човек со очигледни италијански корени, бил присутен на главниот милански плоштад Пјаца Дуомо за време на големата прослава на скудетото кое навивачите го чекаа цели 11 години. Кој е новиот газда на Милан и какви идеи има?

Бразилски ој му не знае

Во 8. коло од бразилската Суперлига се одигра големото дерби меѓу Сантос и Палмеирас. Гостите победија 0-1 со гол на Густаво Гомез во 80’ минута а Твитер со саати се смее за еден потег кој го направија домашни играчи.

Навивачки земјотрес предизвикан од страшен гол во финале на африканска Лига на шампиони

Казабланка слави нова шампионска титула на африканскиот континент за Видад, клуб од Мароко кој е нов шампион на Африка откако синоќа во големото финале го совлада Ал Ахли од Каиро со 2:0.

Ги видовме најдобрите голови, ама кои се најсмешни на сезона 2022/2023?

Има такви епизоди во фудбалот кога сите присутни на стадионот и сите крај тв екрани се држат за глава во неверица и се прашуваат „што направи бе мајсторе“? Еве неколку такви епизоди од штотуку завршената сезона 2022/2023.

Како изгледало финале на Куп на шампиони во 1957-ма?

На денешен ден пред точно 65 години Реал Мадрид го освојува пехарот во Куп на европски шампиони (КЕШ) денес познат како Лига на шампиони. „Кралскиот клуб“ во големото финале ја совладал Фиорентина со 2-0 на домашен терен на „Сантијаго Бернабеу“. Реал ја одбранил титулата освоена претходната година и станал прв клуб кој освоил на свој стадион.

Берлускони дремна на трибини додека Монца бркаше пласман во Серија А

Стариот лаф, веќе изморен од стотици решавачки натпревари како претседател на Милан, сега ужива во малото симпатично клубче Монца кое за првпат во 110-годишна историја успее да влезе во Серија А и тоа најмногу благодарение на Силвио Берлускони и Адриано Галијани кои го водат клубот.

Застрашувачки гол на Евро У-17

Во полуфиналето на Европско првенство У-17 Холандија и Србија одиграа 2-2 па на пенали поуспешни беа Холанѓаните и во финале ќе играат против Франција У-17 која исто ремизираше 2-2 против Португалија У-17 па во пенал серија се снајде подобро. На овој меч 17-годишниот Дарио Есуго од средниот ред на Спортинг Лисабон постигна страшен гол за 1:2.

Пеколни сцени за фудбалски судија во Босна

Трешњевка и Младост Горни Живници во Тузлански кантон во Босна и Херцеговина играле за опстанок во лигата па тензијата била голема. Гостите во еден момент водат 0:2 па домаќините идиотски бесот го искалуваат врз судиите. Главниот судија бега да спаси жива глава а во исто време присутната полиција си набљудува нормално без да мрдне со прст.

Давиде Анчелоти - јунакот на Реал Мадрид од сенка, води тренинзи, знае 5 јазици и учи од татко му

Карло и Давиде Анчелоти ги рушат стереотипите дека татко и син не можат заедно да работат зошто секогаш ќе имаат различни ставови и погледи на светот околу себе како постар и помлад.

Монца на Берлускони влегува во Серија А првпат во 110 години историја!

Монца е град во сама близина на Милано, со околу 122.800 жители. Некогашниот италијански премиер Силвио Берлускони и неговата доживотна десна рака, Адријано Галијани пред неколку години го презедоа фудбалскиот клуб од овој град. После пар сезони успеаа да го внесат малиот клуб во елитната Серија А и тоа после голема драма.

Цел плоштад во Мадрид му прати порака на Мбапе на прославата на титула

Реал Мадрид доминантно владее со Европа. По титулата во шпанска Примера каде направија дар-мар, „кралевите“ го кренаа и највредниот трофеј на континентот. Во финале на ЛШ во Париз со 1-0 го совладаа Ливерпул и стигнаа до 14. евро титула. Тоа беше причина за големо традиционално славје на централниот градски плоштад Сибелес во Мадрид.

Легендарниот Нотингем Форест се врати во Премиер лига после 23 години

Англиската Премиер лига го дозна и третиот нов член кој доаѓа од Чемпионшип. После Фулам и Борнмут, сега и Нотингем Форест се пласираше во елитата откако во финалето на плејофот го совлада Хадерсфилд 1:0 со автогол на стоперот Леви Колуила.

Колекција од неверојатните одбрани на Куртоа

Белгискиот репрезентативен голман Тибо Куртоа беше прогласен за играч на мечот на финалето Реал Мадрид - Ливерпул. „Кралскиот тим“ поголем дел од натпреварот беше на своја половина, во подредена положба се бранеше одлично, а Тибо беше јунак со неколку феноменални одбрани.

Како изгледаше големото славје на шампионот Реал Мадрид

Реал Мадрид во Париз го совлада Ливерпул со 1:0 и ја освои 14. титула во Лига на шампиони, петта за повеќето фудбалери од актуелниот состав.

Кралот одново на тронот, Реал Мадрид е шампион на Европа!

Фудбалерите на Реал Мадрид ја освоија 14. титула, петта во последните осум години во Лига на шампиони откако вечерва во Париз на „Стад де Франс“ го победија Ливерпул со 1:0.

Елмас одмора од наполитанскиот џагор во селска идила

По напорната сезона со 46 настапи за Наполи на три фронта, Елиф се релаксира и ги полни батериите пред репрезентативните настапи на чист планински воздух. Се прошета низ зеленилото, ја посети чешмата, израдува еден куп деца, а потоа си седна излетнички на мезе.

Какво било првото европско финале меѓу Ливерпул и Реал одиграно во Париз?

Во Париз во сабота вечер од 21 се игра најголемиот натпревар во европскиот клупски фудбал - финале на Лига на шампиони. Ќе се судрат титаните Реал Мадрид и Ливерпул кои на фантастичен начин ги урнаа сите препреки во нокаут фазата.